fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Патот Шипковица – Бродец делумно расчистен по невремето, жителите и на натаму во грч

Надлежните служби сè уште го расчистуваат патниот правец Шипковица - Бродец - Вешала, кој вчера по големите врнежи од дожд беше затрупан со наноси од камења и земја, но по патот, со претпазливост, поминуваат возила за итни случаи. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која денеска го посети местото, изјави дека градежната механизација и во текот на наредните денови ќе продолжи...

Најмалку 15 загинати, 22 повредени и 6 исчезнати лица во невремето во Скопје

До утринава во 8.30 часот на скопските клиники бил примени 22 повредени лица во синоќешното големо невреме во Скопје и околината, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во временската непогода, според досегашните информации животите ги загубиле 15 лица, а шест се пријавени за исчезнати. Како што информираат од МВР, од невремето, особено во Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, биле пријавени...

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи вонредна седница за невремето

Советот на Град Скопје за денеска во 14 часот закажа вонредна седница по синоќешното големо невреме кое го погоди Скопје и околината, информираат од Градот. На седницата единствена точка на дневен ред ќе биде информацијата во врска со вчерашното невреме и мерките и активностите за санирање на штетите. Во невремето, како што првично информираа од Министерството за внатрешни работи, животите...

И денеска нестабилно, со врнежи, грмежи и засилен ветер

По вчерашното големо невреме кое го зафати Скопје и северо-западниот дел на земјава, синоптичатите и за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 25 до...

Петнаесет загинати во вчерашното невреме во Скопје

Најмалку 15 лица ги загубиле животите во синоќешното големо невреме кое го зафати Скопје, информираат привично за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека ова се досегашните неофицијални податоци за загинати лица, констатирани до утрово. Според МВР, сите жртви се од североисточниот дел на Скопје кај Стајковци и околината, кои беа најпогодени од вчерашното невреме. Од МВР подетални...

Невремето во тетовско предизвика ерозија на земјиштето и блокираше неколку патни правци

Големи врнежи од дожд попладнево предизвикаа неколку свлечишта и блокираа два патни правци. Затрупан беше патот на влезот од Шипковица кој доцна попладнево е расчистен и патниот правец на излезот од Шипковица кој води кон селата Бродец и Вешала кој се уште е блокиран со наноси од камења и земја. Се работи на негово расчистување. -Градежната механизација е на...

Големо невреме во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици

Eкипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат за да се исчистат сите сообраќајници каде што се направи поплава поради обилните врнежи од дожд, информираат од градот. „Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија...

Пороен дожд го поплави Прилеп

Силно невреме проследено со пороен дожд, ветар и со грмежи го зафати Прилеп попладнево. Од Општина Прилеп информираат дека поплавените површини на градскиот плоштад и улиците веќе се исчистени. Од УХМР најавија дека во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град. Според синоптичарите, повеќе...

Силен ветер и дожд урнаа дрвја и бандери на улиците во Скопје

Невреме проследено со силен дожд, ветер и со град го зафати Скопје во попладневните часови. Урнато дрво и бандери можеа да се забележат на улицата Киро Крстевски – Платник пред Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во центарот на градот. Силниот дожд ги поплави и улиците, со што го отежна движењето на граѓаните и на автомобилите. Од УХМР утринава најавија дека во...

Претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално и во форма на невреме. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура...

Најмалку 20 загинати во невреме и во поплави во Западна Вирџинија

Најмалку 20 луѓе, меѓу кои и две деца, ги загубиле животите во поплавите што ја погодија сојузната американска држава Западна Вирџинија, соопштиле официјални државни претставници, јавуваат светските медиуми. Силното невреме и поплавите предзвикале големи штети низ целата држава, изјавил гувернерот на Западна Вирџинија, Ерл Реј Тамблин. Вонредна состојба била прогласена во 44 од вкупно 55 региони на државата. Според медиумите, во тек е...

Македонија ја зафати локално невреме со пороен дожд и грмежи

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер зафати повеќе делови од Македонија, информираше Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според, УХМР најмногу дожд наврнало во Светиниколско 33 литри, Берово 11, Штип осум литри, и по еден литар во Битола и Тополчани во Пелагонија. Во скопската котлина невремето ги зафатило центарот и источните делови каде што ветерот во 17 часот достигнал 25 километри...

Единаесет лица загинаа во невреме во Русија

Единаесет лица загинаа, од кои 10 се деца, во несреќа на езерото Карелија во рускиот Пријажинскиот Регион, соопшти руската полиција. Спасувачките екипи успеале да спасат 11 лица, а се трага по уште четворица туристи. Руските медиуми јавуваат дека силна бура го зафатила северозападното езеро, при што погодени биле 49 туристи. Туристите, меѓу кои имало деца на возраст од 12 до 15...

Град со големина на јајце од кокошка го собра родот во Македонска Каменица

За само 20 минути, градот што синоќа ги погоди Македонска Каменица и селата Моштица, Костин Дол и Косевица ги уништи овошките, а посевите останаа на земја. - Цели дваесет минути без прекин паѓаше град со големина на јајце од кокошка. Ништо не остана. Пластениците се со сто отсто штета. Исто и на овошките и зеленчукот. Се е на земја. Дури е уништен и...

Силен ветер во Тетово оштети објект

Силниот ветер кој дуваше во Тетово претпладнево собори голема гранка од дрво покрај Булеварот Благоја Тоска. Гранката заврши на покривот на еден од објектите лоцирани покрај булеварот. Во СВР Тетово пријавено е оштетување на покривот од објектот. Остатоците од гранките кои беа паднати и на едната коловозна лента од Булеварот Благоја Тоска беа отстранувани од страна на Тетовската територијална противпожарна...

Пороен дожд и грмежи нè очекуваат денеска

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, најпрвин на запад, а потоа и насекаде, ќе има пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе наврнат повеќе од 20 литри дожд на еден квадратен метар, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13 Целзиусови...

Најмалку 21 загинат во бродолом кај Хаити

Најмалку 21 лице загинале при бродолом во близина на Хаити, кој се случил поради силни дождови и невреме. Спасувачките екипи, јавуваат светските агенции, почнале со извлекување на телата на загинатите по потонувањето на бродот кој пловел од местото Гонаив, на северот на Хаити, кон местото Бомбардополис. Засега не се знае точно колку патници имало на бродот во моментот на несреќата. Според...

Педесет и три лица загинаа во невреме во Пакистан

Поројните дождови што го зафатија северозападниот дел на Пакистан однесоа 53 животи, а повредени се 60 лица, соопштија локалните власти. - Смртни случаи се пријавени во провинцијата Хајбер-Пахтунва по невремето кое почна доцна синоќа - изјави портпарол на провинциската управа за вонредни ситуации. Невремето предизвикало уривање на покриви од куќи во областа Кашмир, а неколку објекти во кашмирското село Сам Гунг се затрупани од...

Невремето на Фиџи усмрти 18 лица

Циклонот Винстон, кој изминатиот викенд ги зафати Фиџи, однесе 18 човечки животи, покажуваат податоците што денеска ги соопштија властите на пацифичката островска земја. Властите на Фиџи уште со тешкотии стапуваат во контакт со некои острови, вклучувајќи го и Коро, каде е причинета најголема штета. Според податоците на метеоролошките служби, ударите на циклонот Винстон достигнувале и до 285 километри на час, што го прави...

Се урна куќата на Рајна Бурева во Штип

Од силниот ветер се урна стара куќа во Ново Село, стариот дел на Штип. Ветерот што дува цел ден во Штип, особено се интензивира во попладневните часови, кога според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, достигна брзина и повеќе од 80 километри на час. Во старата куќа, некогашниот дом на штипјанката Рајна Бурева, не живеел никој откако семејство не успеало да се договори...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...