понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Нобелова награда | 33 резултати

Босанскиот сервис „Раскринкавање“ побива лажни твитови на Трамп за нобеловецот Хандке

декември 17, 2019

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

декември 12, 2019

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот профил на Фејсбук му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, чиешто врачување беше бојкотирано од неколку земји поради поддршката што Хандке ја давал на Слободан Милошевиќ и на неговиот режим во текот на војните во поранешна Југославија и поради негирањето на геноцидот во […]

Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

април 4, 2019

По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел со кое ја поддржaa иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда […]

Претседателот на ЕП, Тајани, против предлогот за Нобелова награда за Ципрас и Заев

февруари 8, 2019

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и заменик – претседател на Европскaта народна партија (ЕПП) во која членуваат партиите на европската десница –  не ја поддржува кандидатурата на Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир, јави грчка „иЕфимерида“. Тој на седница на Бирото на ЕПП во Атина објасни дека како заменик – […]

Нобеловата награда за книжевност годинава нема да биде доделена

мај 4, 2018

Шведската академија годинава нема да ја додели Нобеловата награда за книжевност, соопштија од Нобеловата фондација. Работата на Шведската академија е во криза поради начинот на кој го решила случајот против сопругот на една од членките, која во меѓувреме дала отказ, по што истото го направиле и првиот човек на Академијата и уште четири членови. Жан-Клод Арно, сопругот […]

Ричард Талер е добитник на Нобеловата награда за економија

октомври 9, 2017

Нобеловата награда за економија денеска му е доделена на Ричард Талер од Универзитетот во Чикаго за неговиот придонес за подобро разбирање на психолошките и на општествените механизми што влијаат врз инвеститорите и потрошувачите при носење одлуки, соопшти шведската Кралска академија за науки. Во образложението се наведува дека Талер во своите трудови „објаснил одредени човечки карактеристики, како што […]

Нобеловата награда за физика за тројцата откривачи на гравитациските бранови

октомври 3, 2017

Годинашната Нобелова награда за физика ја добија Рајнер Вајс, Бери Бериш и Кип Торн, тројцата автори на експериментот ЛИГО, со кој ги открија гравитациските бранови, односно наборите во простор-времето, чие постоење прв го предвиде Алберт Ајнштајн пред еден век. Една половина од наградата од речиси 1,1 милион долари ја освои Рајнер Вајс, а втората половина […]

Колумбискиот претседател ја доби Нобеловата награда за мир

октомври 7, 2016

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир поради неговите непоколебливи напори за ставање крај на 50-годишната граѓанска војна во Колумбија, соопшти Норвешкиот нобелов комитет. Сантос имаше клучна улога во носењето на мировниот договор со бунтовниците од Колумбиските револуционерни вооружени сили (ФАРК). Со спогодбата, која беше потпишана на 26 септември […]

И Трамп меѓу 376 номинирани за Нобелова награда за мир

март 2, 2016

Одборот за доделување на Нобеловата награда за мир оваа година примил рекордни 376 номинации за престижната награда. – Убаво е да се види дека толку многу луѓе и организации го искористија правото на номинација – рече претседателот на норвешкиот одбор Олав Њолстад. Оваа година номинирани се 228 поединци и 148 организации. Помеѓу номинираните се и […]

Страна 2 од 2