недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: невладини организации | 54 резултати

Грција воведува построга контрола на странските НВО што дејствуваат во бегалските кампови

април 14, 2016

Грчката влада планира зголемување на контролата на невладините организации по инцидентите на Идомени. Владата подготвува нацрт-закон, кој ќе биде поднесен до собранието на гласање за да се воспостави поголема контрола над тоа кои се активистите што доаѓаат и дејствуваат во Идомени. Идејата е министерството за цивилна заштита да врши контрола над невладините организации и над нивните […]

В четврток протест на невладините организации за одложување на изборите

април 12, 2016

Шеесет и шест невладини организации в четврток, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија ќе организираат протест, со кој ќе му порачаат на претседателот на Собранието и на целото Собрание да не се распишуваат избори додека не се исполнат условите за тоа. „Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 […]

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

април 12, 2016

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија и дозволила вакви инциденти, Тоскас порачува дека сите македонски реакции се […]

Инсистирањето само на датум за избори води кон продлабочување на кризата

февруари 18, 2016

Не постојат услови за одржување фер, слободни и демократски избори на 24 април 2016 година. Инсистирањето само на датум за одржување на изборите, без јасна временска рамка за исполнување на условите што треба да им претходат, го отвора ризикот од потенцијален бојкот на изборите од страна на голем број граѓани, што несомнено ќе води кон […]

Трибина на тема „10 години заробена македонска држава“

февруари 5, 2016

Државната власт која управува со Македонија на недемократски начин го држи целото општество под заложништво, сметаат учесниците на трибината што се одржа во Тетово, под наслов „10 години заробена македонска држава“. Говорниците истакнаа три столба кои, според нив, се виновни, за како што го нарекоа, диктаторскиот режим во Македонија. – Добивме еден систем на владеење, режим […]

Опозицијата сè погласно зборува за бојкот, радикализација и за протести

јануари 28, 2016

Дали во наредниот период нè очекува радикализирање на отпорот и нов 17 мај ако владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остане на ставот предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април? Ако се суди според изјавите на некои политичари, како Лилјана Поповска и Стево Пендаровски, но и по најавата на  75. невладини и граѓански организации – да! Претставниците на граѓанскиот […]

Или одложување на изборите или бојкот и протести, порачаа 75 граѓански организации

јануари 28, 2016

Без исполнувањето на условите за слободни, фер и демократски избори, што подразбира нужно поместување на датумот, граѓанските активисти ќе немаат друга опција освен да повикаат на бојкот на изборите закажани за 24 април и на масовни протести против режимот, кој продолжува да ги гази демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија. Ова стои во […]

Невладиниот сектор бара референдумска одлука за најавените проекти на Галичица

јануари 27, 2016

Невладиниот сектор остро се спротивставува на најавените инфраструктурни проекти во Националниот парк Галичица и бара референдумска одлука за граѓаните на Охрид сами да одлучат за реализацијата на проектите. Во согласност со измените во планот за управување, кои се во завршна фаза, треба да се гради експресен пат, скијачки центар и туристички развојни зони. За тоа […]

Бојкот на наставата поради екстремно загадениот воздух во Тетово

декември 15, 2015

Екстремно загадениот воздух во Тетово ги принуди дел од родителите да не ги пуштаат своите деца на училиште. Тие денеска во дворот на основното училиште „Лирија“ организираа мал протест и најавија дека ќе ја бојкотираат наставата сè додека властите не преземат мерки против загадениот воздух. – Бевме принудени да преземеме вакви чекори. Синоќа се организиравме […]

Мобилен парламент: Прогласувањето на Шар Планина за национален парк би било од голема корист

декември 11, 2015

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е од голема важност за локалното население што живее во оваа планинска област, a корист ќе има и градот Тетово и целата држава. Ова се ставовите на учесниците на Мобилниот парламент, кој денеска се одржа во Тетово со наслов „Прогласување на Шар Планина за национален парк“, во организација на […]

Страна 3 од 3