fbpx
Таг: Нигерија

таг: Нигерија

Припадници на Боко харам залапиле шест села во Нигерија

Припадници на исламистичката група Боко харам запалиле шест села на североистокот на Нигерија и убиле 37 лица во близина на нивното упориште во шумата Самбиса, јавуваат светските медиуми. Ахмед Аџими, кој успеал да побегне, вели дека нападот се случил во средата навечер. Тој вели дека се убиени селаните кои неодамна се вратиле во своите домови, откако војниците на почетокот од годинава ги...

Триесетина загинати во експлозија на бомба во Нигерија

Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија на пазар во нигериското место Џимет, на североистокот на земјата. Експлозивната направа била подметната под скутер на пазарот во државата Адамава, а детонирана е само неколку минути откако жена-самоубиец усмрти две лица на контролен пункт во градот Маидугури. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но тие ги имаат обележјата на исламистичката група...

Милитантите на Ал Шабаб ликвидирале 25 полицијаци

Најмалку 25 полицајци загинаа во заседа која на североистокот на Кенија ја поставиле припадниците на исламската група Ал Шабаб. Милитантите со гранати го нападнале конвојот од пет возила во кои биле полицајците. Портпаролот на Ал Шабаб соопшти дека нивните припадници го одзеле оружјето од полицијата, а дел од полицајците успеале да побегнат.

Боко харам досега убила повеќе од 7.300 цивили

Повеќе од 7.300 цивили од Нигерија и од соседните држави се убиени во нападите на исламистичката организација Боко харам, кои почнаа на почетокот од минатата година, соопштија Обединетите нации, наведувајќи дека околу 1.000 од жртвите се убиени годинава. Според податоците на ОН, во нападите на Боко харам се уништени повеќе од 300 училишта, а во деловите кои се под нивна контрола, работат само...

Боко харам киднапирала 500 деца

Околу 500 деца на возраст до 11 години се водат како исчезнати од нигерискиот град Дамасак откако го напуштија борците на Боко харам. Трговец од тој северноисточен град соопшти дека организацијата Боко харам при заминувањето со себе собрала и деца. Војници од Нигерија и од Чад го зазедоа Дамасак на почетокот од месецов и ставија крај на повеќемесечната контрола на борците на групата.

Боко харам ѝ се заколна на верност на Исламска држава

Лидерот на исламистичката нигериска група Боко харам, Абубакар Шека, ѝ вети лојалност на Исламска држава во аудиопорака што ја објави во саботата. - Изјавуваме дека сме посветени на калифот на муслиманите, Ибрахим Ибн Авад ал Хусеини Кураши - соопшти гласот во пораката објавена на твитер-профилот на „Боко харам“. Кураши, познат како Абу Бакр ал Багдади, е лидер на џихадистичката група Исламска држава, која прогласи калифат...

Масакар во Нигерија, Боко харам уби 68 селани

Во масакар во Североисточна Нигерија, исламистите од движењето Боко харам убиле 68 лица. Масакрот се случил во село Нџаба. Еден од локалните жители успеал да побегне и да посведочи за масовните убиства. Поголем дел од селото е уништен во пожар.

Нигерија: Стотина убиени при офанзивата против Боко харам

Неколку стотини лица се убиени при воената операција на чадската армија во нигерискиот град Диква, кој претставува едно од главните упоришта на Боко харам. Еден чадски војник е убиен, а 34 се ранети, при повлекувањето на екстремистите, кои зад себе оставиле стотици мртви цивили, јавуваат воени извори.

Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

Вкупно 207 припадници на радикалната екстремистичка група Боко харам вчера се убиени во акција на војската на Чад во североисточниот дел на Нигерија. Како што јавуваат локалните медиуми, воените сили, во близина на границата со Камерун, заплениле големо количество оружје и муниција. Во офанзивата, еден војник на Чад загинал, а девет се ранети.

Нигерија: 27 загинати при два самоубиствени напади

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот нигериски град Потискум. Како што јавуваат локалните медиуми, при првиот напад, извршен од жена-самоубиец, загинале 17 луѓе, а повеќе од 50 се повредени. Втората експлозија се случила неколку часа подоцна, на автобуска станица во градот Кану, кој е честа мета на Боко харам. Засега...

Боко харам искористи дете за самоубиствен напад

Девојче, за кое се верува дека не е постаро од осум години, почина откако било принудено да изврши самоубиствен напад во Нигерија. Во експлозијата загинаа уште седум лица, а 19 се повредени. Нападот се случи на пазар во градот Потискум, на североистокот на земјата. Бомбата била детонирана додека девојчето со експлозивната направа стоело во близина на контролата на влезот на пазарот. Иако...

Нигерија: 36 загинати во терористички напад

Најмалку 36 лица загинаа во тројниот самоубиствен напад во северозападното нигериско село Јамаркуми. Како што јавуваат локалните медиуми, тројца мажи ги активирале експлозивните направи на безбедносен пункт, при што загинале војниците и деца кои продавале на улицата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Крвави судири меѓу Боко харам и камерунската војска

91 лице, од кои петмина војници и 86 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, загинале во судирите меѓу камерунската војска, на крајниот север од земјата. Припадниците на Боко харам од заседа ги нападнале војниците и пресметката траела речиси три часа. Групата Боко харам под своја контрола држи дел од територијата на североистокот на Нигерија, но таа стана и регионален проблем бидејќи...

Војската на Нигерија уби 109 исламисти од Боко харам

Министерството за одбрана на Нигерија соопшти дека војската убила 109 исламисти од екстремистичката група Боко харем. Во борбите, исто така, загинале и четири војници, како и еден цивил, а вооружен судир имало и во градот Дифа, каде исчезнале двајца припадници на војската, а 17 се повредени.

Нигерија: 200 војници загинаа за време на посетата на Џон Кери

Најмалку 200 припадници на нигериската војска загинаа за време на судирите со исламските екстремисти, кои на три фронта го нападнаа североисточниот нигериски град Мајдугури. Бунтовниците истовремено продолжија со напади на селата во државата Адамава, каде покрај пљачкање, убивање и палење куќи, се киднапирани за десетина жени и деца. Нападите се случија за време на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери...

Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Петнаесет лица биле убиени, а најмалку 11 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што вчеравечер се случил во близина на пазар во градот Гомбе на северот на Нигерија, пренесуваат светските медиуми. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но како што пренесуваат медиумите, Гомбе досега неколкупати бил цел на бомбаши-самоубијци. Радикалната милитантна организација Боко харам последните неколку месеци изврши напади...

Боко харам зазеде воена база во Нигерија

Припадниците на исламистичката група Боко харам зазедоа воена база во североисточниот нигериски град Бага. Како што јавуваат светските медиуми, во базата, во која се наоѓа штабот на мултинационалните сили од Нигер, Нигерија, Чад и од Камерун, во моментот на нападот се наоѓале само нигериски војници.

Нигерија: 40 загинати при експлозија на две бомби

Најмалку 40 лица загинаа при експлозија на две бомби во близина на нигерискиот град Џос. Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот. Ова е втор напад годинава во овој регион. Во мај сунитско-џихадистичкото движење Боко харам изврши бомбашки напад, при кој загинаа 118 лица.

(ВИДЕО) Две девојки-самоубијци усмртија 45 лица

Најмалку 45 лица загинаа на североистокот на Нигерија, откако две бомбашки-самоубијци, облечени во традиционална муслиманска носија, го детонираа експлозивот на преполноот пазар во градот Мајдугури. Очевидците потврдија дека една од девојките во зар ја активирала бомбата и убила три жени, додека другата чекала околу неа да се насобрат минувачи пред да ја активира другата бомба. Девојките на пазарот го активирале бомбите една...

Припадници на Боко Харам убиле 48 луѓе

Членови на исламистичката група Боко Харам убиле 48 трговци со риба во североисточниот дел на Нигерија, на брегот на езерото Чад, соопштија денеска локалните власти. Според локални официјални лица, десетина борци на Боко Харам, во четвртокот го блокирале патот во близина рибарската населба Дорон Бага, на брегот на езерото Чад, и убиле 48 лица. Упориштето на екстремната исламистичка група Боко Харам...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...