fbpx
Таг: НВО

таг: НВО

Кина усвојува контроверзен закон за странските НВО

Кина денеска донесе контроверзен закон со кој се заострува контролата на дејствувањето на странските невладини организации. Законот го изгласа Националниот народен конгрес, без разлика на тоа што странските влади и меѓународните организации изразија загриженост кога беше најавена зајакнатата контрола. Содржината на законот сè уште не е достапна за јавноста. Кинеските медиуми претходно пренесоа дека власта ќе ги контролира активностите на сите...

Организацијата „Отворено општество“ е непожелна во Русија

Руското обвинителство денеска утврди дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос и Фондацијата „ОСИ асистенс“ не се пожелни во Русија, затоа што, ако што наведуваат од обвинителствто, тие претставуваат закана за уставниот поредок на Русија. Портпаролката на обвинителството, Марина Гридњева, изјави дека одлуката е донесена врз основа на барањето на Советот на федерацијата (горен дом на парламентот) од јули годинава,...

НВО: Најавите на Груевски за попис на населението се несериозни

Повеќе од 40 невладини организации и иницијативи, денеска преку писмено соопштение реагираат на најавите на премиерот Никола Груевски за спроведување електронски попис на населението. Невладините, најавата на премиерот ја оценуваат како „несериозна“ и како „уште една манипулација и намерно дефокусирање на граѓаните“. „Како граѓански организации и активисти што се залагаат и лобираат за спроведување регуларен попис, сметаме дека оваа најава на Груевски...

„Цивил“: Култот кон оружјето сè поголем, институциите затајуваат

„Институциите на државата веќе одамна не обрнуваат никакво внимание на темите, проблемите и на потребите поврзани со контролата на оружје, борбата против нелегалното оружје стивна, а козметичките зафати што ги прават во оваа насока не даваат никакви резултати“, велат од невладината организација „Цивил“ - Центар за слобода, а по повод трагедијата во Гостивар, во која животот го загуби 10-годишно дете, кое...

СДСМ и НВО: Никола Груевски го прекрши договорот од 2 јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и од носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, попладнево се сретнаа со претставници  на невладините организации, граѓанските организации и на граѓанскиот сектор во коалицијата Граѓаните за Македонија. Како што пишува во соопштението на СДСМ, невладините организации ѝ дале целосна поддршка на опозицијата. „Едногласно е констатирано дека договорот...

Чавков во Куманово: За МВР грижата за граѓанинот е на прво место

Стапката на кривични дела што се гонат по службена должност, минатиот месец во Куманово била намалена за 36,3 отсто, во споредба со истиот период лани, соопшти министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната средба со претставниците на месната заедница Тоде Мендол и со невладиниот сектор. Според Чавков, кого на средбата го придружуваше и новиот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ),...

Чавков и Савовоски денеска во посета на месната заедница Тоде Мендол во Куманово

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанчо Савовски, денеска во 13.30 часот, во просториите на невладината организација „Мултикулти“, во Куманово, ќе имаат работна средба со претставниците од месната заедница Тоде Мендол, и со претставници на невладиниот сектор. Како што информираат од МВР, целта на посетата е да се направи „согледување на моменталната...

Нова „бомба“ пред Влада

„Бомбата“ број 37, денеска ќе „пука“ пред Владата. Според неофицијални информации, „бомбата“ ќе биде за невладините организации. Најверојатно прес-конференцијата ќе се одржи во 14 часот. Новата „бомба“ ја најави портпаролот на партијата Петре Шилегов, на својот профил на социјалната мрежа „Фејбук“.

ИДСЦС бара граѓански организации да учествуваат на лидерските средби

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ - Скопје (ИДСЦС) повика на следните лидерски средби организирани за преговори за излез од политичката криза, покрај претставниците на меѓународната заедница, како набљудувачи да бидат вклучени граѓански организации и движења. „Улогата на граѓаните е важна во осигурување дека потребните реформи за демократизација на општеството ќе бидат одржливи и долготрајни. Сметаме дека граѓаните се засегната страна...

НВО: Говор на омраза наместо слобода на изразување

Наместо слобода на изразување, во Македонија постои говор на омраза, велат од невладините организации, кои денеска во Тетово учествуваа на дебатата под наслов „Слободата на говорот“. Навредите и клеветите што ги трпат различни категории на граѓани, ретко доаѓаат до судска разврска, истакна граѓанскиот активист Беким Асани. - Тој говор на омраза е широко распространет во Тетово. Со оглед на шареноликоста на населението...

Македонците во Албанија и „Мајкрософт“ ја користат секоја можност за едукација

Македонците во Албанија ја користат секоја форма и можност за едукација, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана. Локалната канцеларија на „Мајкрософт“ за Албанија, во соработка со ИПСЕД, денеска во Бизнис-центарот „АБА“ во Тирана, организираше семинар посветен на невладиниот сектор. На семинарот се обратија Ерион Велиај, министер за социјална сигурност и млади на Албанија, и Агим Бекај,...

Граѓанските здруженија губат пари поради неажурност на државата

За два нереализирани повици за користење пари од европските фондови, Македонија загуби повеќе од 1,7 милиони евра кои биле наменети за изградба и за одржливост на граѓанското општество. Денеска на прес-конференција за ова реагираа граѓанските организации. Велат дека се загрижени и разочарани од поништувањето на два повици од ИПА-програмата за претпристапна помош на Европска Унија. -  Загриженоста е уште поголема затоа што причина за поништувањето, според објавените...

Градот Скопје го продолжи јавниот повик за финансирање здруженија и фондации

Градот Скопје донесе одлука јавниот повик за финансирање програмски активности на здруженија и на фондации, да го продолжи до 27 февруари 2015 година. Дополнително, сите здруженија на граѓани и фондации кои имат прашања во врска со објавениот јавен повик, ќе можат да остварат средба со претставниците на градската администрација во просториите на НВ Инфоцентар во Младинскиот културен центар во петок, 6 февруари, и во...

Анализа на НВО Инфоцентар: МРТ – пропагандна машинерија на власта

НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите, а во соработка со Центарот за развој на медиуми, подготви анализа за информирањето на јавниот радиодифузен сервис за случајот Кежаровски, за штрајкот на СОНК и за кривичната пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Во периодот од 15 до 21 јануари 2015 година, беа мониторирани случајот Кежаровски и...

Светските граѓански здруженија покренаа „Интернет социјален форум“

Дваесет и четири меѓународни граѓански организации во  Женева формираа „Интернет социјален форум“ (Internet Social Forum), кој има цел да треба да биде алтернатива на „Светската мрежна иницијатива“ (Net Mundial Initiative), формирана на минатогодишниот Светски економски форум, кој во август се одржа во Бразил. Иницијаторите бараат итно да се обрне внимание на сè поголемата централизација и социо-политичка контрола на интернетот, истакнувајќи дека...

Коце Трајановски се сретна со претставници на здруженијата на граѓани

Градоначалникот Коце Трајановски, денеска се сретна со претставници од дел од здруженијата на граѓани и од фондации од Скопје. На оваа средба здруженијата на граѓани беа запознаени со плановите за дејствување на Градот Скопје во областа на поддршка на овие здруженија и фондации. - Град Скопје, преку Секторот за меѓународна соработка и Одделението за соработка со здруженија на граѓани и фондации,...

Граѓанскиот сектор бара поголема транспарентност во јавните набавки

Општина Штип не успеала да реализира ниту половина од планираните јавни набавки, а најниската цена како главен критериум за доделување договори, се јавува како проблем што ја усложнува реализацијата на набавката, се дел од забелешките од набљудувањето на јавни набавки што го спроведе невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип. Според резултатите од надгледувањето, фирмите кои учествувале на...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...