fbpx
Таг: Нова година

таг: Нова година

Руската амбасада шеговито најави засилено влијание во Македонија за празниците

Амбасадата на Русија во Македонија „предупреди“ дека земјава за време на новогодишните празници ќе биде под зголемено „руско влијание“, шеговито алудирајќи на „руската салата“ како традиоционална храна на трпезите за новогодишните празници. „Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на #РускоВлијание на целата територија на #Македонија и пошироко. #РускаСалата“, напишаа на „Твитер“ од руската амбасада во Македонија. https://twitter.com/Russian_Emb_MKD/status/946460647004524546 Во коментарите под...

Во Турција уапсени 29 лица кои подготвувале напади за Нова година

Полицијата во Анкара привела 29 осомничени припадници на Исламска држава кои подготвувале напади за Нова година. Како што пренесуваат турските медиуми, во симултаните рации учествувале околу 500 полицајци, а многу од приведените се странски државјани. Полицијата има налози за приведување на уште 17 осомничени. Во материјалот, кој полицијата го запленила има документи кои укажуваат на тоа дека некои од осомничените надгледувале...

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, 1 јануари 2018 година (понеделник), Нова година е неработен ден за сите граѓани на Македонија.  „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Нова година“, информираат од министерството.

Заев за Нова година ќе биде во Солун кај Бутарис

Премиерот Зоран Заев, Нова година ќе ја дочека во Солун, каде домаќин ќе му биде градоначалникот на градот, Јанис Бутарис, пренесува порталот „Нова“. Заев ја прифатил поканата која Бутарис му ја упати додека беше во работна посета на Скопје во ноември, и кога се сретнаа со македонскиот премиер. Освен што го покани во Солун, во знакот на добрососедските односи, Бутарис истакна...

Бошњаковски: Ако се постигне договор за името, ќе се организира референдум

Течат преговорите за спорот со името под закрила на Обединетите нации, но во моментов нема видливо решение, но секако кога ќе биде постигнат договор, ќе се организира референдум, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали има некаков исчекор во долгиот спор. Прашан дали премиерот Заев ја прифатил поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис да...

Казнети лекари и сестри од Штип кои славеле Нова година и Василица на работа

Со еднократно намалување на платата за 30 отсто, казнети се лекарите и персоналот на гинеколошко-акушерското одделение на Клиничката болница во Штип, бидејќи го прославувале дочекот на Нова година, а потоа и на Стара нова година со алкохол и со колачиња во облик на женски полов орган. Ваква одлука донела дисциплинската комисија, која повела постапка откако фотографии од прославите се појавиле на...

Градот Скопје ќе ги донира парите од новогодишната прослава на пунктот за бездомници

Средствата планирани за новогодишната прослава во износ од 2 милиони денари Град Скопје ќе ги донира за проширување на капацитет на Прифатилиштето за бездомни лица лоциран на Момин Поток. - Имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш-кабини и јас на следната седница...

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми интервенции на лекарите

На Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ биле примени 28 пациенти, информираат од оваа здравствена установа. По соодветната здравствена грижа, сите пациенти биле пуштени на домашно лекување. Во текот на новогодишната ноќ биле регистрирани и четири смртни случаи во домашни услови на лица од 40 и над 60 години. Директорката на Здравствениот дом Скопје, Татјана Баевска-Вучковиќ истакна...

Првото бебе родено во Скопје во 2017 година е машко

Првото бебе што се роди во Скопје во новата 2017 година е момче и беше родено во 4.15 часот во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри, а на свет го донесе Нуредини Рамадан Хикмет, на која ова ѝ е прво дете. Денеска во 12 часот, мајката...

Дочекана Новата 2017 година, на некои од плоштадите прославата беше откажана

Дочекот на Новата 2017 година беше прославен и низ градовите во земјава, но некои од нив, организираните прослави на градските плоштади ги откажаа поради пренамена на средствата во хуманитарни цели. Во Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Берово организираниот дочек на Нова година беше откажан бидејќи парите наменети за прославата, градоначалниците решија да ги донираат за социјално загрозени граѓани. Иницијативата почна во Србија, а под влијание...

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. - 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин. Тој им се...

На градскиот плоштад во Прилеп почна новогодишната прослава

Со новогодишна програма за најмладите, почна новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Прилеп. Децата ги забавуваа „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и музичката група „Нокаут“. Вечерниот новогодишен дочек на плоштадот Методија Андонов Ченто е предвидено да почне во 22.30 часот, со настапот на групите „Белинда“ и „Шило“, а по предвидениот огномет на полноќ ќе настапат диџеите „Д мод“ (The...

Охрид е преполн со туристи за новогодишните празници

Сите хотели во Охрид, како и помал дел од приватните сместувачки капацитети, се закупени за новогодишните празници. Хотелиерите се презадоволни и се надеваат дека намалувањето на прометот од 10 проценти во последните месеци од 2016 година, ќе го ублажат со претстојниот празничен викенд. Традиционално, покрај домашните, најголемиот број од туристите во Охрид и во Струга се од соседните земји, пред сè од...

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

„Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме сè што беше негативно да ни се повтори“, се вели во новогодишната честитка на претседателот Ѓорге Иванов упатена до граѓаните. Во неа се додава...

Охриѓани, за Нова година, ќе патуваат во Будва, Белград и во Милано

Повеќе илјади странски туристи, главно од соседните земји, ќе ги исполнат хотелските капацитети и дел од приватното сместување во Охрид, за време на новогодишните празници. Резервации има и од гости од земјата, пред сè, од Скопје, Битола, Куманово, но и од други места. Покрај за дочекот на Нова година, интерес за посета на Охрид од страна на туристите има и за...

Уапсени седум лица кои подготвувале напади во Москва за Нова година

Руските безбедносни агенции уапсиле седум лица осомничени дека планирале терористички напади во Москва за време на дочекот на Нова година, по налог на Исламска држава. Федералната служба за безбедност, антитерористичката агенција и службата за внатрешна безбедност денеска соопштија дека осомничените се уапсени во Дагестан, Северен Кавкваз. Уапените подготвувале напади со автоматско оружје и со експлозив на прометни места, се наведува во...

Берово е четвртата општина што го откажа организираниот новогодишен дочек

Општина Берово се откажа од традиционалниот дочек на Новата година на градскиот плоштад, а средствата ќе бидат пренасочени во хуманитарни цели. По Велес, Скопје и Кавадарци, Берово е четвртата општина во земјава што се откажува од организиран дочек. Станува збор за 50.000 денари кои биле наменети за настап на естрадни ѕвезди и за огномет, но овие средства ќе бидат доделени на социјално загрозени...

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 1 јануари 2017 година (недела), Нова година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Македонија им ја честита Новата година.

По Велес и Скопје, и Кавадарци го откажа организираниот дочек на Нова година

Кавадарци го откажа дочекот на Нова година на градскиот плоштад, така што по Велес и Скопје, ова е трет град во земјава што го откажува организираниот новогодишен дочек. Финансиските средства кои биле предвидени (околу 5.000 евра) ќе бидат донирани во хуманитарни цели. - На наредната седница, Советот на Општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ќе бидат насочени овие средства. Размислуваме и...

Општина Центар не се откажува од прославата поради склучените договори со изведувачите

Општина Центар нема да ја откаже прославата за дочек на Нова година на Сквер Јадран, поради веќе склучените договори со артистите, информираше градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека покрај забавниот дел, настанот ќе има и хуманитарен карактер, со тоа што секој граѓанин и фирма ќе можат да донираат за граѓаните од најранливите категории. Жерновски истакна дека правниот...

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...