fbpx
Таг: натпревар

таг: натпревар

Повик за учество во натпреварот во брзо местење на рубикова коцка – Cubing Returns Skopje 2021

Рубикова коцка
Македонската кјубинг асоцијација го објави повикот за учество на натпреварот во брзо местење на рубикова коцка – Cubing Returns Skopje 2021. Натпреварот е поддржан од Светската кјубинг асоцијација – WCО, а ќе се одржи на 21 и 22 август во канцелариите на „Сопро“ на самиот плоштад во Скопје. Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат во натпреварот потребно е да се регистритаат...

Нови национални рекорди и медали на балканскиот натпревар во местење Рубикова коцка без гледање

Балканскиот натпревар Back to Belgrade 2021 донесе голем успех за македонските натпреварувачи во кјубинг, информираат од Македонската Кјубинг Асоцијација. Александар Арсовски го постави новиот македонски рекорд 2:08.53 во решавање на Рубиковата коцка без гледање (3x3 Blindfolded) и воедно го освои второто место на балканскиот натпревар. На натпреварот во Белград, Ѓорѓи Чешмеџиевски успеа да сруши 13 национални рекорди (3x3 Single, 3x3...

Избрани и наградени најдобрите средношколци на натпреварот на средните училишта во Скопје

Во Градскиот парк на Школка денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов им ги врачи наградите и благодарниците на највисоко рангираните средношколци и на нивните ментори, а беа доделени и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата и асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари, информира Град Скопје. „Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните...

Средношколци од Велес со нивната бизнис идеја за филтер за прочистување природна вода се победници на Кампот за иновации

Tимот Вин од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес, победи на Кампот за иновации, натпревар на средношколци во претприемнички вештини. Победничкиот проект е филтер за прочистување природна вода, наменет при рекреација во природа во ситуација каде нема пристап до вода за пиење. „Up-grade“ филтерот ги елиминира микробите што се наоѓаат во водата од реката, езерото или дождовната вода и...

Македонија утре игра со Холандија на Европското првенство, последен натпревар за Пандев

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во фудбал. Капитенот Горан Пандев веќе најави дека утрешниот натпревар против Холандија ќе биде неговиот последен за репрезентацијата. „Да, одлучив дека утрешниот натпревар ќе биде последен во дресот на македонската репрезентација. Мислам дека ова е прав момент да се повлечам. Им посакувам на соиграчите пласман...

Во возбудлив фудбалски натпревар, Украина ја победи Македонија со гол разлика

Македонија изгуби со 2:1 од фудбалската репрезентација на Украина на Европското првенство во фудбал. И покрај одличното второ полувреме коешто го одиграа македонските репрезентативци, сепак тоа беше премалку за да се анулира предноста од два гола што ја оствари Украина во првото полувреме. Со ваквиот резултат, шансите за македонската фудбалска репрезентација да оди понатаму во осминафиналето се сведени на...

Со победа против Украина, македонските фудбалери би имале шанса за осминафиналето

Денешниот фудбалски натпревар од 15 часот во Букурешт ќе биде клучен за фудбалските репрезентации на Македонија и Украина. За оној тим што ќе загуби, тоа ќе значи дефинитивен крај на надежите за пласман во осминафиналето од Европското првенство во фудбал. Идентично како што Македонија загуби од Австрија, Украинците во првиот натпревар беа поразени од холандската репрезентација. Селекторот на македонската фудбалска...

МОФ организираше натпревар за најдобар средношколски бизнис план

Во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), a со поддршка од Американската амбасада во Северна Македонија, денеска беше организиран натпреварот во бизнис планови “YES TEAM FOR THE WIN!”, информираат од МОФ. Станува збор за средношколски натпревар, во кој пет младински тимови ги презентираа своите бизнис-идеи пред жири комисијата, борејќи се за главните награди на овој натпревар. Во жири комисијата на...

„LifePal“ – победници на Националниот натпревар на ученички компании

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2020/2021 година, организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, е ученичката компанија „LifePal“ од скопската гимназија Никола Карев. Нивната компанија нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација. Неопходните сетови претставуваат мали пакетчиња составени од неколку производи, кои ќе бидат лесно достапни од...

Објавен повик за средношколски натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“

По повод одбележувањето Cветскиот ден на водата – 22 март и со цел да се фокусира вниманието на средношколците за важноста за одржливо управување на водата, граѓанската организација Еко логик (Eco Logic) во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“ го објавува повикот за средношколците од источниот дел од Македонија на тема: „Водните ресурси...

Објавени цртежите кои победија на натпревар од проектот „Смени ги климатските промени“

„Новинари за човекови права“ ги објави победничките цртежи кои се натпреваруваа во склоп на проектот „Смени ги климатските промени“, којшто беше реализиран од нивна страна, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Првото место го освои Сара Андоновска, чиј цртеж ќе биде поставен на билборд во Град Скопје. На натпреварот, Сара Цветановска го освои второто, а Нејла Аџија третото место. Честитки...

Еко Логик организира меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Здружението на граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, чија цел е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како и да го поттикне...

Писмото на Јана Поповска освои второ место на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз

Претставничката на Пошта на Македонија, Јана Поповска освои второ место и сребрен медал на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз по повод 9. Октомври, Светскиот ден на поштите. Таа е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е професорката по македонски јазик, Сузана Петковска. „Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во своето 49 годишно постоење претставник на...

ВАР Систем: со минимум влијание до максимум бенефит

На 8 октомври во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, Македонската А репрезентација, против Косово, ќе го одигра натпреварот од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство. „На еден од најважните натпревари за нашата селекција, на Националната арена, ќе се имплементира ВАР систем, видео технологија за помош при судиските одлуки“ – најавуваат од Фудбалската федерација на...

На онлајн квиз за Денот на Европа, 13 студенти утре ќе ги мерат знаењата

По повод 9 Мај, Денот на Европа, утре во 14 часот на интернет платформата „Зум“ ќе се одржи онлајн-студентски квиз,  со 13 студенти од универзитетите низ државата, информираат од Европското движење во Република Македонија. Студентите ќе одговараат на 30-те прашања за Европската Унија, за државите-членки на ЕУ и за процесот на пристапување на нашата држава кон ЕУ. Онлајн квизот ќе...

Викендов он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19

И Македонија се вклучува во глобалниот тренд на организирање на он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19 и зголемување на социјализацијата на граѓаните во услови кога тие се приморани да седат дома. Македонската еспорт асоцијација викендов ќе организира он-лајн турнири во познатите видео игри „League of Legends“ и „Counter Strike: Global Offensive“. Тие посочуваат дека видео игрите...

60-тина студенти ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика – RoboMac 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денес почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020. Оваа година, студенти од Македонија, Србија и Грција, во наредните пет дена, ќе ги измерат своите сили во знаењата за роботиката и вештачката интелигенција. За продеканката на ФЕИТ, професор д-р Соња Геговска Зајкова во наредните неколку дена ФЕИТ ќе биде место...

Фатиме Фетаи во Штип ги оценуваше студентите во симулирано судење

Поранешната специјална јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, беше дел од комисијата што ги оценуваше студентите по право од четирите државни правни факултети од Штип, Тетово, Скопје и Битола. Симулираното судење се одржа вчера на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.  Фатиме Фетаи го привлече вниманието со своето присуство, но сепак, пред новинарите не сакаше да зборува на ниту една...

Пендаровски на лицата со попреченост: Ќе бидам вашиот глас таму каде што треба

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот Стево Пендаровски денеска го посети и се дружеше со ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, информираат од неговиот кабинет. Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, претседателот Пендаровски рече дека денес треба да зборуваме...

Тимот „Слободно крило“ победи на средношколскиот натпревар за претприемнички вештини

Средношколците Мартина Нанева, Петар Цековски, Анастасија Накова и Јана Манова од тимот „Слободно крило“ го освоија првото место на Кампот на иновации – натпревар на средношколци во претприемнички вештини што се одржа вчера. Настанот се организираше од Џуниор Ачивмент Македонија, во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и со поддршка на УСАИД.   Победничкото решение на четирите средношколци од Кавадарци, Скопје...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...