Таг: навреди
таг: навреди
ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево соопшти дека донела одлука да престане да соработува со белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте.
Одлуката, велат од партијата, ја базираат на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон народот и кон Република Македонија“.
„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради...
Партијата за движење на Турците бара итно извинување од Павловиќ – Латас
Главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас во дневникот на „Сител“ упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци, вели Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП).
„Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата 300-милионска турска нација и претставува огромен удар врз пријателските односи меѓу Република Македонија и Република...
Невладината „Уфук“ повикува на бојкот на „Сител“
Невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“.
„Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и неприфатливи. Се прашуваме, воедно и јавно прашуваме од каде Латас ја добива оваа одговорност и...
СДСМ: Пропагандата продолжува со одвратни педофилски статуси
Злоупотребувањето на фотографија на 14-годишно девојче е одвратен потег што ги надминува границите за нормалност, реагираат од СДСМ на објавувањето на фотографијата на ќерката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на порталот „Курир“.
Во соопштението на партијата се вели дека тоа како да не било доволно, па денеска пропагандата со згрозувачки педофилски статуси ја продолжил Миленко Неделковски, водител на телевизијата „Канал...
Кривична пријава за девет радовишани поради навреди и закани кон шумски полицајци
Девет жители на Радовиш се осомничени за спречување службено лице во вршење на службено дејство, односно дека навредувале и се заканувале на припадници на шумската полиција, кои сакале да одземат две запрежни коли, натоварени со нелегално исечени дрва.
Инцидентот за кој се товарат осомничените, се случил на 2 јуни годинава, на улицата Плачковица во Радовиш, каде двајца од осомничените биле...
Саморегулација во медиумите за професионално известување
Граѓани и организации до Советот за етика во медиумите поднеле 38 жалби, поради непрофесионално известување во медиумите, беше истакнато на денешната дебата, која се одржа во Тетово под наслов „Совет за етика во медиумите - формириање и перспективи“.
Најчесто граѓаните, но и организациите се жалеле на клевети и на навреди, говор на омраза, нарушување на угледот на поединци, но и...
Ненормални, рекетари, хохштаплери, идиоти: Кој си збори за себе си збори!
Од почетокот на објавувањето на „бомбите“ од опозицијата, во снимките од прислушуваните разговори јавноста слушна доста валкани епитети, пакосни атрубити, навреди и пцости што функционери на власта ги адресираат до своите политички опоненти, си ги делеа меѓусебе, но не ги поштедија ниту новинарите, кои покрај тоа што се (треба да бидат седма сила), секој месец издвојуваат дел од своите...