fbpx
Таг: навреди

таг: навреди

Охриѓанка го заклучувала 34-годишниот син и го малтретирала

Охриѓанката Ф.Ѓ. (56) добила кривична пријава од СВР Охрид за загрозување на сигурноста, поради тоа што, како што велат од полицијата, подолго време го малтретирала и го заклучувала 34-годишниот син, поради што нему му се влошила здравствената состојба. Според СВР Охрид, пријавената 56-годишна жена подолг временски период во семејната куќа го вознемирувала нејзиниот син В.Ѓ. (34), го заклучувала и не...

Вучиќ: Не ми пречи што Заев ме навредува, важно ми е како ќе се однесува кон Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува, туку го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија. - Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам ниту можам да зборувам остро, иако тоа некои можеби го сакаат....

ВМРО-ДПМНЕ: Заев молчи и се надева на влада која зависи од „радикалот Села“

Нема да се реализираат елементите од тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат и не гласаа за неа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение на партијата. Оттаму велат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во надеж дека ќе се спаси себеси и „криминогената врхушка на СДС околу него од кривичен прогон“ е подготвен да направи влада врз основа на платформата...

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Графити и против Спасовски и Шахпаска

Непознат сторител напишал навредливи графити во близина на куќата на О.С. во Куманово, извести МВР во денешниот полициски билтен. Во него е и информацијата дека навредлив графит бил испишан на семејната куќа на Ј.Ш. во Берово. Во полицискиот билтен за случаите, освен иницијалите, не се открива идентитетот на оштетините, но според неофицијални информации, станува збор за пратениците и високи функционери...

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски. - Правната инфериорност и немањето докази...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

Битолските советници на пауза поради „некултура“ и „немање домашно воспитување“

Плановите за вработување на 67 лица во јавните претпријатија во Битола предизвика нова политичка кавга во Советот на Општината. На расправата паднаа тешки обвинувања за власта и навреди за опозицијата, иако и двете страни се согласни дека законска обврска на јавните претпријатија е да ги изнесат плановите за вработување во тековната година пред градскиот Совет. Од опозицијата истакнаа дека во...

САД за изјавите Рорабакер: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија

„Соединетите Американски Држави го признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и оваа позиција не е променeта“. Ова го изјавил за „Гласот на Америка“ на албански јазик висок неименуван функционер на американскиот Стејт департмент, а во врска со изјавата на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер. Изјавата  е безмалку идентична со изјавата што минатата недела ја даде портпаролот...

ОМД бара конгресменот Рорабакер да биде отповикан поради изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повика претседателот на Конгресот на САД, Пол Рајан, и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти, итно да го отповикаат конгресменот Дана Рорабакер (републикански претставник од Калифорнија) од функцијата претседател на Подкомитетот за европски работи, поради неговата изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Од ОМД велат дека Рорабакер „уште еднаш се посрамоти сам...

Лавина барања за извинувања и деманти на тврдењата на Чилиманов и на СОС

Деманти на нападите и на обвинувањата изречени од новинарот Цветин Чилиманов и од Никола Србов, кои заедно со новинарот Ненад Мирчевски, во саботата на прес-конференција изрекоа многу обвинувања и клевети, продолжуваат да стасуваат до медиумите и попладнево. Уште шест невладини организации, НВО Инфоцентар, Младински културен центар - Битола, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес, Центар за одржлив...

МВР поднесе пријава против скопјанец што му се заканувал на Бејли на „Фејсбук“

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против 34-годишниот скопјанец Т.Т., кој се товари дека преку коментари на „Фејсбук“ индиректно им се заканувал на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и на неговото семејство. Скопјанецот, според МВР, е осомничен за кривичното дело повреда на углед на странска држава. „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава...

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос...

Германија го укинува, Македонија сè уште суди според законот за заштита на монарсите

Министерот за правда на Германија, Хајко Мас, вчера соопшти дека германската влада ќе го укине законот кој им забранува на граѓаните на земјата да ги навредуваат странските лидери. Мас изјавил дека станува збор за „застарен и непотребен закон“. Укинување на законот се случува една година откако канцеларката Ангела Меркел одобри да се поведе постапка против комичарот Јан Бемерман, кој напиша сатирична...

Во Србија приведено лице кое го навредувалo семејството на премиерот Вучиќ

Српската полиција денеска во координација со обвинителството за високо-технолошки криминал, го уапси М.Р (28) кој е осомничен дека им се заканувал на членовите на семејството на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, како на „Фејсбук“ така и во коментари на веб-страницата на еден весник, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. При претресот, полицијата кај осомничениот пронашла мобилен телефон преку кој тој...

Изјавата на Етингер отсликува комплекс на супериорност, оцени Пекинг

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Цунјинг, оцени дека изјавата на европскиот комесар за дигитална економија, Гунтер Етингер, кој кинескиот народ го нарече „косоок“, всушност отсликува комплекс на супериорност што го имаат „некои западни политичари“. - Мислам дека изјавата, всушност, ги отсликува длабоко вкоренетите и збунувачки чувства на супериорност – рече Хуа Цунјинг. Таа наведе дека се надева оти...

Судиите контра СЈО: Квазиексперти, шоумени, незнајковци, нецивилизирани, некултурни

Основниот суд Скопје, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет деновиве преку соопштенија и изјави на нивни претставници разменуваат „непријателски оган“ со Специјалното обвинителство и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Во овие преписки се користат зборови како: квазиексперти, шоумени, непрофесионалци, незнајковци, непријатели, неисполнителни, разочарани, нецивилизирани, некултурни, со двојни аршини... Кривичен суд за Специјалното јавно обвинителство (СЈО): Има двојни аршини; Дава некомплетни...

Борис Џонсон: Многу време е потребно за да им се извинам на сите

Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска се извини за навредливите изјави што во минатото ги дал за разни светски лидери и доби поддршка од најблискиот британски сојузник, САД, за комплицираниот пат за излегување на земјата од Европската Унија. Џонсон денеска го прими државниот секретар на САД, Џон Кери, во Лондон и во таа пригода рече дека...

Пет лица уапсени во Турција поради навредување на Ердоган

Пет лица синоќа се уапсени во Турција поради обвиненија дека го навредувале претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат денеска турските медиуми. Петте мажи, по потекло од јужната турска провинција Санлиурфе, се обвинети за навредување на Ердоган на социјалните мрежи. Полицијата уапси уште едно лица, но тоа подоцна е пуштено на слобода. Апсењата поради навреди на сметка на Ердоган зачестија откако во август 2014 година...

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево соопшти дека донела одлука да престане да соработува со белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте. Одлуката, велат од партијата, ја базираат на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон народот и кон Република Македонија“. „ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...