fbpx
Таг: нова влада

таг: нова влада

СДСМ го избра Ковачевски за мандатар на новата влада

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го избра претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за мандатар на идната влада. „Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец,...

Собранието ја констатираше оставката на Зоран Заев, во оставка е и целата Влада

Со аплауз на пратениците од опозициските партии, Собранието на РСМ денеска ја констатираше оставката на досегашниот премиер Зоран Заев. Со усвојувањето на неговата оставка, во оставка е и целиот состав на Владата на РСМ. Притоа, постојниот владин состав технички ќе ги извршува функциите до изборот на новиот владин состав. Во согласност со легислативата, по констатирањето на оставката на премиерот Зоран...

Премиерот Заев ја поднесе оставката до Собранието

Премиерот Зоран Заев до собранискиот спикер Талат Џафери ја достави оставката од функцијата претседател на Владата на РСМ, поради исходот од локалните избори и преземената одговорност за изборните резултати. „Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во...

Министерката за образование Мила Царовска нема да биде дел од новата влада

Мила Царовска ќе се повлече од функцијата министер за образование и наука во новата влада. Таа денеска во изјава за медиумите рече дека донела одлука да не учествува во новата влада предводена од СДСМ, ДУИ и Алтернатива. „Во изминатите пет години заедно со мојот тим, испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам...

Шекеринска се повлекува од политиката, Мицкоски предлага Гаши да биде нов премиер

По најавата на Венко Филипче дека ќе се повлече од министерската позиција во идната влада и актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека нема да биде дел од новата влада предводена од СДСМ. „Единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати...

Бугарија доби нова влада, новиот премиер е Кирил Петков

Парламентот со 134 гласа „за“ и 104 гласа „против“ денеска ја избра новата бугарска влада предводена од премиерот Кирил Петков. За формирање на извршната власт гласаа пратениците од „Промената продолжува“, предводена од Петков, потоа Бугарската социјалистичка партија, како и „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, додека против гласа пратениците од ГЕРБ, ДПС и Вазраждане. „За четири години од денеска Бугарија ќе...

Претседателот Радев му го врачи мандатот на Петков за формирање на бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на Кирил Петков, потпретседателот на победничката партија „Промената продолжува“, јавуваат бугарските медиуми. Веднаш по врачувањето на мандатот, Петков изјави дека гласањето на новиот владин состав во бугарскиот парламент ќе се одржи уште во понеделник, нагласувајќи дека тој нема да изгуби ниту минута бидејќи има многу...

Алтернатива со начелна согласност за влез во владата, течат консултации за кадровски решенија

По вчерашната работна средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на партијата Алтернатива Африм Гаши, постигната е начелна согласност за влегување на оваа политичка партија во владата. Алтернатива има четири пратеници во Собранието на РСМ, со што актуелната владејачка коалиција на СДСМ и ДУИ може да го обезбеди посакуваното мнозинство од 61 пратеник за формирање влада. На вчерашната средба се...

Нема договор меѓу Заев и Гаши, наредната недела следна средба околу можноста за коалицирање

Откако лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши се сретнаа, тие во своите партии ќе треба да разговараат околу можноста за идно коалицирање во новата влада. Наредната недела двете партии повторно ќе имаат разговори. Премиерот Заев изрази благодарност до претседателот на Алтернатива, Гаши и секретарот на партијата Сали што прифатија да дојдат на средба во која се...

Во Бугарија преговори за нова влада, ГЕРБ на Бојко Борисов не е во игра

„Продолжуваме со промената“ (ПП), новата политичка коалиција што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, денеска ги почнува преговорите со други партии за формирање нова влада, јави бугарски „Медиапул“. Кирил Петков, поранешен технички министер и еден од ко-претседавачите на коалицијата изјави дека веќе разговарал со Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП, со Слави Трифонов, претседател на „Има...

На парламентарните избори во Бугарија победува „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев

Третите парламентарни избори во Бугарија годинава и втори вонредни, донесоа големо изненадување на политичката сцена - победник, по сè изгледа, ќе стане партијата „Продолжуваме со промената“ на поранешните технички министри Кирил Петков и Асен Василев . Веднаш зад оваа партијата е партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која до последен миг беше сметана за иден победник, пишува бугарски...

Социјалдемократите, Зелените и Либералите на чекор до формирање на новата германска влада

Актуелниот германски министер за финансии Олаф Шолц е на чекор да постане иден германски канцелар, кој ќе дојде на местото на Ангела Меркел. Германските Социјалдемократи, Зелените и Либералите постигнаа начелен договор, усвојувајќи заеднички текст од подготвителните разговори за формирање на новата германска влада, јавува Дојче Веле. Социјалдемократот Олаф Шолц веќе изјави дека очекува преговорите меѓу трите партии за формирање на...

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ за формирање нова бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на кандидатот за премиер Даниел Митов од коалицијата ГЕРБ/СДС, која што освои најмногу пратеници на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија. „Очекувам во рок од седум дена, според Уставот на Република Бугарија, да предложите состав на Министерскиот совет којшто ќе одговори на очекувањата на општеството за...

По ДПС, и бугарските социјалисти велат би поддржале влада што ќе ја предложи Слави Трифунов

По Движењето за правда и слободи (ДПС), и Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска излезе со став дека би го поддржала формирањето на владата предложена од Слави Трифунов и неговата партија „Има таков народ“. Претседателката на БСП, Корнелија Нинова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека ако партијата на Трифунов предложи кабинет и ако му е неопходна поддршка,...

Мандатарката Ана Брнабиќ ги објави идните министри во новата српска влада

Досегашната премиерка и мандатарка на новата српска влада Ана Брнабиќ денеска ги објави имињата на министрите во новата српска влада. Собранието на Република Србија на 28 октомври (среда) ќе го избере новиот состав на српската влада, во кој ќе има шест нови имиња и три нови министерства, јавува српскиот весник „Данас“. Најголемо изненадување во распределбата на министерствата е менувањето на...

Анкета на „Порталб.мк“: Што очекуваат младите во земјава од новата Влада?

Што очекуваат младите од новата Влада? Новинарката на „Порталб.мк“ интервјуираше неколку млади луѓе, овозможувајќи им на сите да го кажат своето мислење за тоа што посакуваат новата Влада да смени во Република Северна Македонија (РСМ). Според одговорите, повеќето од младите очекуваат и сакаат многу промени во земјата, пренесува „Порталб.мк“. Што очекувате од новата Влада и што би сакале истата да...

Министерствата сè уште ги немаат објавено јавно задачите што треба да ги реализираат во следните четири години

Премиерот Зоран Заев во четвртокот им ги предаде мандатите на новите министри, во кои се содржани задачите што секој министер мора да ги реализира во текот на четиригодишниот мандат, како и прецизни рокови до кога истите треба да се реализираат, пишува „Порталб.мк“. „Порталб.мк“ ги побара овие писма заедно со задачите од Владата, но оттаму ни рекоа дека истите треба да...

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на новото парламентарно мнозинство, целиот фокус...

Цоневска: Министерството за правда внимателно да го утврди моделот за деполитизација на судството

Бојан Маричиќ, вчера ја презеде функцијата министер за правда и најави, како што рече, големи реформи во судството, како еден од најважните ресори во преговорите со Европската унија. Истражувачот на Институтот за европска политика (ИЕП), Ива Цоневска, оценува дека најавата на министерот е позитивна, но треба да се внимава на утврдување на моделот за чистење на судството, пишува „Порталб.мк“. Министерот...

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 година. Ќе се работи...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...