петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: НАТО | 1.256 резултати

Каркабасис: Единствениот начин да се спречи дестабилизација на Балканот е негово интегрирање во ЕУ

ноември 25, 2014

Првиот човек на Академијата за дипломати на грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Пантелис Каркабкасис, смета дека Европска Унија мора да продолжи со напорите за интеграција на државите од Западен Балкан во европското семејство. Поранешниот грчки амбасадор истакна дека е во интерес на Грција и на Европа целиот Западен Балкан да стане неразделив дел од ЕУ […]

Авганистан: Расте бројот на загинатите во нападот на одбојкарскиот натпревар

ноември 24, 2014

Бројот на жртвите во вчерашниот самоубиствен напад на одбојкарски натпревар на истокот во Авганистан се зголеми на 57, откако 15 ранети во текот на ноќта им подлегнаа на раните, јавија авганистанските власти, додавајќи дека мета на нападот била локалната полиција. Портпаролот на Националната дирекција за безбедност, Хасеб Седики, соопшти дека зад нападот стои екстремистичката исламска […]

САД и НАТО остануваат во Авганистан и по крајот на годинава

ноември 23, 2014

Авганистанскиот парламент денеска го усвои договорот со САД и со НАТО со кој на меѓународните сили ќе им биде овозможено да останат во Авганистан и по крајот на оваа година, пренесуваат амерканските медиуми. Меѓународната воена мисија во Авганистан почна во 2001 година и требаше да заврши на крајот на оваа година. Со новиот договор, кој […]

Трајанов на годишната сесија на ПС на НАТО во Хаг

ноември 21, 2014

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува на годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралство Холандија. Во текот на сесијата, комитетите и собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции поврзани […]

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

ноември 20, 2014

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот […]

Попоски: Македонија по 16. пат ќе аплицира за членство во НАТО

ноември 18, 2014

На денешната трибина за плановите на Македонија за членство во Северноатланската алијанса по самитот во Велика Британија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, рече дека на крајот од месецов Македонија ќе аплицира по 16. пат за членство. – Тоа е преседан. Ниту една држава досега не аплицирала за членство во НАТО 16 години по ред – […]

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО

ноември 18, 2014

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО, а само 19 проценти се против интеграцијата на земјата во Северноатлантската алијанса, покажа анкетата спроведена од Факултетот за безбедност – Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и за безбедносните закани за државата. Со испитувањето биле опфатени 1.167 […]

Иванов: Македонија останува посветена на патот кон НАТО

ноември 7, 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс. На средбата беа разменети мислења и информации во однос на македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО, како и за унапредувањето и за продлабочувањето на натамошната соработка на Република Македонија […]

Котески: АРМ ќе учествува во новата мировна мисија на НАТО во Авганистан

ноември 6, 2014

Армијата на Република Македонија (АРМ) својата соработка и лојалноста кон НАТО ја искажува, меѓу другото, и со извршувањето на мировните операции кои се предводени од алијансата, изјави денеска началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, по средбата со претседавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, пренесува „Утрински весник“. – Во однос на […]

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија

ноември 6, 2014

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој, по средбите во Генералштабот на Армијата на Македонија, денеска ќе биде примен од министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

октомври 31, 2014

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби. Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“ чин. НАТО соопшти дека неделава е забележан „невообичаен“ зголемен број […]

НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

октомври 30, 2014

Четири групи руски авиони изминативе два дена го нарушиле меѓународниот воздушен простор во близина на границата со Европска Унија, реагираат од НАТО. – Се работи за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор – наведено е во соопштението од штабот на алијансата во Монс, Белгија. Оттаму тврдат дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и од […]

Страна 63 од 63