fbpx
Таг: норвешка

таг: норвешка

Димитров со норвешкиот колега потпиша изјава за партнерство и соработка

Со денешното потпишување во Осло на заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка се отвора ново поглавје во односите со норвешката демократија, соопшти македонското министерство за надворешни работи известувајќи за работната посета на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на Норвешка, со која тој ја завршува нордиската турнеја. Димитров денеска престојуваше во возвратна посета на...

Самуелсен: Данска ја поддржува Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Копенхаген добил уверување од својот дански колега, Андерс Самуелсен за поддршка од Данска на реформите што новата македонска влада сака да ги спроведе, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. - Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие стратешки цели - порачал шефот...

Џафери ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка со Норвешка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, му заблагодарил за помошта и за поддршката што Норвешка ѝ ја дава на Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакнал дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави. Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, ја нагласил подготвеноста за продолжување на...

Иванов со шефот на норвешката дипломатија, Бренде, разговарал за политичките случувања

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го примил министерот за надворешни работи на Норвешка, Борге Бренде, соопштија од претседателскиот кабинет, презентирајќи некои од темите за кои се дискутирало. Покрај изразувањето подготвеност за унапредување на досегашната соработка, соговорниците разговарале за актуелните политички случувања, како и за безбедносните прашања и за предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, но и за...

Шефот на норвешката дипломатија Бренде во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе биде во посета на Македонија, каде што треба да се сретне со државниот врв. Бренде во 11 часот ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по што ќе следува средба помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата министри ќе даваат изјави за медиуми. Како што...

Шекеринска: Во завршна фаза се преговорите за нова влада предводена од СДСМ

„Разговорите меѓу СДСМ и партиите што се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза. Преговорите за сите прашања се водат исклучиво на основа на Уставот, за тоа постои согласност од сите страни. Очекуваме Македонија наскоро да ја добие новата влада“, рекла заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средбата со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад, соопшти СДСМ. Таа...

ВМРО-ДПМНЕ со остри одговори до амбасадорите на САД, ЕУ и на Норвешка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, синоќа одржа одвоени средби со американскиот амбасадор, Џес Бејли, евроамбасадорот Самеул Жбогар и со норвешкиот амбасадор во земјава, Анре Санес Бјорнстад, на кои е разговарано за резултатите од предвремените парламентарни избори, очекувањата од новите парламент и влада, за работата на Државната изборна комисија, како и за говорот на омраза и реториката на протестите пред...

330 американски војници привремено ќе бидат сместени во Норвешка

Околу 330 војници на американската морнарица ќе бидат привремено сместени на тлото на Норвешка и тоа првпат по завршетокот на Втората светска војна, јавува „Ројтерс“. Американските војници ќе учествуваат на воени вежби и на обуки во арктички услови. „САД се нашиот најважен сојузник со кој негуваме блиски билатерални односи кои сакаме да ги развиеме“, изјави министерот за одбрана на Норвешка, Ине Ериксен...

Отворено седиштето на Балканските медицински наменски сили во Скопје

Министрите за одбрана на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Словенија денеска се состанаа во Скопје по повод свеченото отворање на седиштето на Балканските медицински наменски сили во касарната „Илинден“. Станува збор за регионална организација, составена од шесте балкански земји, а поддржана од Норвешка и од Соединетите Американски Држави. Целта на проектот, како што посочи министерот...

Норвешка: На Брејвик не му се прекршени човековите права

Норвешката влада не се согласува со пресудата на судот, според која со затворските услови се прекршуваат човековите права на масовниот убиец Адерс Брејвик, соопшти денеска норвешкиот министер за правосудство, Андерс Анундсен. Судот во Осло минатата недела донесе пресуда, според која на Брејвик, кој во нападите во 2011 година уби 77 лица, му се прекршени човековите права затоа што престојува во самица...

Бејвик ја тужи Норвешка за повреда на човековите права

Екстремниот десничар Андрес Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во Норвешка, денеска пред судот се појави со нацистички поздрав. Тој ја тужи Норвешка поради повреда на човековите права, односно затоа што речиси пет години го држат во изолација. Од безбедносни причини, судењето се одвива во затворот „Скиен“, во кој Брејвик ја издржува казната. Бејвик во затворот го држат одвоено од...

Еден загинат при судир на тенк и на автомобил во Норвешка

Едно лице загина во судир на тенк и на автомобил на селски пат во централниот дел на Норвешка, за време на големите воени вежби на НАТО, соопштија норвешката полиција и војската. Несреќата се случила во северниот дел на округот Тренделаг, каде во моментов се одвива воена вежба на НАТО и на земјите партнери, во која учествуваат 15.000 војници. Полковник на норвешката...

Норвешката влада предлага поостри мерки за азил

Норвешката влада денеска ќе предложи мерки за заострување на прописите за азил, соопштија норвешки претставници. Министерот за имиграција, Силви Листхауг, рече дека мерките за кои е потребно одобрување од парламентот, вклучуваат рестрикции во врска со тоа кој може да добие бегалски статус во Норвешка. Норвешка во моментов дава бегалски статус на поширока група луѓе од тие што се сметаат за бегалци според...

Норвешка открила: 27.000 мигранти користат лажен идентитет

Норвешките власти денеска соопштија дека околу 27.000 мигранти што влегле во Норвешка или во неа минале извесно време имаат фалсификувани документи. Користејќи технологија за препознавање лице, норвешкиот центар за лични документи утврдил дека различни лица користеле идентитет на 106 лица. - Ако предвид ја земеме целата база на податоци, би можеле да заклучиме дека околу 27.000 лица што минале низ Норвешка или во моментов...

Попоски во Осло: Треба да се смени пристапот за прием во НАТО и ЕУ

Шефот на македонската дипломатија,Никола Попоски, денеска во Осло се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Брендеата, министерка за одбрана, Ине Ериксен Сореиде, како и со членови на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот парламентот. Како што соопштуваат од МНР, на средбите се разговарало за можностите за унапредување на билатералните односи и за соработка во...

Ахмети: Клучните точки од Договорот од Пржино се спроведени

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи и за одбрана на норвешкиот парламент, Аникен Хуитфелд. Ахмети и Хуитфел, како што соопштуваат од партијата, разговарале за актуелната политичка ситуација, имплементацијата на Договорот од Пржино, евроатланската интеграција, како и за билатералните односи и за норвешките инвестиции во Македонија. Лидерот на...

Попоски во работна посета на Норвешка

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска престојува во работна посета на Кралството Норвешка. Попоски за време на посетата ќе се сретне со норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бренде, како и со министерот за одбрана, Ине Ериксен Сореиде. За време на средбите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат разменети мислења за продлабочување на билатералните односи, за поддршката...

Барателите на азил ќе ја чинат Норвешка една милијарда евра

Норвешката влада очекува дека во 2016 година азил ќе побараат 33.000 мигранти, што е трипати повеќе од годишниот просек изминатите неколку години. Владата проценува дека големиот број мигранти државата ќе ја чинат една милијарда евра, што е многу поголем износ од планираниот буџет. За да ги финансира дополнителните трошоци, постои предлог да се земат пари од државниот фонд, кој, инаку, е...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде. Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба на системи за прифаќање бегалци во пресрет на зимата, додека останатиот дел од сумата ќе...

Норвешка ќе гради тунел за големи бродови

Норвешка планира на својот западен брег да изгради тунел за бродови долг 1,7 километар за да се избегне тешкото минување околу полуостровот Стад, наведува „Визит Норвеј“. Тунелот би бил висок 37 метри, што е доволна висина за низ него да минат големите крстосувачи и други патнички и товарни бродови. Лошите временски услови најчесто го отежнуваат минувањето на бродовите околу полуостровот, а проектот треба да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...