fbpx
Таг: НБА

таг: НБА

НБА: Хјустон подобар од Кливленд, „кралот“ Џејмс потфрли од линијата за слободни

Екипата на Хјустон рокетс синоќа славеше во дуелот со Кливленд кавалирс со резултат 105-103, до кој дојдоа по едно продолжение. Трагичар на натпреварот беше ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс, кој иако постигна 37 поени, имаше лош шут од линијата за слободни фрлања, а ги промаши и двете во последните секунди од натпреварот што можеа да ѝ донесат победа на неговата...

Кливленд го растури Голден стејт

Од синоќешните два меча во НБА-лигата, дефинитивно за издвојување е одличната партија на Леброн Џејмс, кој со 42 поени беше најзаслужен за победата на Кливленд над Голден стејт од 110-99. На вториот меч, Феникс ја совлада Оклахома по продолжението со 117-113, иако Расел Вестбрук запиша нов трипл-дабл – 39 поени, 14 скока и 11 асистенции, пренесе „Екипа“. Голден стејт загуби...

НБА: Кошаркарите на Оклохома ја продолжија победничката серија

Во синоќешните натпревари во НБА-лигата, тимот на Оклахома Сити тандер на свој терен ја совлада екипата Индијана пејсерс со резултат 105-92, а на натпреварот блесна Расел Вестбрук. Тој го заврши натпреварот со трипл-дабл, постигнувајќи 20 поени, 11 скока и 10 асистенции. Одличен натпревар одигра и Серж Ибака, кој постигна 23 поени, 10 скока и три блокади. Оклахома во февруари оствари девет победи и...

НБА: Харден со трипл-дабл му ја донесе 38. победа на Хјустон

Кошаркарите на Хјустон рокетс синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на Минесота тимбервулфс со 113-102, и ја забележаа 38. победа оваа сезона. Џејмс Харден одигра одличен натпревар за победничкиот тим, со трипл-дабл од 31 поени, 11 скокови и 10 асистенции, и се наметна како еден од најсериозните кандидати за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од НБА-сезоната. Во натпревар од...

НБА: Репторс убедливи против Хокс на гостински терен

Кошаркарите на Торонто репторс синоќа на гостински терен славеа убедлива победа против тимот на Атланта хокс. Репторс до 37. победата оваа сезона стигнаа со конечен резултат од 105-80, а предводник на тимот беше Луис Вилијамс со 26 постигнати поени. Во тимот на Атланта, најефикасни беа Кајл Корвер, Џеф Тиг и Пол Милсап, секој со 11 поени, додека македонскиот кошаркар во редовите...

Хјустон два месеца без Хауард

Центарот на Хјустон рокетс, Двајт Хауард, нема да игра во следните два месеца поради повреда на десното колено. Хауард истакна дека во моментов му е најважно да биде подготвен за почетокот на плејоф-натпреварот. Тој последниот меч го одигра на 23 јануари против Феникс, а во 32 натпревари сезонава имал просечно по 16,3 поени и по 11 скокови. Хауард трипати во кариерата...

Познати почетните петорки за олстар-натпреварот

НБА ги објави почетните петорки на Источната и на Западната конференција за олстар-натпреварот, кој треба да се одигра на 15 февруари во Њујорк. Кармело Ентони и Коби Брајант ќе бидат стартери, а во петорката го нема Кевин Дурант. На врвот се најде Стеф Кари од Голден Стејт со 1.513.324 гласови, а со него во првите пет на Западната конференција се најдоа и Коби...

Феникс санс со шеста победа по ред

Откако ноќеска славеа на гостувањето во Лос Анџелес кај „лејкерс“ со 116:107, кошаркарите на Феникс санс ја извојуваа шестата победа по ред. Резултати: Кливленд – Детроит 80:103, Сан Антонио – Хјустон 110:106, Далас – Оклахома Сити 112:107, Портланд – Њујорк 101:79, Денвер – Торонто 102:116, Шест натпревари се на програмата вечерва: Шарлот – Милвоки, Индијана – Чикаго, Бруклин – Сакраменто, Орландо – Мајами, Хјустон – Вашингтон, ЛА клиперс – Јута. Пласман Источна конференција: Торонто 24-7 (победи-порази), Атланта...

Леброн поразен од својот поранешен тим

Мајами загуби од Кливленд со 101:91 по враќањето на Леброн Џејмс во Мајами, првпат откако си замина од тимот на „жешките“. Џејмс поротив својот поранешен клуб постинга 30 поени и имаше осум асистенции. Двен Вејд од таборот на Мајами постигна 31 поен, од кои 23 во првото полувреме. - Тешко е да се игра во вакви услови. Се навикнуваш на обични...

Дивац даде кош од средината на теренот и освои 90.000 долари

Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац, иако пред 10 години ја заврши својата кариера, синоќа за време на паузата од натпреварот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Голден стејт, даде кош од средината на теренот. Дивац во текот на паузата пред второто полувреме го даде спектакуларниот кош и освои 90.000 долари, кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели. На кошот му честиташе и легендарниот актер...

Коби Брајант ќе одмора неколку натпревари

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, по поразот од Сакраменто со 108:101, ќе одмора на следните натпревари поради премореност и бидејќи го мачат старите повреди. Брајант не е во најдобра форма на последните неколку натпревари. На синоќешниот натпревар против Сакраменто имаше девет изгубени топки и постигна само осум погодоци од 30 обиди. - Немам голем избор ако телото бара одмор. Се...

Коби Брајант го помина Џордан на листата најдобри стрелци во историјата

Коби Брајант, кошаркар на ЛА лејкерс, со синоќешниот меч, на кој погоди две слободни фрлања на пет минути пред крајот на втората четвртина во победата над Минесота од 100-94,  го помина Мајкл Џордан по бројот на постигнати поени во НБА-лигата и сега е на третото место на листата на најдобрите стрелци во историјата. Сега тој има  32.310 поени, 18 повеќе од Џордан. Пред Брајант се...

Кливленд со осум победи во низа

Кливленд вчеравечер на свој терен го победи лидерот на Источната конференција, тимот на Торонто. Со тоа ја извојува осмата победа во низа. Торонто има резултат од 16 победи и од шест порази, додека Кливленд ја забележа 13. победа во 20 одиграни натпревари. Резултати на ноќешните дуели: Кливленд – Торонто 105:101, Детроит – Портланд 86:98, Мемфис – Далас 114:105,Њу Орлеанс – Њујорк 104:93, Оклахома Сити –...

Атланта го победи Денвер, Антиќ постигна седум поени

„Јастребите“ од Атланта, со победата над Денвер од 96:84, ја забележаа шестата победа во низа, вкупно 13 во новата сезона во НБА-лигата. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, одигра 15 минути, постигна седум поени и забележа шест скока и една асистенција. Најефикасен во тимот на Атланта беше Пол Милсап, кој постигна 23 поени, а во тимот на Денвер, Вилсон Чендлер постигна...

Голден стејт во серија од 11 победи

Кошаркарите на Голден стејт вориорс со 112-85 славеа против Њу Орлеанс, со што ја забележаа 11. победа во низа. Најефикасен на овој натпревар беше Ентони Дејвис од поразениот тим, кој постигна 30 поени. Клеј Томпсон за тимот на Сан Франциско постигна 23 поени, Стефон Кари забележи 19 поени, а имаше и 12 асистенции. Кошаркарите на Њујорк никс го забележаа шестиот...

Индија: НБА ја промовира кошарката во училишта

Управата на НБА-лигата објави дека нејзината младинска програма во Индија забележала повеќе од 750.000 посетители и дека до 2016 година бројката може да достигне до милион. Комесарот на НБА, Адам Силвер, и сопственикот на тимот на Сакраменто, Вивек Ранадив, кој е роден во Индија, се наоѓаат во посета на земјата за да го прослават успехот на програмата што ја почнаа во 2013...

Шампионот Сан Антонио славеше на гости кај Филаделфија

Вчеравечер се одиграа четири натпревари во НБА-лигата, а на еден од нив шампионот Сан Антонио славеше на гостински терен кај Филаделфија со резултат 103:109. На натпреварот Каваи Леонард постигна 26 поени. Кај домаќините Картер Вилијамс уфрли 24 поени и реализира 11 скокови и седум асистенции, но тие беа недоволни за победа. Лос Анџелес клиперс убедливо славеа над Минесота, со 127:101, остварувајќи ја петтата победа во низа....

Лејкерс го совлада Торонто по две продолженија

Во синоќешните дуели од НБА-лигата ЛА лејкерс го совлада Торонто со 129:122 и тоа по две продолженија, а најзаслужен за победата беше Коби Брајант со 31 поен, 11 скокови и со 12 асистенции. Мемфис, како гостин, го совлада Сакраменто со 97:85. Голден стејт на гости го победија Детроит со 104:93, Мајами го победи домаќинот Њујорк со 86:79, а шампионот Сан Антонио го...

Перо Антиќ и Аталанта ја извојуваа осмата победа во НБА

Со победата на домашен терен против Њу Орлеанс од 100-91, Аталанта ја извојува осмата победа во НБА-лигата . Перо Антиќ оствари пет поени, два скока и една асистенција, а на паркетот помина 21 минута. Најдобар во домашниот состав беше Тиг, со 26 поени. Атланта се наоѓа на петтото место, со осум победи и со шест порази. НБА-резултати: Портланд – Мемфис 99-112 ЛА лејкерс – Минесота 119-120 Денвер – Феникс...

НБА: Торонто ја забележа шестата последователна победа

Совладувајќи ја Атланта со 126:115, Торонто ја забележа шестата последователна победа. Перо Антиќ одигра 17 минути и забележа пет поени, три скока и една асистенција додека прв стрелец во тимот со 24 поени беше Џеф Тиг. Во Торонто, Де Мар де Розан постигна 27 поени, а Лу Вилијамс-22. Сан Антонио ја продолжи победничката серија совладувајќи ја Индијана со 106:100. НБА-резултати: Шарлот - Портланд...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...