петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: новинари | 501 резултати

Грчките новинари раскажаа како биле опколени и приведени од македонската полиција

март 15, 2016

Грчките новинари кои заедно со групи нивни колеги од странство и волонтери вчера беа приведени од македонската полиција, се вратени назад во Грција откако биле задржани шест часа, платиле казна од 260 евра за нелегално преминување на граница и добиле шестмесечна забрана за влез во Македонија. Вкупно биле уапсени 12 грчки новинари, фоторепортери и техничари и уште 30 странски […]

Мигрантите вратени во Грција, новинарите ослободени на Богородица со парична казна

март 15, 2016

Мигрантите што вчера успеаја да најдат „пукнатина“ на македонско-грчката граница и навлегоа на македонска територија кај гевгелиското село Моин, се вратени назад во Грција, соопштија денеска за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за 1.500 лица, кои вчера беа задржани од македонските безбедносни сили. Друга група од околу 600 до 700 лица биле затекнати […]

Не барајте помош: СОС-линијата за самоубиства е глува

март 11, 2016

Граѓаните кои имаат психички проблеми или, пак, имаат нагони за самоубиство, немаат СОС-телефон каде што би можеле да се обратат и да побараат помош. Бројот 02-3136-400 кој беше промовиран токму за таа цел, не функционира – односно се слуша сигнал на ѕвонење, но никој не одговара. „Мета“ вчера се обиде да добие некого на последната […]

ССНМ: Ниту еден партиски центар нема да ни држи лекција по новинарска етика

март 4, 2016

Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници денеска излезе со став за тоа што, всушност, новинарите добија од Договорот од Пржино, односно дека новинарите сега се уште поисплашени и помалодушни, дека сега има посилна офанзива за да се отстранат неподобните новинари, се прават нови групирања и поделби меѓу новинарите. Од Синдикатот се сомневаат дека сметката […]

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

март 1, 2016

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека […]

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

февруари 25, 2016

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. […]

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

февруари 24, 2016

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето […]

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

февруари 23, 2016

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати […]

Кривичниот суд им се извини на новинарите

февруари 23, 2016

Основниот суд Скопје 1 попладнево преку соопштение им се извини на новинарите кои денеска сакаа, но поради немање соодветни услови не можеа да го следат судскиот процес за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во која имаше место […]

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

февруари 23, 2016

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари. Претходните две […]

Сејфула: Изјавата на Латас е навреда за Турците од целиот свет

февруари 11, 2016

Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“. На протестот тие рекоа […]

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

февруари 6, 2016

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. – Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината […]

За 25 години, во светот се убиени 2.300 новинари

јануари 31, 2016

Најмалку 2.297 новинари и медиумски работници се убиени во изминатите 25 години додека го информирале светот за војни, револуции, криминал и за корупција. Најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) предупредува дека убијците и понатаму остануваат неказнети, односно само 10 отсто од убиствата се докрај истражени. Во 1990 година, бројот на убиени новинари бил […]

Истанбул: Обвинителството бара доживотен затвор за новинари

јануари 28, 2016

Јавниот обвинител во Истанбул побара доживотен затвор за двајцата новинари од дневниот весник „Хуријет“, обвинети за терор и за шпионажа бидејќи објавиле фотографија и текст во кој се наведува дека турската влада шверцува оружје за бунтовниците во Сирија. „Хуријет“ вчера објави дека јавниот обвинител го комплетирал обвинението против главниот уредник Кан Дундар и против дописникот на […]

„Репортери без граници“: ЕК да заземе цврст став кон Полска

јануари 7, 2016

„Репортери без граници“ (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми. „Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и на плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од земјите-кандидати тоа што не […]

Во 2015 година убиени 110 новинари

декември 29, 2015

Во текот на оваа година, во светот биле убиени 110 новинари кои биле на работна задача, од кои 28 биле жртви на исламистичките терористички организации, вклучувајќи ги Ал каеда и Исламската држава, а 67 лица биле убиени додека известувале. Ова денеска го соопшти Комитетот за заштита на новинарите. Сирија и годинава била најсмртоносно место за новинари, каде […]

Три години од црниот понеделник

декември 24, 2015

Три години поминаа откако власта и опозицијата се степаа во Собранието, новинарите беа исфрлени од собраниската галерија од каде ја следеа расправата за усвојувањето на буџетот, а пред Собранието опозицијата ги блокираше улиците. По овие настани следуваше политичка криза, која се решаваше со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, а крајниот резултат беше потпишувањето на […]

Партиите имаат рок до понеделник да предложат решенија за медиумите

декември 18, 2015

Денеска нема да се одржат средби на работните групи за медиумите. По предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии треба да предложат можни решенија кои ќе ги презентираат в понеделник. Вчерашната средба на претставниците на партиите во Клубот на пратеници, пак, траела само еден час. В понеделник партиите треба да ги кажат своите мислења […]

ССНМ: Да им се овозможат на новинарите елементарни услови за работа

декември 16, 2015

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро протестира поради третманот на новинарите и на медиумските работници од политичките елити, каков што беше покажан и вчера попладне пред Клубот на пратениците, кога претставниците на медиумите беа оставени со часови да чекаат надвор од објектот. „Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој се […]

„Репортери без граници“: Помалку уапсени новинари, но повеќе киднапирани во 2015 година

декември 15, 2015

Во 2015 година во светот се уапсени помалку новинари во споредба со претходната година, но бројот на новинари кои биле киднапирани е значително зголемен, објави денеска организацијата „Репортери без граници“ во најновиот годишен извештај. Бројот на новинари што биле уапсени во 2015 година опадна за 14 отсто во споредба со 2014 година, односно на вкупно 153, […]

Страна 24 од 25