fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Курц до Димитров: Австрија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

Австрија е пријател на Балканот и на Македонија, напиша на „Твитер“ шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тој рече дека му е чест што се сретнал со австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и што му презентирал едно ново македонско поглавје. https://twitter.com/Dimitrov_Nikola/status/884367417090199552 На средбата, како што информираат од австриското МНР, се разговарало за миграцијата, евроинтеграциите, ОБСЕ, со која годинава претседаваат Австрија...

Македонија и Бугарија постигнаа основа за компромис за договорот за добрососедство

Постигната беше основа за компромис за договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, следната фаза се консултации и внатрешни процедури, објави бугарското МНР по консултациите што викендов во Софија ги одржаа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка Екатерина Захареива. „Делегации од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводени...

Димитров утре во Австрија на покана на Курц

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Австрија на покана на австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, информираат од Министерството за надворешни работи. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да оствари средби и со членови на комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на...

Димитров: Потребна ни е насочена дипломатија и зголемено внимание

„Балканот не е на европската периферија географски, туку на периферијата на политичкото внимание. Во моментот ни е потребна добро насочена дипломатија и зголемено внимание. Геополитиката се враќа на Балканот“, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој вчера и денеска учествуваше на Глобалниот форум во Варшава. - Една од лекциите што ги научивме низ справувањето со кризата е...

Кохабитацијата на тест: Во тек се разговорите за именување 18 амбасадори и конзули

Премиерот Зоран Заев вчера при промовирањето на реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции, најави кохабитација со претседателот Ѓорге Иванов. Прв чекор во кохабитацијата е пополнување на испразнетите 18 дипломатски позиции во амбасадите, конзулатите и во мисиите на Македонија во странство. Во моментов испразнети се 13 амбасадорски позиции, од кои 12 се во Европа и една во Кина, три...

Димитров: Македонија мора да покаже дека има капацитет да решава отворени проблеми

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика изјави дека се отвора ново поглавје во однос на надворешната политика на Македонија и ја повика опозицијата на соработка и на консензус, особено во остварувањето на стратешките цели - членството во НАТО и во ЕУ и градењето на добрососедските односи. Во однос на неговата прва официјална посета...

Нимиц – Димитров: Сега не е време да се излезе со дефинитивен предлог

„Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, изјави за медиумите специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На прашање дали постои одреден напредок, поместување во позициите на...

Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името Метју Нимиц утринава се сретна со премиерот Зоран Заев. По ова медијаторот ќе се сретне и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. По двете средби предвидена е изјава за медиумите. Нимиц, кој од саботата е во четиридневна посета на Скопје, претходно изјави дека целта на неговата посета е да ја испита...

Димитров: Не ни требаат стотици споменици за да бидеме горди Македонци

„Оваа Македонија која ја претставувам е позрела Македонија. Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и страв“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за регионалната телевизија „Н1“. Во интервјуто дадено во Дубровник, за време на Самитот на земјите учеснички во Процесот...

Хојт Ји: Најтемниот момент на Балканот беше 27 април во Собранието на Македонија

Најтемниот момент на Балканот годинава беше 27 април во Собранието на Република Македонија, а најдобрата вест во целиот регион - формирањето на новата реформска влада. Ова го истакнал заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, во рамките на панел-дискусијата на „Дубровник форум 2017“, што се одржува денеска на тема „Јадранско-медитеранската соработка и...

Поранешниот прв разузнавач, Виктор Димовски, е нов генерален секретар на МНР

Амбасадорот и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, со решение на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, е поставен за нов државен секретар во Министерството за надворешни работи, соопштија денеска од МНР. Виктор Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна...

Прибе: Неопходна е мобилизација на институциите за спроведување на реформите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаа работен појадок со експертот од ЕУ за реформските приоритети, Рајнхард Прибе. Димитров изразил благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Прибе, кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области придонесе во процесите за надминување на политичката криза. - Отсуството на независни институции имаше...

Прибе на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен појадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Вчера...

Прибе утре на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Инаку,...

Бренде до Заев: Норвешка ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска со шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, разговараше за состојбата во Македонија и за приоритетите на новата влада. Заев го информирал Бренде дека новата влада работи посветено на реформите и на демократските вредности. Тој истакнал дека иднината на Република Македонија е во Европската Унија и во НАТО. На средбата,...

Димитров и Гарет разговарале за реформските приоритети

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, со кого разговарал за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на новата реформска влада, со акцент на силната определба за зацврстување на владеењето на правото и на демократијата во земјата. Димитров и Гарет разговарале и за имплементирањето на итните реформски приоритети, при што Димитров искажал...

Шефот на норвешката дипломатија Бренде во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе биде во посета на Македонија, каде што треба да се сретне со државниот врв. Бренде во 11 часот ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по што ќе следува средба помеѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата министри ќе даваат изјави за медиуми. Како што...

Шефот на дипломатијата, Димитров, ќе оди на инаугурацијата на Вучиќ

На инуагурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, како претставник на македонската влада, ќе присуствува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, велат од Владата на Република Македонија. Во интервјуто за српската државна  телевизија РТС, Вучиќ најави дека на неговата инаугурација ќе присуствуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и, веројатно, премиерот Зоран Заев. Заев, инаку, најави дека првите средби на новата влада ќе бидат...

Димитров: Ќе запре постапката за испраќање на Николовски за амбасадор во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на Европската Унија во Брисел. – Постапката ќе се запре. Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко-партиски фолклор. Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија? Ќе...

Заев ги почна средбите во Софија, прво со Борисов, а потоа со Радев

Денеска и утре, премиерот Зоран Заев, заедно со владина делегација, е во дводневна работна посета на Бугарија, каде што ќе има средби на највисоко владино и државно ниво. Заев прво ќе се сретне со претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов. Потоа, премиерот и владината делегација на Македонија во Бугарија ќе имаат средба со претседателот на Бугарија, како и работна...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...