fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Прва работна средба помеѓу Попоски и неговиот колега од Малта, Џорџ Вела

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Валета се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Џорџ Вела. Ова претставува прва работна средба помеѓу министрите за надворешни работи, по неодамнешното воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Малта. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници разговарале за приоритетите на ЕУ, за интересот членството во...

Попоски на работна посета во Лихтенштајн

Вицепремиерот и министер за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска е на работна посета на Принципатот Лихтенштајн. За време на посетата, Попоски се сретнал со министерот за надворешни работи, образование и за култура, Аурелија Фрик, како и со принцот Алојс. „На средбите се разговараше за мултилатералната соработка, ефектите врз економиите и политичката интеграција во ЕФТА-членките и за состојбата во балканските...

Попоски на министерски состанок на коалицијата за борба против ИД во Вашингтон

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламска држава во Вашингтон. Попоски на состанокот, кој ќе се одржи во Стејт департментот, учествува на покана на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. „Министерскиот состанок има цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори...

Попоски: Треба да бараме обединување околу една кауза – да сме дел од ЕУ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, со шефот на австриската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, во Виена разговараше за регионалната стабилност и за потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот. - Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа...

Попоски: Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена учествуваше на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. Попоски, како што соопштија од македонското МНР, одговарал и на прашања од земјите членки на ОБСЕ, поврзани со изгледите за надминување на политичката криза, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во регионот и изгледите за интеграција...

Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Како што соопшти МНР, за време на посетата предвидено е министерот Попоски да се сретне со својот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Попоски се сретна се делегација од германскиот Бундестаг

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретнал со претставници на парламентарната комисија за избори, имунитет и за деловничко уредување на германскиот Бундестаг, кои престојуваат во дводневна работна посета на Македонија. На средбата со германските пратеници, како што информираат од МНР, било разговарано за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете земји, како и за соработката во процесите...

Заниер твитна: Политичката криза не смее да се прелее во меѓуетнички тензии

Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии. Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. „Утрово се сретнав со претседателот...

Попоски и Заниер разговараа за случувањата во постизборниот период

Шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, денеска со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, разговараше актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за севкупната соработка на Македонија со ОБСЕ. На средбата, како што стои во соопштението од МНР, Попоски ја нагласил корисноста од поддршката на Организацијата, која е посветена на изборни реформи, интеграција преку образованието и на процесот...

Средба на министерот Попоски со делегација на ИХРА

Шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), амбасадорот Јан Дебоут. На средбата, како што соопштуваат од македонското МНР, било разговарано за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се спроведуваат во Република Македонија на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето...

Попоски до Хелбах: Неопходно е да добиеме гаранции дека членството во ЕУ е достижно

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска со специјалниот ополномоштеник на министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, разговараше за потребата од зајакнување на европската интеграција во насока на долгорочна стабилност и просперитет на регионот. Како што соопштија од македонското МНР, Попоски истакнал дека енергијата дома и кај нашите партнери е...

Шефот на ОБСЕ ќе се сретне со државниот и со политичкиот врв

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа допатува во Скопје поради новонастаната криза со недоделувањето на мандатот за формирање нова влада. Заниер во текот на денот ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на парламентарните политички партии, како и со претставниците на граѓанските организации. Минатата недела, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот,...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ преку Попоски, во Брисел моли да остане дел од власта

На сите во Македонија и на меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето и на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Иванов последните денови, со сите најави за насилство, провокации и со поттикнување поделби во Македонија, немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани. Ова денеска на прес-конференција го изјави заменик-претседателката...

Попоски: Најпаметно е регионот да се обедини околу интеграциите во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Македонија во заминување, Никола Попоски, денеска остварил средби сo членови на Европскиот парламент, во светло на дискусиите околу резолуцијата за Република Македонија. - Регионот минува низ фаза на тензии и на прашалници за иднината. ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграцијата во...

Попоски – Данкан: Очекуваме позициите на Британија да останат поволни за Македонија

Реформските процеси, евро-атлантските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба биле дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан. Министрите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ-референдум во Обединетото Кралство и за...

Британскиот министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, ја почнува дводневната посета

Британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија, во рамки на која ќе има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политичките партии, специјалната обвинителка Катица Јанева, претставници на институциите, како и на граѓанскиот сектор. Главен фокус на средбите на Данкан...

Попоски: Најдобро е кога има политичка влада што може да носи одлуки

„Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле за повторни избори. Практиката ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на кои може да цените колку е успешна“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи,...

Попоски: Европска стабилност ќе дојде преку наша соработка со соседството

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на 53. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен, рече дека Европска стабилност нема да дојде чекајќи ја од други, туку преку наша соработка со соседството. -Постои процес на редефинирање на односите глобално. Криза околу ЕУ значи намален апетит за интегрирање на нови членови. На Балканот и во Македонија би биле наивни...

Попоски учествува на Минхенската безбедносна конференција

Министер за надворешни работи во заминување Никола Попоски ќе учествува на традиционалната, 53-та по ред, Минхенска безбедносна конференција, што ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија, Овогодинешната конференција ќе биде фокусирана на иднината на трансатлантските односи по претседателските избори во САД, европската безбедносна соработка и одбрана, односите со Русија, војната во Сирија, политичко - безбедносната ситуација во Азија...

Бугарските европратеници ги заборавиле вистинските вредности на ЕУ, оцени Попоски

Шефот на македонската дипломатија во заминување Никола Попоски денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“, потсетувајќи на разговор со неименуван европратеник, оцени дека бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски ги ставиле своите лични цели и интереси при носењето на резолуцијата за напредокот на Албанија кон ЕУ, во која на нивно барање се потврдува постоењето на бугарско малцинство во...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...