fbpx
Таг: нож

таг: нож

Малолетник со нож изнудил пари од свој другар

Вчера, околу 14.30 часот, во Тетово, во дворот од средното текстилно училиште „Гоце Сточјевски“, 16-годишен малолетник со закана со нож му побарал 500 денари на свој соученик, исто така на возраст од 16 години, по што неговиот другар му дал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прободено момче пред споменикот на Филип Втори во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 3 часот по полноќ, додека М.Ј. (1993), кој со две лица се движел кон Стоковна куќа „Мост“, бил нападнат од четири-пет лица и со остар предмет, најверојатно нож, бил прободен двапати во пределот на градниот кош. Итна медицинска помош го пренела во Градската општа болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на...

Убиство во Тетово

Педесет и петгодишен жител на Тетово го убил својот две години помлад брат, така што го нападнал со нож и му нанел неколку смртоносни повреди. На физичкиот напад и на убиството им претходела вербална расправија меѓу браќата. Телото на 53-годишниот маж во Клиничката болница во Тетово било донесено околу 13 часот. Лекарите ја констатирале смртта со неколку убодни рани во градниот кош. Напаѓачот...

Двајца убиени и еден ранет во продавница на „Икеа“ во Шведска

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож што денеска се случил во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерас, јавуваат медиумите. Од полицијата соопштиле дека во инцидентот се убиени еден маж и една жена. Според информациите, полицијата привела едно лице, осомничено за нападот. Повеќе детали за осомничениот засега не се соопштуваат. „Најдовме маж и жена...

Едно лице повредено со нож, на излезот од Охрид кон Струга

Вчера, околу 4 часот, во Охрид на булеварот Туристичка, во правец кон Струга, В.М. (1992) од тетовското село Порој, кој бил заедно со Е.К. (1993) и со М.К.(1994) од село Радолишта, Струга, и се превезувале со возило„бе-ем-ве“, биле пресретнати од возило „пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале. По настанот, нападнатите продолжиле...

Разбојници украле пари и цигари од продавница во Скопје

Синоќа, околу 22.30 часот, две непознати лица извршиле разбојништво во продавницата „Агровита-мак“ на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од која однеле плен во вредност од околу 10.000 денари. Како што информираат од полицијата, разбојниците со нож ѝ се заканиле на вработената и одзеле 2.300 денари и стотина кутии цигари. Полицијата засега нема осомничени лица и работи на расветлување на случајот.

Петмина тетовци осомничени за насилство, двајца од нив завршиле во болница

Тетовската полиција поднела пријава против пет лица, од кои четворица се товарат за насилство и едно за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Според полицијата, кон крајот на мај годинава, при меѓусебна тепачка, петтосомничениот со нож им нанал убодни рани на двајца од другите пријавени, кои поради сериозноста на повредите биле примени во Клиничката болница во Тетово, каде...

Кривична против кумановец поради обид за убиство

Четириесетгодишен кумановец е осомничен дека кон крајот на мај, со нож нападнал и избодел 10 години помлад сограѓанин, по расправија во кафуле во градот. Кумановската полиција, против И.Ш. (40) поднела пријава со која тој се товари за обид за убиство. Инцидентот се случил на 28 мај оваа година, пред „Ретро кафе“, каде осомничениот, по претходна расправија, со нож го нападнал А.М....

Сириец избоден со нож во расправија меѓу мигранти

Дваесет и четиригодишен Сириец бил избоден со нож во расправија меѓу мигранти, што утрово се случила во атарот на кумановското село Табановце, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 1 часот, кога на И.К. со нож му биле нанесени убодни рани во ногата. Тој бил пренесен во кумановската болница за укажување лекарска помош. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Убиство во центарот на Кичево: Го избодел брата си до смрт

Попладнево, околу 16.30 часот, во центарот на Кичево, напаѓач со нож го избодел сопствениот брат, кој по кратко време им подлегнал на повредите. Според очевидци, напаѓачот го прободел братот повеќе од десет пати, по што се обидел да побегне. Сепак, со брза интервенција на полицијата, напаѓачот е фатен, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Надлежните вршат увид на местото на настанот, по...

Жител на Крушопек ранет со нож во тепачка во Скопје

Вчеравечер, околу во 18.40 часот, во Центарот за известување и командување Скопје (ЦИК) од итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Лондонска, пред трговскиот центар „Олимпико“, имало лице кое лежело на земја со убодна рана, информираат од полицијата. По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за К.А. (37) од скопското село Крушопек, кој бил прободен со нож во...

Го прободел братот со нож во глава

По меѓусебна расправија помеѓу двајца браќа од село Градашорци струмичко, Т.Д. (1993) со нож го повредил Б.Д. (1991) во пределот на десната страна од главата. „Од екипа на итната медицинска помош, Б.Д. бил пренесен во струмичката болница, од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Т.Д. е приведен. Се работи за лице со психичко растројство, кое се лекувало...

Жител на Велешта со нож избодел соселанец

Струшката полиција поднела кривична пријава против 27-годишниот Л.Н. од селото Велешта, кој се товари дека пред десетина дена со нож нападнал соселанец, соопшти полицијата. Повредениот А.И. (21) со убодни рани во левата и во десната натколеница, по инцидентот бил пренесен во струшката општа болница, додека осомничениот Л.Н. бил приведен и против него е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда. Според...

Крвава пресметка во Велес

Триесет и три годишниот Е.М. вчера во Велес, движејќи се со своето возило, бил пресретнат од Н.Н. (33) и почнале вербална расправија, која ескалирала во физичка пресметка. Лицето Е.М. од возилото зело нож и му нанело тешка телесна повреда во пределот на слабината на Н.Н. Повредениот е пренесен во клиничката болница во Велес, а Е.М. е приведен и по целосното...

Напад со нож во кафуле во кичевско

Четириесет и двегодишниот С.И. ноќеска, 20 минути по полноќ, во угостителски објект „Спорт кафе“ во кичевското село Гарани, физички го нападнал Џ.Е. (32) и со употреба на нож му нанел телесна повреда во пределот на раката и на грбот. Џ.Е. е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево за укажување лекарска помош, додека С.И. е приведен и по целосното расчистување ќе...

Момче избодено со нож во „Мавровка“

Дваесет и тригодишниот Ј.З., вработен во клубот за игри на среќа „Адмирал“ на булеварот Крсте Мисироков во ТЦ „Мавровка“, синоќа околу 20 часот бил физички нападнат од неколку лица, информираат од МВР. Во нападот тој добил повреди во пределот на гробот од остар предмет, најверојатно нож. Пренесен е во градската болница „Св.Наум Охридски“, каде се констатирани телесните повреди.

Жител на Боговиње ја избол стрина си со нож

Дваесет и едногодишен жител на тетовското село Боговиње, вчеравечер ја избол со нож сопругата на неговиот чичко, соопшти полицијата. Жената, А.И. (47), била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале телесни повреди. Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил околу 20.15 часот, кога Н.И. (21), во домот на неговиот чичко З.И. (52) со нож ја пробол својата стрина. Тој...

Кина: Девет лица избодени на железничка станица

Најмалку девет лица се повредени на железничка станица во кинескиот град Гуангжу, откако двајца напаѓачи ги нападнале со нож. Како што јавуваат кинеските медиуми, полицијата застрелала и убила еден од осомничените, додека другиот е уапсен. Засега не се знаат мотивите за нападот.

Жител на Желино го избол брата си со нож

Триесет и двегодишен жител на тетовското село Желино, вчераутро со нож го избодел својот три години повозрасен брат, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 8.30 часот во нивниот дом во селото, а по нападот осомничениот побегнал. Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била констатирана убодна рана во левиот лакт. Лекарите веднаш ја санирале повредата и го пуштиле...

Разбојници со нож раниле 18-годишно момче

Ноќеска околу 1.30 часот по полноќ од скопската градска хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ во полиција било пријавено дека кај нив е донесено 18-годишно момче со повреда од нож во ногата и скршеницата на долната вилица, информираат од полицијата. Во разговор со полициските службеници, повредениот О.И. рекол дека бил физички нападнат од неколку непознати лица на булеварот Кочо Рацин, кои...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...