Регистрирани 175 новозаболени од ковид-19, бројот на активни случаи е 1.687
јуни 11, 2020
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Во главниот град е евидентиран 131 новозаразен пациент, во Куманово 24, во Штип, Струга, Гостивар, Прилеп и во Свети Николе по двајца, во Тетово петмина, во Велес четворица и во Охрид еден новозаразен пациент. […]