fbpx
Таг: нерегуларности

таг: нерегуларности

„Мост“: Двајца приведени поради фотографирање на гласачките ливчиња

Граѓанската асоцијација „Мост“ во својот извештај во 17.30 часот одбележа повеќе неправилности со гласачки ливчиња и со избирачкиот список, од кои во одреден дел интервенирала полицијата. Имало пронајдени неупотребени гласачки ливчиња, обиди за гласање во име на други лица, фотографирање гласачки ливчиња и други неправилности. Двајца гласачи биле приведени. На гласачкото место 2762, во општина Кисела Вода, на гласач кој...

„Мост“: Доцнење на неколку гласачки места, во Струга гласач ги фотографирал ливчињата

Граѓанската асоцијација „Мост“ на почетокот на гласањето за локалните избори забележала задоцнувања на отворање на гласачки места, откинување гласачки ливчиња заедно со кочанот, неработење на УВ-ламба и фотографирање на гласачките ливчиња. Четири гласачки места во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, биле отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место. Гласачко место...

Мирен почеток на изборниот ден со помали нерегуларности, оцени „Цивил“

Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, утринава на прес-конференција рече дека почетокот на изборниот ден бил мирен, со низа помали нерегуларности, односно технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори. Посочи дека во текот на вчерашниот ден регистрирале повеќе од 20 случаи на прекршување на изборниот молк и тоа во Велес, Ресен, Скопје, Штип, Тетово и во Гостивар. – Се лепеа плакати во една...

СДСМ: Сите институции се посветени на спроведување фер и слободни избори

Сите наделжни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и в недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас. Со таква порака се обрати СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, во која беше најавено дека...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поставува „народни стражи“ за документирање изборни нерегуларности

ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе постави „народни стражи кои ќе бидат гарант за демократијата и граѓанската волја“, поради, како што велат, отсуството на реакција од страна на државните институции. Спиро Ристовски, претседател на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција рече дека тимови од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на терен и ќе ги документираат сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес. -...

Јавното обвинителство формираше Комисија за следење на изборни нерегуларности

Јавното обвинителство на Република Македонија формираше привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности за претстојното спроведување на локалните избори, закажани за 15 октомври 2017 година. Комисијата ќе треба да постапува по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од глава 16 од Кривичниот законик – кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои...

Груевски им се пожалил на Орбан и на Јанша дека власта ја злоупотребува изборната кампања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Охрид се сретнал со унгарскиот премиер и лидер на владејачката партија, Виктор Орбан и со претседателот на Словенечка демократска партија, Јанез Јанша. Груевски, лидерите на сестринските партии ги информирал за текот на изборната кампања за локалните избори. Тој, кампањата ја оценил дека поминува со низа нерегуларности и злоупотреби од страна на владејачката гарнитура. - Еден ден од објавувањето...

Основниот суд му определи 30-дневен притвор на Едмонд Темелко

Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. На градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Медиумите пишуваат дека СЈО побарало притвор за Темелко затоа што и покрај...

Саша Јанковиќ, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ заедно против изборна кражба

Опозицискиот претседателски кандидат, поранешниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, поранешниот шеф на дипломатијата, Вук Јеремиќ, и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, се согласиле дека иако водат одвоени кампањи, ќе имаат заедничка цел да спречат нерегуларности и изборна кражба. Предизборните штабови на тројцата кандидати во заедничко соопштение денеска ја повикаа Републичката изборна комисија да го признае правото на судските...

„Мост“: Изборите поминаа со низа нерегуларности и притисоци врз гласачите

Граѓанската асоцијација „Мост“ оценува дека изборниот ден поминал со висока излезност на граѓаните, имало нерегуларности во постапката на гласање и постоеле сериозни индиции за поткуп и за притисоци врз гласачите на одредени гласачки места. Набљудувачите на гласачките места забележале агитирање на гласачи, зголемен број на случаи на фотографирање на гласачките ливчиња зад параваните, што според нив, укажува на индиции за...

„Мост“: Гласајте по своја волја и пријавете нерегуларности

Граѓанската асоцијација „Мост“ ќе ги следи изборите утре со повеќе од 3.000 набљудувачи, со што ќе покријат 55 проценти од вкупниот број на избирачки места. - Статичните набљудувачи (2.664) ќе го следат гласањето, процесот на затворање и на броење на гласовите и на финализирање на административните работи од страна на избирачките одбори. Логистика на статичните набљудувачи ќе им бидат 120...

„Цивил“: 104 граѓани не можат да се најдат на избирачкиот список

Невладината „Цивил“ денеска до ДИК достави список од 104 лица кои биле избришани од избирачкиот список и упати барање да им се регулира правото на глас на овие лица. Оттаму велат дека т.н. фантомски гласачи не се целосно избришани од списокот, туку дека само мигрирале од една на друга адреса. - И по сите теренски и софтверски вкрстувања, ние имаме...

„Мост“ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности за изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес. - Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес - се вели во соопштението на...

Тачи: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторат изборните нерегуларности

„Изборите ќе бидат ставени под рендген, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори“, изјави денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по неговата средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во седиштето на Европската Унија во Скопје. Тачи по средбата изјави дека со европратениците разговарал за Договорот од Прижно...

„Мост“: Се прават притисоци за гласање и за присуство на администрација на митинзи

За периодот од 15 октомври до 20 ноември, граѓанската асоцијација „Мост“, која го набљудува предизборниот период, забележала непочитување на одвојувањето на државата и на партијата, притисоци врз јавниот сектор, притисоци за гласање и злоупотреба на јавни ресурси. - Во овој период забележавме присуство на функционери и вработени во јавниот сектор на партиски настани. Вакви се 43 случаи во 26 општини....

Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности на Обвинителството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека Комисијата за следење изборни нерегуларности, формирана од Јавниот обвинител во март годинава, продолжува со својата работа, чија цел е заштита на изборниот процес од криминални и од други противзаконити активности. Со комисијата претседава обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија, а членови се четворица виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје. Нивна задача...

„Цивил“: Фантомските гласачи смениле адреса на живеење

Невладината организација „Цивил“ смета дека ревизијата на избирачкиот список не дава резултати. Како што информираа денеска на прес-конференција, во повеќе од 200 случаи на фантомски гласачи чии податоци биле доставени до невладината организација, тие забележале дека само два случаи се решени, односно податоците се коригирани. - Уште позагрижувачки се случаите кога фантомските гласачи се тргнати од одредени адреси, за потоа на...

Јанева: Не ги деградирам институциите туку се сомневам во резултатот на изборите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска преку соопштение појаснува дека нејзината изјава околу легитимноста на институциите била во насока на укажување на важноста на истрагите на СЈО и на „улогата на фер и демократски избори во градењето на институциите и на нивниот легитмитет“, а не во насока на „деградирање на државните институции“. „Како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид...

Зврлевски формира Комисија за следење на изборни нерегуларности

Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, донел одлука за формирање Привремена комисија за следење на евентутални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите закажани на 5 јуни, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Членови на комисијата, како што стои во соопштението, се обвинители од Јавното обвинителство, од четирите Виши јавни обвинителства и од Основното јавно обвинителство Скопје. „Членовите на комисијата...

ДИК го усвои упатството за теренска проверка на избирачкиот список

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница го усвоија упатството за теренската проверка на избирачкиот список. Членовите на комисија на седницата ги одбија двата предлога на Игор Милев од СДСМ и на Бедредин Ибраими од ДПА. Милев предложи теренска проверка да се прави и по пријавите на граѓаните, откако ДИК ќе ги разгледа, а Ибраими го прифати неговиот...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...