fbpx
Таг: невработеност

таг: невработеност

Порталб анализа: Во некои дејности се делат откази, во други има побарувачка за нови вработувања

За речиси 52.000 лица е зголемен бројот на регистрираните во графата „невработени“ на крајот од октомври годинава, во споредба со лани истиот месец. Близу 16.000 лица се соочиле со губење на работното место како последица на кризата со ковид-19, пишува „Порталб.мк“. Здравствената криза донесе дисторзија на пазарот на труд, многу луѓе останаа без работа, но има професии кои се...

Креирана платформа „Web4Jobs“ за поврзување на млади невработени лица од Балканот

Со цел да се поврзaт млади невработени лица од регионот на Западен Балкан и да се обезбедат можности за вработување, образование, обуки, мобилност и претприемништво за успешен влез на пазарот на труд, неколку балкански граѓански организации, меѓу кои и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја креираа онлајн платформата Web4Jobs. „Со платформата имаме за цел да обезбедиме повеќе можности за младите,...

ДЗС: Пад на невработеноста од 17,3 отсто лани на 16,7 отсто во второто тримесечје од годинава

Намалување на бројот на невработените лица во државава, евидентира Државниот завод за статистика (ДЗС) за периодот од второто тримесечје од годинава. Во овој период имало 159.623 невработени лица, додека во цела 2019 година бројот на невработените изнесувал 166.363, или стапката на невработеност лани била 17,3 отсто, додека во второто тримесечје од 2020 таа изнесува 16,7 отсто. Според денешните податоци...

Корона кризата ќе остави без работа 195 милиони луѓе во светот

Општиот прекин на работењето на многу компании во светот и низата економски мерки поврзани со ширењето на корона вирусот, се одрази врз приближно 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечје од 2020 година, поради различните ограничувања, ќе бидат изгубени вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на останување без работа на 195 милиони луѓе, се наведува...

Стапката на невработеност падна за 3,2 отсто за една година и изнесува 16,6 отсто

Во Македонија се намалува бројот на невработените, а се зголемува на вработените. Тоа го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, од добиените резултати на Анкетата за работна сила за четвртото тримесечје од 2019 година. Според нив, активното население во Македонија изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени. Стапката на активност во...

ДЗС: Невработеноста се намали на 17,5 отсто

Стапката на невработеност во вториот квартал 2019 година се намали на 17,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци бројот на невработени лица во земјава изнесува 168.180 лица, а бројот на вработени 794.283 лица. Стапката на активност во вториот квартал е 57,1 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 17.5. Стапката на невработеност во првиот квартал изнесуваше...

Стапката на невработеност се намали на 17,8 проценти во прв квартал

Стапката на невработеност се намали на 17,8 отсто во првиот квартал од годинава, објави Државниот завод за статистика. Во однос на четвртиот квартал лани стапката на невработеност е намалена за 1,6 отсто, а во однос на првиот квартал лани 3,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, активното население во Македонија изнесува 960.743 лица,...

Ромките се борат со невработеност и немање пристап до гинеколог

Иницијативата на жени од Шуто Оризари го одбележува Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и денес се соочуваат Ромките во нашата држава. „Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје. Незаконската наплата и неефикасните мерки од Програмата за активна заштита...

ДЗС: Невработени се 198.569 лица од активното население

Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 проценти и е намалена во однос на 2017 година кога изнесувала 22,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Активното население во 2018 година изнесувало 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 45,1 проценти.

Рекорд: Невработени се 33 доктори на науки и 866 магистри

Вкупно 33 доктори на науки се пријавени како невработени лица во Агенцијата за вработување, покажува последната статистика заклучно со месец октомври. Oва досега е најголемата бројка на невработени лица со оваа титула. Освен тоа, невработени се и 866 магистри на науки, како и безмалку 11.000 лица со завршено високо образование. Најбројни се лицата од профилот магистер по правни работи, магистер...

Бранителите од Прилеп бараат нивните семејства да имаат приоритет при вработување

Во чест на 16-годишнината од формирањето на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001 и 2002 година од Прилеп, како и во знак на почит кон своите загинати соборци, но и 30-ина бранители коишто поради пост-трауматски шок починаа подоцна, тие посадија зимзелени дрвја во Меморијалниот комплекс во селото Лениште –Прилепско.  Притоа ја искажаа својата загриженост, поради...

РСС: Во Македонија во последните осум години отворени 103.000 нови работни места

Западен Балкан се враќа на патеките на порастот, бидејќи во земјите во регионот од 2010 досега се создадени 600.000 работни места,  (од кои дури 103.000 во Македонија!), а во работната сила во регионот се влезени дополнителни половина милион високообразувани луѓе, велат од Регионалниот совет за соработка (РСС). Во Македонија во последните осум години се отворени 103.000 нови работни места, односно...

Грчките синдикати најавуваат 24-часовен штрајк на јавниот и приватниот сектор

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален 24-часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција, јавува новинската агенција МИА. Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а нема да се емитуваат ниту вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот. Грчките авиокомпании откажале или презакажале дел од летовите, а бродовите...

Невработеноста била 21,9 отсто во последното тромесечје на 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, активното население во Република Македонија броело 953.692 лица, од кои вработени се 745.206, а 208.486 лица се невработени. Стапката на активност во овој период изнесувала 56,8 отсто, стапката на вработеност 44,3, додека стапката на невработеност била 21,9 отсто. Во однос на претходниот, третиот, квартал на 2017 година, невработеноста...

Речиси половина од платите во Македонија не се пријавуваат реално

Високата стапка на невработеност на корупција и на сиромаштија се ризици за појава на скриена економија во Македонија, Албанија и Косово се вели во истражувањето кое беше презентирано во рамките на Регионалниот форум за скриена економија, кој денеска се одржува во „Холидеј Ин“. Скриените плати, се уште се еден од најголемите проблеми и подразбираат целосно или делумно непријавување на приходот...

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар. Каталонија...

Царовска: Во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија

Во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија, а целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти во 2020 година, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата (17 октомври). Таа вели дека за исполнување на целта, клучен е економскиот развој кој ќе значи повеќе...

Порастот на економијата во Кина ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти

Порастот на економијата во Кина за оваа година ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти, а владините мерки за сопирање на пазарот со недвижнини и понатаму ќе останат на сила. Аналитичарите исто така проценуваат дека економскиот пораст на Кина за цела 2017 година може да ја надмине целта на владата, откако втората најголема светска економија во првата половина од оваа година...

„Балкански барометар 2017“: Сиромаштијата и корупцијата и понатаму најголеми проблеми

Незадоволството на жителите во регионот на Југоисточна Европа е сè уште над просекот, но полека се намалува, а невработеноста, сиромаштијата и корупцијата и понатаму се меѓу главните проблеми. Ова се дел од заклучоците претставени во истражувањето „Балкански барометар 2017“, што се извршува по нарачка на Регионалниот совет за соработка (РCC) на повеќе од 8.000 испитаници во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,...

Во Владата залудно постојат министри за странски инвестиции, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ за само три месеци ја покажа својата неспособност во привлекувањето инвеститори и во отворање нови работни места, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. - Во Владата залудно постојат министри без ресор за привлекување инвестиции. Во Владата залудно постојат двајца советници од Србија кои се плаќаат со народни пари. Овие дебели хонорари не донесоа никаква добробит. Резултатот од оваа неодговорност...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...