недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: новинари | 501 резултати

ССНМ бара да нема прес-конференции на отворено додека трае топлотниот бран

јули 13, 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска апелираше до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. Синдикатот потсети дека во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, […]

ССНМ: Медиумите да преземат превентивни мерки за заштита при работа на медиумските работници на високи температури

јули 10, 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено. „Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои […]

ССНМ ги осуди заканите кон новинарот Видиновски и бара негова заштита

јули 2, 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува директните закани кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски и бара од надлежните да постапуваат по очигледната закана по неговата безбедност. Под објавата на својот Фејсбук профил на неговата репортажа од Пустец, Албанија, Видановски доби сериозни и застрашувачки закани од лицето Виктор Стојанов, кој што […]

Измамничка објава на Фејсбук за наводна трговија со криптовалути ги злоупотребува имињата на познати македонски новинари

јули 2, 2024

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била […]

Гоше Николов од Мета.мк е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“

јуни 18, 2024

Новинарот на Мета.мк Гоше Николов е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година, што ја доделува Македонска платформа против сиромаштија (МППС). Тој наградата ја доби за написот и за видеото од серијата ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА, на темата: Најчестите митови и дезинформации за лицата со попреченост. Наградите беа доделени вечерва во […]

ЗНМ и ССНМ: Онлајн малтретирањето и заканите кон Лепа Џундева и други новинарки се неприфатливи

јуни 6, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија загриженост за говорот на омраза кон новинарите на социјалните мрежи во земјава. Од таму велат дека упатиле заедничко писмо до странските амбасади и организации со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. „Овој вознемирувачки тренд […]

Српска судијка го тужеше КРИК, бара затворски казни и забрана за работа на новинарите

мај 31, 2024

Судијка од Апелацискиот суд во Белград поднела тужби против српската новинарска организација за истражување на криминал и корупција КРИК поради базата на податоци „Процени кој суди“ (Prosudi ko sudi) во чии рамки новинарите ја истражувале работата на судството, вкличително и нејзината работа. Во двете тужби што судијката Душанка Ѓорѓевиќ ги поднела со нејзиниот сопруг, адвокатот […]

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

мај 17, 2024

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција во Словачка, по пукањето во Фицо во средата, за инцидентот ги обвинија независните медиуми и опозицијата, пренесува „Гардијан“. „Ова е ваша вина“, им рече на опозициските […]

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

април 28, 2024

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј Карелин ги негираа обвиненијата, поради што ќе останат во притвор најмалку два месеца пред да започнат судските процеси. Секој од нив се соочува со казна […]

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

април 24, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник на избирачкото место број 2762 во скопската општина Кисела Вода каде Јордановска беше спречена во извршување на својата професионална […]

Зголемен бројот на приватни тужби против новинарите – нова закана по истражувачкото новинарство

април 17, 2024

Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие […]

ВМРО-ДПМНЕ жали за навредите кон екипата на ТВ24, можно е да станува збор за уфрлени провокатори

април 5, 2024

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на ТВ 24 беше нападната од едно лице за време на вчерашниот партиски митинг пред Владата. Од партијата тврдат дека посочениот инцидент не бил забележан ниту создаден од лицата кои биле организатори на митингот. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или […]

Новинарска екипа на ТВ24 нападната на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

април 5, 2024

Новинарска екипа на Телевизија 24 вчеравечер била нападната од едно лице за време на партискиот митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди агресивниот однос и вербалните закани од непознато лице кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од телевизијата. Според изјавата на новинарската екипа, за време на […]

Во изборни години бројот на напади и закани врз новинарите се зголемува за четири пати

март 26, 2024

Во пресрет на парламентарните и претседателските избори, за кога се очекувани голем број на митинзи, јавни дебати, можностите новинарите да бидат изложени на зголемен ризик на работното место се реални. Секогаш кога има избори, таа година бројот на напади над новинарите се зголемува за четири пати. Ова беше истакнато на денешниот настан што го одржа […]

Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27 април, Уставен придонесе за развој на демократијата

март 15, 2024

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, Килијан Вал, го поддржа барањето на Уставниот суд да добие нов механизам за заштита на правдата – уставната тужба, а како европски стандард за заштита на слободата на говорот ја посочи одлуката за новинарите околу 27 април. Со оваа одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на […]

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

февруари 29, 2024

Амбасадорот на Европската Унија во С.Македонија Дејвид Гир, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаи и заменикот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Марио Де Роза денеска ја посетија Фондацијата Метаморфозис, по последните напади и закани врз новинарите од „Вистиномер“, како и останатите вработени и […]

ЕУ: Нова директива за SLAPP тужбите, воведени две заштитни мерки

февруари 29, 2024

Пратениците на Европскиот парламент усвоија нова директива со која се заштитуваат новинарите, активистите и нивните организации од судски процеси насочени кон намалување на слободата на говорот, таканаречени SLAPP тужби, соопшти ЕУ Инфо центарот во Србија, пренесе Н1. Европскиот парламент, со 546 гласа „за“, 47 „против“ и 31 воздржан, усвои нова директива за да се осигура […]

„Сејф џурналистс“: Да се пронајде и казни тој што се заканува со смрт на новинарите во „Н1“

февруари 27, 2024

Редакцијата на српската телевизија „Н1“, добила смртни закани синоќа во коментари на веб-страницата, предупреди денеска мрежата „Сејф џурналистс“. Покрај бројните навреди, таргетирање како предавници и закани дека „знаат каде живеат (новинарите) и какви автомобили возат“, во коментарот стоеше и дека „наскоро сите ќе бидат убиени“. Заканата е пријавена во Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал. Игор […]

ЗНМ: Пријава против Миленко Неделковски за говор на омраза кон новинарите на Метаморфозис

февруари 19, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. […]

Доделени наградите за новинарски стории на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

јануари 31, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. […]

Страна 3 од 25