fbpx
Таг: Никола Тодоров

таг: Никола Тодоров

Тодоров: Напад на лекар ќе се казнува како кривично дело врз службено лице

Со новите измени на Законот за здравствена заштита, нападот врз лекар е кривично дело и ќе се смета и ќе се санкционира како напад на службено лице, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод Светскиот ден на здравјето - 7 април. - Оваа законска одредба ја вметнавме со измените на Законот за здравствена заштита со која предвидовме дека...

СДСМ: Тодоров го уништи здравството

Без срам Никола Тодоров и денеска ги потцени докторите и здравствените работници во Република Македонија, стои во реакцијата на СДСМ, по најавата на министерот за здравство Никола Тодоров на нови тимови, возила и повисоки плати за докторите во Итната медицинска служба. „Тодоров го уништи здравството во Република Македонија, на штета на граѓаните и лекарите. Со кое лице Никола Тодоров...

Тодоров најави нови тимови и возила за Итната медицинска помош

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“ најави нови тимови, возила и повисоки плати за докторите од Итната медицинска помош во Скопје - Од овој месец Итната медицинска помош во Скопје има нови и повеќе тимови, како и повисока плата за докторите, а во тек е и набавка на нови...

Најновиот документ ќе биде дополнителен доказ во кривичната постапка за случајот на Тамара

Документот во кој се вели дека децата болни од искривување на ’рбетот се чувале за операции во новиот спинален центар, наместо да бидат испраќани во странство, ќе биде дополнителен, нов доказ во постапката што ја води Хелсиншки комитет за случајот на малата Тамара Димовска од Велес, која почина пред една година. Претседателката на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска, вели дека документот докажува...

СДСМ: Кардиологија остана само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти

„Никола Тодоров веднаш да излезе и да каже дали Клиниката за кардиологија е оставена само со еден антибиотик и зошто? Според информации од лекари, на клиниката во моментов има само еден антибиотик што им го даваат на сите пациенти кои се болнички згрижени“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него, исто така, се додава дека „лекарите стравуваат дека со ваков...

Тодоров: До овој момент одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април

До овој момент одлуката на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во попладневните вести на телевизија „Сител“. - ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, со висок степен на демократија, внатрешна демократија, во органите и во телата на партијата. Во овој момент одлуката на извршниот комитет на...

Денеска напладне пред Обвинителство, протест по повод годишнината од смртта на Тамара

Денеска напладне, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше...

СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници за да правда бизниси

Никола Тодоров е соочен со кримнинална заднина на тендерите во здравството и затоа му се потребни медицинските работници, кои, наводно, ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните, обвини СДСМ. „Последниот ревизорски извештај покажа дека е набавена медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите, дека...

Никола Тодоров ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство и член извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, ќе биде шеф на изборниот штаб на партијата на претсетојните предвремени парламентарни избори. Ова Тодоров денеска го изјави при отварањето на нов дерматовенеролошки специјалистички кабинет при поликлиниката Драчево. Тодоров беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и на локалните избори во 2013 година, а на парламентарните и на претседателските избори...

ВМРО-ДПМНЕ од европратениците побара избори на 24 април

Никола Тодоров, министерот за здравство и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на кои им укажал дека од партијата очекуваат Договорот од Пржино да биде до крај реализиран и да има избори на 24 април. „На меѓународните претставници, кои се гарантори на спроведувањето на договорот, им беа пренесени...

Пратениците не изгласаа интерпелација на министерот Тодоров

Со 29 гласа „за“ и со 56 гласа „против“, пратениците во Собранието на Република Македонија ја отфрлија интерпелацијата на министерот за здравство, Никола Тодоров, која беше поднесена од пратеничката група на СДСМ. Претходно, за време на расправата, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и...

Граѓаните со протест пред Собранието побараа оставка од министерот Тодоров

Додека во Собранието во тек е расправата за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пред Собранието граѓани и активисти со извиците „Оставка“ и „За Тодоров затвор“ потестираа против лошите политики во здравството. Тие побараа од министерот Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да преземе политичка и морална одговорност. - Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да...

Опозицијата зборува за Тодоров, позицијата за лажните лични карти

„Господине Тодоров, Вие сте лично и директно одговорен за смртта на Тамара. Нели Ви одѕвонуваат во свеста пораките на мајката на Тамара, што Ви ги упати на протестот пред Министерството за здравство“, го праша пратеникот Горан Мисовски министерот Тодоров. - Имавте желба малата Тамара да биде првиот пациент во центарот за сколиоза и поради тоа тактизиравте. Побарајте си го на...

Тодоров набројуваше проекти, пратениците му ги редеа трагичните случаи

Денеска на седницата на Собраниeто, на која се расправа за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и за многу други неуспешни проекти. - Господине Тодоров, доста е! Ако во Вас останало достоинство, одете си! За...

Утре граѓански протест за интерпелација на Никола Тодоров

Пред Собранието на Република Македонија, утре, со почеток во 18 часот, ќе се организира протест на кој граѓаните ќе побараат пратениците да гласаат за разрешување на министерот за здравство, Никола Тодоров. „Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине...

Тодоров: Во Македонија ќе се легализира канабисот за медицински цели

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска соопшти дека Mинистерството за здравство, по опсежните јавни дебати, ќе поднесе предлог-закон за употреба на канабисот за медицински цели. - По изнесување на различни искуства и воочување на добивките и ризиците од употребата на канабис во медицински цели, денеска сакам да информирам дека Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства...

Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство

Владата подготви измени на Законот за здравствена заштита со кои се овозможува медицинските сестри, техничари и радиолошки технолози со средно, вишо и со високо стручно образование ако сакаат, да можат да се вратат од приватното во јавното здравство, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров, додавајќи дека законските измени веќе се во собраниска процедура. Тодоров рече дека целта на законските измени...

Тодоров: Поставувањето на оградата е во согласност со одлуките на ЕУ

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој е раководител на управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза и заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, попладнево пристигнаа во Гевгелија каде неколку часа претходно магрантите се судрија со полицијата поради поставувањето на жичаната ограда кај котата 59 на границата со Грција. Состојбата на јужната граница сега е мирна, но со засилено присуство...

Сите прегледи за бремените жени ќе бидат бесплатни

Сите гинеколошки прегледи, микробиолошки прегледи, биохемиски анализи, вклучувајќи го и самото породување, ќе бидат бесплатни за секоја бремена жена, државјанка на Македонија, без разлика дали е здравствено осигурана или не, истакна денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, кој додаде дека оваа мерка ќе стапи на сила од почетокот на идната година. Тој посочи дека за намалување на трудничкиот морталитет донесени се...

СДСМ: Фрапантни податоци за смртност на бебиња, Груевски го штити Тодоров

Во Македонија умираат трипати повеќе новороденчиња од пресекот на земјите од Балканот и од ЕУ, посочуваат од СДСМ во соопштението испратено до јавноста. - Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14,4 проценти. Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, како Берово, Гевгелија, Дојран, умираат до неверојатни 30 проценти од новородените бебиња. Овие фрапантни податоци призлегуваат од научната демографска студија за зголемената...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...