недела, 13 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: независност | 76 резултати

ААВМУ, АЕК и медиумите да се заштитат од политичко мешање

септември 28, 2017

Да се донесат законските измени со кои се предвидува двотретинска согласност на парламентарците при именување  на членовите на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и да се намали  рекламирањето на власта, пред се на локално ниво, во електронските медиуми и да се елиминира можност за политичко влијание во медиумите, се едни од главните […]

Турција ги прекинува сите летови кон градовите на северот на Ирак

септември 27, 2017

Турција ќе ги прекине сите летови кон градовите на северот на Ирак, во областите со мнозинско курдско население, јавуваат светските агенции. Станува збор за една од првите мерки на официјална Анкара, откако регионалните власти на северот на Ирак во понеделникот одржаа референдум за независност. Како што пренесуваат агенциите, ќе бидат прекинати комерцијалните летови кон градот […]

Повеќе од 92 отсто од ирачките Курди гласаа за независност

септември 27, 2017

Жителите на северниот дел на Ирак со огромно мнозинство гласале за независност на регионот Курдистан на референдумот што се одржа во понеделникот оваа недела, пренесува „Би-би-си“. Од изборната комисија соопштиле дека повеќе од 92 отсто од вкупно 3,3 милиони Курди и друго не-курдско население гласале за отцепување на регионот Курдистан од Ирак. Информацијата доаѓа откако […]

Ердоган им се закани на ирачките Курди дека ќе гладуваат поради референдумот

септември 26, 2017

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, им се закани на ирачките Курди дека може да соочат со глад како резултат на мерките што ги разгледува Анкара по вчерашниот референдум за независност на ирачки Курдистан, пренесува „Би-би-си“. Ердоган го обвини лидерот на курдската регионална влада, Масуд Барзани, за предавство, поради инсистирањето референдумот да се одржи и покрај […]

Шпанската полиција во потрага по референдумските ливчиња во Каталонија

септември 17, 2017

Шпанската полиција изминатите неколку дена пребарала повеќе печатници и простории, барајќи ги гласачките ливчиња, кутиите и промотивните материјали за референдумот за независност на Каталонија, кој шпанскиот уставен суд го забрани, пренесува ХРТ. Со потрагата по гласачкиот материјал, шпанската централна влада се обидува да го спречи одржувањето на референдумот закажан за 1 октомври, а кој каталонската […]

САД бараат од ирачките Курди да го откажат референдумот за независност

септември 16, 2017

Белата куќа ги повика ирачките Курди да го откажат референдумот за независност, закажан за 25 септември, оценувајќи го како провокативен и дестабилизирачки, јавуваат светските агенции. Повторувајќи го уверувањето дека гласањето ќе претставува пречка за борбата против Исламска држава и за стабилизацијата на ослободените подрачја, Вашингтон јасно го изразил своето несогласување со одлуката на парламентот на ирачките Курди […]

Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

септември 15, 2017

Европската комисија ќе го почитува потврдниот исход од референдумот за независност на Каталонија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека регионот не треба да очекува по гласањето веднаш да стане членка на ЕУ. – Комисијата не се вклучува во интерните, домашни дебати во земјите членки – истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот […]

Македонија одбележува 26 години независност

септември 8, 2017

Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

Претседателот Иванов и Груевски го честитаа Денот на независноста

септември 8, 2017

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „По многувековни борби, незапирливиот македонски стремеж за слобода го остваривме на 8 Септември 1991 година. На 8 Септември ние не гласавме за различни партии, туку за една и единствена заедничка Република […]

Каталонија усвои закон за референдум за независност

септември 7, 2017

Каталонскиот парламент усвои закон со кој ги официјализираше своите планови на 1 октомври во овој шпански регион да се организира референдум за независност. Владата во Мадрид претходно го прогласи референдумот за противзаконски и најави дека ќе го спречи. Мнозинството пратеници од регионалниот парламент, во кој мнозинство има партијата која сака да се отцепи од Шпанија, […]

ЗНМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

август 24, 2017

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска […]

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за независност

август 12, 2017

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за незавиност од Ирак, кој е закажан за 25 септември, и покрај барањето од Соединетите Американски Држави тој да биде одложен, јавуваат светските агенции. „Датумот стои, тој е 25 септември и нема никакви промени“, изјавил Хошјар Зебари, советник на регионалниот претседател на Курдистан, Масуд Барзани. Тој на овој […]

Заев: Како премиер, најпрво ќе преземам мерки поврзани со интересите на граѓаните

мај 7, 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека до крајот на месецот очекува да стане премиер и првите мерки што ќе ги преземе новата влада ќе бидат поврзани со интересите на граѓаните. Тој во интервјуто зборува за реформите кои се предвидени со новата програма, но и за претстојните локални избори. […]

Гарет: Излезот од политичката криза е во владеењето на правото

март 31, 2017

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и на слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и од Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Скопје, а по повод „Денот на судството“. Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството […]

Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

март 13, 2017

Премиерката на Шкотска и претседателка на Шкотската национална партија, Никола Стурџен, повтори дека ќе бара дозвола за одржување втор референдум за независност на Шкотска. Таа соопшти дека од шкотскиот парламент следната недела ќе побара одржување реферндум, јавува „Би-би-си“. Стурџен наведува дека сака гласањето да се одржи во периодот од есента 2018 година до пролетта 2019 година. […]

Британците не им дозволуваат на Шкотите нов референдум

февруари 2, 2017

Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез од Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург. Министерот за одбрана, Мајкл Фелон, ја изнесе идејата, по што се огласи премиерката на Шкотска, Никола Стурџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално. Фелон рече дека шкотската влада нема мандат да […]

По судот и ОJO, се јавија и судиите: За непристрасна правда, неопходно е непристрасно судство

октомври 25, 2016

По скопскиот кривичен суд и Основното јавно обвинителство, денеска со соопштение за актуелните случувања во правосудството се јави и Здружението на судиите на Република Македонија. Оттаму велат дека со особено внимание ги следат актуелните состојби во судството, „особено прашањата што се однесуваат на независноста, непристрасноста, евалуацијата и на одговорноста“. „Здружението на судиите укажува дека независноста на […]

Во Атина одбележана 25-годишнината од македонската независност

септември 21, 2016

На свечен прием во Атина во организација на македонската канцеларија за врски, вчера се одбележа 25-годишнината од македонската независност. Со присуство на бројни странски гости, амбасадори, грчки политичари, претставници на грчкото министерство за надворешни работи и на кабинетот на премиетот Алексис Ципрас, а со дегустација на македонски вина и пива, паралелно се одбележаа и 21 […]

САД со честитка за независноста на Македонија

септември 7, 2016

Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и на американскиот народ, упати честитка до македонските граѓани по повод 25-годишнината од независноста на Македонија. „Овој значаен јубилеј им нуди на нашите две земји можност да размислат за силата на нашето пријателство во текот на изминатиот четврт век. Македонија има направено голем напредок […]

Иванов со честитка до Обама по повод 4 јули

јули 4, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 Јули – Ден на независноста, упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. „По повод 4 Јули – Денот на независноста, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република […]

Страна 3 од 4