Таг: нови инвестиции

таг: нови инвестиции

Во ТИРЗ склучени договори за инвестиции во вредност од 105 милиони евра

Во првите шест месеци од годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) склучени се договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, покажува анализата за полугодишното работење на Дирекцијата за ТИРЗ. „Во процедура на формално одобрување влегоа два нови договора, за компанијата Дура, која ја проширува инвестицијата во трета фаза, и Витек, која инвестира во втората фаза. Вкупниот...

Средба Заев-Хрисохоидис: Има заемен интерес за нови инвестиции во енергетиката

Зоран Заев фото: Влада
Oтворено e ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција и во последниве две години соработката оди во нагорна линија. Ова било констатирано на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Република Грција. Заев посочил дека е зголемен интересот на грчки...

Германски инвеститори планираат проширување на своите инвестиции во земјата

Мерките на Владата за поддршка на компаниите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, како и плановите за работа на германските инвеститори во земјава, беа тема на денешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Делегацијата на германското стопанство на Северна Македонија, Патрик Мартенс. Министерот Бектеши потсети дека германските компании се едни од најголемите инвеститори во Северна...

ФИТР преку „Стартапувај 2“ избра 84 стартап компании кои ќе добијат 2,35 милиони евра

Финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развоj (ФИТР) преку јавниот повик „Стартапувај 2“ ќе добијат 84 стартап компании. Од вкупно 235 компании кои аплицирале во рамките на овој јавен повик, 203 ја поминале фазата на административна проверка, а 181 продолжиле во финална селекција. Државата во 84-те компании ќе вложи 2,35 милиони евра, најавија на денешната прес-конференција заменик-претседател...

Бектеши ветува работни места, полесни услови за водење бизнис, инвестиции во енергетиката, „Старт-ап село“

Олеснети услови за водење бизнис, намалување на лимитот за основање на фирми, со цел да се поттикне и зголеми приливот на домашни и на странски инвестиции, отворање на повеќе работни места, поттикнување на инвестиции во енергетиката,  туризмот, занаетчиството... најави на денешната прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши. „Најприоритетно е во наредните четири години преку мерките и програмите во рамки...

Заев – Кнајсл: Има интерес за нови инвестици од Австрија

Постојат добри односи помеѓу Македонија и Австрија на политички и на економски план и двете страни се уверени дека е отворен простор за продлабочување на билатералната соработка во сите области. Кај австриските бизнисмени има интерес за нови инвестиции во Македонија. Таков заклучок е донесен на денешната средба на премиерот Зоран Заев, со Карин Кнајсл, сојузната министерка за Европа, интеграции...

Жена измамила седуммина – им барала аванс за изнајмување станови, а им давала лажни клучеви

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци, која измамила седуммина со тоа што им барала аванс за изнајмување на станови во Скопје...