fbpx
Таг: Никола Тодоров

таг: Никола Тодоров

Тодоров најави трајно вработување на 2.000 хонорарци од здравствениот сектор

Околу 2.000 лица кои неколку години работат хонорарно во здравствениот сектор ќе добијат решенија за работа на неопределено време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој посочи дека постапката за вработување на доктори, медицински сестри, техничари, правници и на друг персонал била веќе во процедура и 35 отсто од лицата, односно околу 700 од нив, ќе бидат...

ЛДП бара неотповиклива оставка од Тодоров

Либерално-демократската партија бара неотповиклива оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара од Велес. Партијата изрази сочувство до семејството на Тамара и жалeње за прерано заминатиот млад живот. Велат дека се револтирани од односот на институциите што беа задолжени за лекувањето на малата Тамара. „Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека...

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната. - Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог, педијатар, направен е обид за реанимација, но безуспешно. Точната причина за смртта засега не е утврдена...

Тодоров во посета на Брисел

Во еднодневна посета на Брисел денеска ќе присуствува министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод презентирање на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (European healthcare consumer index – EHCI). На покана на организаторот на настанот, Европски здравствен потрошувачки индекс, министерот Тодоров ќе одржи обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија. Во рамки на посетата на Брисел, министерот Тодоров...

Клиниката за гастроентерохепатологија најдобра во 2014 година

Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија постигнала најдобрите резултати во 2014 година според резултатите од имплементацијата на системот „Баланс скор кард“. Оваа клиника ги исполнила сите критериуми, односно работела без долгови, не го надминува буџетот за медицински потрошен материјал, поттикнува воведување нови интервенции на работа и, според спроведените анкети, пациентите се задоволни од здравствените услови, информираше министерот за здравство, Никола Тодоров. Кај здравствените...

Тодоров го посети одделението за интервентна кардиологија во Струмица

Mинистерот за здравство Никола Тодоров денеска го постигна новоотвореното одделение за интервентна кардиологија при Општата болница во Струмица. Тој ја истакна историската важност за струмичкото здравство, кое се вброи во мрежата на интервентни кардиологии во земјата. Тодоров рече дека инсталирани се 10 ангеографи, а во монтажа е и единасеттиот.  

Наредната година 1.000 лекари ќе се обучуваат во најреномирани странски болници

Во текот на наредната година, околу 1.000 нови лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе бидат испратени на обука во најреномирани болници во странство. Од нив, околу 800 се лекари, а останатите техничари и помал број медицински сестри. - Само за јануари годинава се планира 100 нови лекари и медицински персонал да заминат на обука. Планираме таа динамика да...

Владата ќе гради централа за производство на струја за клиниката „Мајка Тереза“

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за произдводство на струја и на топлинска енергија, за снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и со топлинска енергија. Како што изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, од ноември 2013 година, Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас,...

„Баланс“ до Тодоров: Каде исчезна донираниот инсулин, вреден 700.000 евра?

Каде исчезна донираниот инсулин, вреден 700.000 евра, за само еден месец и која е причината за нов дефицит, го прашуваат министерот за здравство Никола Тодоров, од здружението на дијабетичари„Баланс“. Оттаму велат дека повторно во инсулинските аптеки во земјава има недостиг од инсулините „левемир“ и „новорапид“, овојпат надополнето и со недостиг од дијабетски помагала, како што се иглите за инјектирање инсулин и...

Никола Тодоров во посета на Париз

Од денеска, во тридневна работна посета на Франција претстојува министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој ќе ја искористи посетата да ја промовира и да ја афирмира идејата за слободни здравствени зони. Во рамки на престојот, предвидена е посета на клиничките центри во Тулуз и во Лион, како и болниците „Сент Џозеф“, „Амбросе Паре“ и„ Д’Ентони“ во Париз.  

Тодоров: Тамара ќе се оперира на државен трошок

Целосно покриени ќе бидат трошоците за изведување оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров. На Тамара, која има проблем со искривување на ’рбетот, ова ќе ѝ биде седма операција. - Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми, поради што тој ќе биде изведен во...

Тодоров: Новиот анализатор на Клиниката за детски болести дава побрзи резултати

Универзитетската клиника за детски болести досега има направено околу 90.000 анализи со новиот лабораториски биохемиски анализатор, што е доказ за високото ниво на искористеност, рече министерот за здравство Никола Тодоров. Според спецификациите, апаратот за еден час може да изврши и до 800 анализи, а во детската клиника дневно се прават по 1.200 такви анализи. - Првпат во Македонија се овозможи да...

„Баланс МК“ побара оставка од министерот за здравство

Oд Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс МК“  денеска побараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, огорчени од неговите последни одлуки кои, според нив, предизвикаа инсулинска криза. Надозволиво е, велат оттаму, постојано да се враќаат чекор назад во битката со дијабетот и да се соочуваат со банални проблеми, како што е употребата на несоодветни игли за инсулин кај бебињата и кај...

Повеќе од 45.000 пациенти не се појавиле на „Мој термин“

Дури 45.000 пациенти не се појавиле на закажаниот преглед  на „Мој термин“ во октомври, а од почетокот на годинава таа бројка изнесува 420.000. На ортопедија, каде е најдолга листата на чекање, во просек по 2.700 пациенти месечно не доаѓале во договореното време. Министерот за здравство Никола Тодоров не најавува казни, но бара јавна дискусија за да се надмине проблемот. -...

Специјализантите ќе полагаат пред камери

Специјализантите пред камери ќе го полагаат теоретскиот дел од колоквиумот. Полагањето ќе се емитува директно преку веб-страницата на Министерството за здравство. Ова идеја на министерот Никола Тодоров треба се најде во Законот за здравствена заштита. Според Тодоров, снимањето на испитот и неговото директно емитување е важно за сите специјализанти да имаат иста позиција. - За да не може да има врски, народски...

Обука за лекарите кои праќаат многу пациенти на томографија

ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и протоколите за медицина
Лекарите што упатиле премногу пациенти на компјутерска томографија или на магнентна резонанца, а по снимањето излегло дека тие немаат болест или повреда, ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и за штетните последици од неоснованото и прекумерно користење на медицинската опрема. „Како што знаете, неодамна, на...

Тодоров: Секој пациент што нема да биде прегледан во „Мој термин“ да донесе оправдување

Секој пациент којшто нема да биде прегледан во терминот закажан преку „Мој термин“ кај доктор специјалист или супспецијалист или ќе биде прегледан со задоцнување за кое не постојат објективни и оправдани причини, да достави известување во писмена форма или усно да се оправда во записник до раководителот на одделот истиот ден, а најдоцна следниот ден. Вакво ново правило предлага министерот...

Намалени цените на 589 лекови

Намалена цената на лекови кои се купуваат во апетка, како и лековите за болничка употреба
Намалени се цените на вкупно 589 генерички лекови и оригинатори (иновативни лекови), од кои 434 ќе бидат малопродажни цени. Ова шесто по ред намалување на 228 малопродажни цени на генерички лекови и на 206 иновативни лекови и оригинатори, почна да важи од 1 ноември 2014 година. Според министерот за здравство, Никола Тодоров, вкупната заштеда кај генеричките лекови на годишно ниво...

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...