недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Њујорк | 78 резултати

Граѓаните на Њујорк бараат уставно право на чист воздух и вода

декември 30, 2016

Здруженијата за заштита на животната средина од сојузната американска држава Њујорк бараат со амандман на уставот да се гарантира правото на чист воздух и вода. Организациите „Заговорници за животна средина Њујорк“ и „Ефикасен Њујорк“ за предложениот амандман се заложуваат преку интернет-видеоогласи, објавени денеска, на кои се претставени децата од местата Хусик Фолс, каде што има […]

Пожар на Менхетн, еден загинат и 12 повредени

октомври 27, 2016

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во пожар кој ноќеска зафати петкатница на Менхетан, Њујорк, соопштија спасувачките екипи. Пожарот е пријавен околу 3.30 часот по локално време, односно 9.30 часот по средноевропско време, во повеќекатница на улица Ист 93, во населбата Јорквил. Огнот набргу се проширил на целата зграда, а во еден момент […]

Иванов во краток неформален разговор со Барак Обама

септември 22, 2016

Во Њујорк, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот што за учесниците на 71. Генерално собрание на ОН го приреди американскиот претседател, Барак Обама. Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател, како што соопшти кабинетот на Иванов, била потврдена поддршката на САД за реализирање на македонските стратешки цели, членството во НАТО […]

Попоски: Државите од Балканот мора да бидат третирани како рамноправни партнери

септември 22, 2016

Министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, во рамки 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, се состанале со еврокомесарот Јоханес Хан и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. На состанокот, кој е дел од Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска, било разговарано за поблиска регионална соработка и за […]

Средба Иванов – Туск: Македонија ќе го продолжи реформскиот процес

септември 20, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во Њујорк се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Иванов и Туск разговараа за состојбата со евроинтеграцијата на Република Македонија, како и за предизвиците што произлегуваат од мигрантската и бегалска криза, особено безбедносниот аспект. „Македонскиот претседател нагласи дека Република Македонија ќе го продолжи реформскиот процес, за достигнување на […]

Уапсен осомничениот за нападите во САД

септември 19, 2016

Уапсен е осомничениот за нападот во саботата во Менхетен и за денешната експлозија во Њу Џерси. Станува збор за Ахмад Хан Рахсми, 28-годишен Авганистанец, кој добил американско државјанство. Уапсен е во градот Линден, на 15 километри од Елизабет во Њу Џерси, по престрелка со полицијата.

Иванов до ЕУ: На Македонија ѝ е потребна помош за да ви помогне вам

септември 19, 2016

За справување со мигрантската криза и за намалување на безбедносните ризици, потребен ни е заеднички пристап преку јасно разграничување меѓу правниот и хуманитарниот, политичкиот, економскиот, социјалниот и безбедносниот аспект на кризата, истакна претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на […]

Идентификуван осомничениот за експлозијата во Њујорк

септември 19, 2016

Њујоршката полиција верува дека 28-годишниот Ахмад Кан Рахами е одговорен за експлозијата на импровизирана бомба на Менхетен. Ова го соопшти претставникот на полицијата, Питер Доналд. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, истакна дека осомничениот е идентификуван и дека се работи за натурализиран Американец кој пораснал во Њу Џерси. Тој додаде дека осомничениот е вооружен и опасен. Њујоршката […]

Двајца грчки новинари уапсени во САД за следење на грчки министер

септември 19, 2016

Полицијата во Њујорк уапси двајца грчки новинари кои маскирани го следеле грчкиот министер Никос Папас во Њујорк. Револтирани дека грчката делегација не организирала никаков брифинг за активностите на министерот, кој пристигнал два дена пред премиерот Алексис Ципрас како негова придружба за Генералното собрание на Обединетите Нации, дописниците на телевизиите „Алфа“ и „Стар“ се одлучиле маскирани […]

Во Њујорк убиени имам и неговиот помошник

август 14, 2016

Непознат напаѓач уби со огнено оружје еден њујоршки имам и неговиот помошник во близина на нивната џамија во Квинс. Њујоршката полиција соопшти дека имамот Маулама Аконџи (55) и неговиот помошник 64-годишниот Тара Јудин се убиени вчера среде бел ден, околу 14 часот по локално време во делот на Квинс, кој се нарекува Озон Парк. Во […]

Срѓан Керим не учествуваше на ТВ-дебатата за генерален секретар на ОН

јули 13, 2016

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, како и кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, не учествуваа на историската дебата во живо во ОН, на која десетте од 12 кандидати ги презентираа своите кандидатури и одговараа на прашања од земјите членки на ОН за клучните глобални прашања. Дебатата, која синоќа ја пренесуваше […]

Клинтон и Трамп со убедлива победа на предизборите во Њујорк

април 20, 2016

Хилари Клинтон добила доверба од 60 отсто од демократите, додека њујоршкиот милијардер оствари голема победа во својата матична држава, со што доби силен ветер во едрата, освојувајќи 1.237 гласови од партискиот електорат, кои му се потребни за номинација. Клинтон веќе еднаш ја претставуваше оваа држава како сенаторка во американскиот Конгрес. Таа со победата си ги […]

Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк

април 7, 2016

На митингот на претендентот за републиканска кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, забележани се неколку инциденти, а неговите приврзаници и противници се степале, соопшти полицијата. Полицискиот комесар на округот Насау, Томас Крамптер, рече дека на собирот се уапсени две лица што се степале. Исто така, шест лица се хоспитализирани, а седум добиле помош […]

Јавниот долг на Македонија ќе може да се следи во реално време

март 15, 2016

Јавниот долг на Македонија отсега може да се следи во реално време преку бројчаник што е поставен на страницата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Според последните информации, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и долгот на секој граѓанин е 2.088 евра. Она што може да се забележи е дека тој долг […]

Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

февруари 24, 2016

Њујорк повеќе не е претстолнина на милијардерите, бидејќи таа „титула“ ја презеде Пекинг. Во главниот град на Кина сега живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери покажуваат податоците на компанијата „Хурун“ од Шангај, која ја објавува годишната листа. Пекинг минатата година доби нови 32 милијардери, а Њујорк само четворица. Москва е на трето место на […]

Де Блазио: Нема закана за безбедноста на Њујорк

ноември 19, 2015

Нема закани за безбедноста на Њујорк, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, по предупредувањето на Исламска држава дека најнаселениот град во САД е потенцијална мета на напади слични на тие во Париз. – Нема конкретна закана за Њујорк – изјави Де Блазио, повикувајќи ги жителите на градот да не се тревожат и да продолжат со нормалниот живот. […]

Груевски имаше обраќање на Самитот за одржлив развој на Обединетите нации

септември 28, 2015

Премиерот Никола Груевски, вчера, во Њујорк, САД, се обрати на Самитот за одржлив развој на Обединетите нации. Во своето обраќање, тој ја поздрави и ја поддржа универзалната агенда за намалување на сиромаштијата и за подобрување на благосостојбата на граѓаните, преточена во документот Трансформирање на нашиот свет: Агенда за одржлив развој 2030. Посочи дека целите за […]

Одбележување на 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон

септември 11, 2015

САД денеска ја одбележуваат 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, извршени на 11 септември 2001 година. Во нападите со киднапираните авиони загинаа 3.000 лица. Во Пенсилванија денеска, по тој повод, е отворен меморијален центар посветен на жртвите од патничкиот авион „Јунајтед ерлајнс“, на летот 93, еден од четирите киднапирани авиони. Авионот не […]

Зоран Ставрески во Њујорк: Работно или на одмор?

август 1, 2015

Министерот за финансии, Зоран Ставрески е во Њујорк, дознава новинската агенција „Мета“. Репортерот на „Мета“ го фотографираше министерот Ставрески вчера, во близина на Музејот на модерна уметност (МОМА), во Њујорк. Од Владата и од Министерството за финансии денеска не добивме одговор дали министерот Ставрески е на годишен одмор или, пак, е во работна посета на […]

Хуманитарен концерт во Њујорк за поплавените во Македонија

март 4, 2015

Во просториите на Галерија МЦ во Њујорк се одржа хуманитарна вечер за собирање финансиски средства за помош на подрачјата во Македонија што беа погодени од поплави. Настапиле дваесетина уметници од Балканот и десетина странски изведувачи од Соединетите Американски Држави, Малезија, Шпанија и од Индија. Учествувале пијанистите Дуке Бојаџиев, Ивана Ковач и Милош Раичковиќ, тапанарот Марко Ѓорѓевиќ, […]

Страна 3 од 4