недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: новинари | 501 резултати

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

јули 18, 2025

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот „Фокус“, за случајот од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија. „Оваа судска пресуда, која следеше по одлуката на Уставниот суд од 2023 […]

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

јули 16, 2025

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот профил на Мисијата, пренесува „Н1“. „Ја поздравуваме брзата реакција на српската полиција и обвинителство во истрагата за овие закани, согласно обврските на Србија од […]

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

јуни 24, 2025

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што повеќе не прашуваме ‘Дали е вистина?’, туку ‘Дали му верувам на изворот?’ — прашање што бара да градиме критичко размислување, дигитална писменост, комуникација, соработка, […]

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

мај 16, 2025

Непримерни беа оценките на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во гостувањето во емисија на „Телма“, реагира денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. ССНМ преку реакција до медиумите, остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата „ВинВин“ на ТВ Телма […]

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

мај 2, 2025

Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) смета дека ова е јасен сигнал до институциите дека се неопходни итни и координирани реформи за зајакнување на медиумскиот […]

Шведски новинар е осуден во Турција поради навреда кон Ердоган

мај 1, 2025

Турскииот суд му изрече условна казна затвор од 11 месеци на шведски новинар за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, но тој останува во затвор додека чека судење за второ, посериозно обвинение, пренесува Гардијан. Јоаким Медин, кој работи за шведскиот весник „Dagens ETC“, беше уапсен на аеродромот во Истанбул на 27 март кога допатувал за […]

Израелски напад врз болнички камп што го користеле новинари од Газа усмрти 10 лица

април 7, 2025

Израелски воздушен напад врз камп со шатори во рамките на болничкиот комплекс во јужниот дел на градот Кхан Јунис, Газа, усмрти 10 лица, меѓу кои и новинар, а десетици други беа сериозно повредени откако кампот се запали, пренесува Гардијан. Фотографии и видеа од дворот на болницата Насер во Кхан Јунис покажуваат луѓе како очајно се […]

Претставена Декларацијата за подобрување на правата на новинарите и медиумските работници

април 4, 2025

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) денеска ја презентираа Декларацијата за подобрување на работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници. Декларацијата која беше поддржана и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Институтот РЕСИС беше создадена по тридневната „Мисија за скрининг и застапување за […]

НУНС: „Република“, „Курир“, „Блиц“, „Ало“, „Телеграф“ и „Мондо“ веднаш да ги избришат снимките од погребот на настраданите во Кочани

март 20, 2025

Независното здружение на новинарите на Србија (Nezavisno udruženje novinara Srbije – NUNS) ги повика српските медиуми кои известуваат за погребот на жртвите во трагедијата во Северна Македонија веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите според етичките и професионалните стандарди. НУНС смета дека денешното известување на повеќе српски медиуми кои објавија шокантни и […]

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

март 18, 2025

Од Здружение на новинарите на Македонија ги соопштија сите насоки коишто политичарите треба да ги следат кога ќе комуницираат со новинари во моменти на трагични настани. Насоките се дадени за како политичарите ТРЕБА и како НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите коишто ги пренесуваат сите информации до јавноста. ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ ТРЕБА ДА … Политичарите во […]

АП: Забраната на новинарите за влез во Овалната Соба поради некористење на терминот „Американски Залив“ е прекршување на Првиот амандман

февруари 12, 2025

Новинската агенција Асошиејтед Прес возврати на администрацијата на Трамп откако еден од нивните новинари беше спречен да присуствува на настан поради насоките на новинската агенција за континуирано користење на изразот „Мексикански Залив“ во своето известување, нарекувајќи го потегот прекршување на Првиот амандман, пренесува Си-Би-Ес. Белата куќа во вторникот побарала од новинската агенција да ја измени […]

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

јануари 6, 2025

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осуди инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, во Охрид. Возилото било запалено вчера, 5 јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, велат од ЗНМ, постои сомнеж дека станува збор за намерно […]

Убиени пет новинари во Газа од Израелски напад

декември 26, 2024

Палестински телевизиски канал соопшти дека пет новинари од нивниот тим биле убиени во израелски напад во централниот дел на Газа, пренесува Би-Би-Си. Тие се наоѓале во комбе брендирано од медиумот „Ал Кудс – Денес ТВ“, паркирано пред болницата Ал-Ањада, каде што сопругата на еден од новинарите требала да се породи во централниот бегалски камп Нусејрат. […]

Амнести ги обвини српските власти дека шпиунираат новинари и граѓански активисти, БИА негира

декември 16, 2024

Српската полиција и разузнавачките власти користат напреден шпионски софтвер за телефони заедно со форензички производи за мобилни телефони за незаконско таргетирање новинари, активисти за заштита на животната средина и други поединци во кампања за тајно следење, открива новиот извештај на „Амнести интернешенел“. Извештајот насловен како „Дигитален затвор“: Надзор и сузбивање на граѓанското општество во Србија“, […]

ССНМ остро ги осудува заканите и обидите за замолчување на новинарите

ноември 12, 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ги осудува денешните закани, заплашувања и обиди за замолчување насочени кон новинарката на медиумот Сакам да кажам, Соња Колевска-Делевска и кон новинарот на телевизија Телма, Срѓан Стојанчов. Новинарот Стојанчов по објавување на текст за кандидатурата на Афрона Верзиволи за избор во Советот на Агенцијата за аудио и […]

Новинарката Мирослава Симоновска била тајно снимана, ЗНМ со повик за итна истрага

ноември 1, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. „Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот […]

Роберт Бургоинг: Притисокот врз новинарите остава малку простор за проверка на факти и води до неточно известување

октомври 23, 2024

Уредниците треба да го пренасочат својот фокус од квантитет кон квалитет. Со „стискање“ на новинарите како да се лимони, да создаваат бројни написи, им останува многу малку време да ги потврдат фактите. Ова води кон неточно известување, што ја нарушува довербата кај читателот. Ова, меѓу другото, го изјави Роберт Бургоинг, француско-канадски новинар, меѓународен обучувач, говорник […]

Доделени наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024

октомври 19, 2024

Ирена Мулачка, Миомир Серафиновиќ, Снежана Лупевска, Александар Методијев и Сузана Мицева се добитници на наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024 кои беа доделени вчера. Ирена Мулачка од „Фокус“ ја доби првата награда за сторијата „Скандал Онкологија“ со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти. Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен ја […]

Можности за младите: Обука за визуелизации на податоци, платено практикантство и посета на САД

октомври 3, 2024

Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот центар за новинари трета година по ред ја продолжуваат програмата „Новинарство за новата генерација“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. И оваа година десетици млади од земјата имаат можност да учествуваат на обуки, да бидат дел од платено практикантство, а најдобрите ќе заминат на еднонеделна студиска посета на САД. […]

ЗНМ: Екипи на Алсат и ТВ21 биле спречени да си ја работат работата, тоа е недозволиво

септември 11, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на опструкцијата и попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа од неодговорни поединци, жители на селото Галате, општина Врапчиште. „Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од страна на колегите новинари и медиумски работници, денеска при земање на изјави и снимање на инсерти екипите на […]

Страна 2 од 25