Таг: наставници
таг: наставници
Наставниците побараа од Шаќири да ангажира уште ментори во двојазичните училишта
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше работни
состаноци со наставниците-ментори од основните училишта во земјава, како и со
ангажираните образовни асистенти во ресурсните центри. Како што информираат во Министерството за образование и наука (МОН), на средбите се разговарало за
воспитно-образовниот процес во земјава, како и за проблемите со кои
се соочуваат за време на учебната година.
„Присутните наставници-ментори дадоа предлог во...
Учебната година заврши, a кога ќе започне следната, ќе се знае до крајот на месецов
Денеска завршува учебната година за околу 185.000 основци во Македонија. Со пригодни музички приредби, но и со „жива“ музика за полуматурантите во школските дворови, беше означен крајот на училишните обврски за изминатава 2022/2023 година. Сега следуваат завршни родителски средби и совети, на кои ќе бидат утврдени завршните оценки на учениците.
Министерот за образование Јетон Шаќири за Мета.мк информира дека до...
На две недели пред крајот на учебната година стаса нов учебник по македонски јазик за петто одделение
На две недели пред крајот на учебната година, во основните училишта стаса учебникот по македонски јазик за петто одделение. Учебникот е направен согласно новата Концепција за основно образование. Во Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека тие го праќаат на печатење учебникот штом ќе добијат одобрение од Националната комисија за учебници дека може да се користи.
„Печатењето учебник е...
Универзитетите бројат вкупно 3.166 наставници, најмногу има на факултетите за медицина
Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата.
Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура - бројот на наставнички и соработнички изнесува 50,1 отсто, додека наставници и соработници...
БРО: Не се укинува предметот историја и нема да се бркаат наставници од работа
Реакции кои шират паника и лавина негодувања можат да се забележат деновиве на социјалните мрежи, по објавите дека од претстојниот септември, во шесто одделение, учениците ќе имаат нов предмет, природни науки. Реакциите одеа дотаму што се пишува дека се укинуваат предмети и се бркаат наставници од работа, како и дека наводното спојување на предметите физика, биологија, географија и хемија...
Наставници од „Макаренко“ ќе им предаваат на малолетниците во казнено-поправните домови
Малолетниците од казнено-поправните домови ќе се образоваат по наставни планови и програми како учениците во редовните училишта, а не по експериментални програми како досега, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). За ова, Владата усвоила измени на Законот за основното образование, со кои се решава долгогодишен проблем поврзан со обезбедување на редовен образовен процес за малолетниците во воспитно–поправните...
Наставниците ќе земат зa 1.000 денари повисока јануарска плата
За околу 1.000 денари ќе им биде повисока јануарската плата на просветните работници во основното и во средното образование, која треба да ја земат околу 15 февруари. Ова се случува согласно спогодбата која лани ја потпишаа првите луѓе на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, по ланскиот неколкунеделен...
МОН бара од родители, наставници и стручната јавност да го реформираат образовниот систем
Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите родители, наставници, стручна и научна јавност, да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови. Оттаму велат дека сакаат да ја вклучат јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Ова го прават, како што велат, водејќи се по принципите на транспарентност и...
Бројот на ученици опаѓа, се вработуваат сè повеќе наставници
Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици. Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото - под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во кое реалноста е ваква....
Онлајн анкета и анализа на „Младите можат“ за несовесно однесување на наставници кон ученици
„Младите можат“ и ЛЕАД анкетирале 49 ученици на тема „#КажиСи - Утврдување на деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици во образовниот процес“. Како што соопштуваат од „Младите можат“, анкетата ги сумира добиените одговори од учениците од спроведен прашалник во месец септември и ги претставува добиените одговори од Државниот просветен инспекторат на барањето за пристап до информации...
Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари
За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве.
Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели...
Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс
На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени.
Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...
МОН: Септемвриската плата во образованието повисока за 15 отсто
Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Од Министерството велат дека тоа значи оти околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на образовниот систем.
„Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во...
Шаќири: Ќе ги анализираме петките, па ќе одлучиме дали ќе воведеме приемен испит
Побарав од секторите за основно и за средно образование да направат анализа на резултатите што ги остваруваат учениците во последните три години и врз основа на тоа, но и врз основа на искуствата во земјите каде што се полага приемен испит за упис во средно образование, ќе процениме дали и кај нас да воведеме. Ова во изјава го вели...
Заврши уште една предизвикувачка учебна година
Прва учебна година со учење според нова Концепција за образование, прва учебна година без печатен дневник за оценување, прекин на наставата поради штрајкот на просветниците за повисоки плати, учење од дома, нереализирани часови, учење по две-три лекции во еден час, за првпат воведено државно тестирање, учество во ПИСА меѓународното тестирање и eлектронски упис на ученици во средното образование.
Ова се...
Започна државното тестирање, се проверува колку учениците се функционално писмени
Во 79 училишта на македонски и на албански наставен јазик, денеска започна државното тестирање на основците, кое за прв пат се организира во нашата земја.
Годинава државен тест полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат само третоодделенците, в година – и третоодделенците и петтоодделенците, а потоа ќе бидат приклучени и деветтоодделенците.
Како што информираат...
Штрајкот нема да ја промени содржината во матурските тестови
Ќе оневозможи ли штрајкот, матурантите навреме да го полагаат испитот на зрелоста? Прашањето за државната матура се актуелизира како што се приближува крајот на учебната година. Испитите се веќе закажани, тестовите се испечатени, но бидејќи материјалот не им е предаден целосно на учениците, прашање е, како ќе им се проверува знаењето на теми кои не ги учеле.
Директорката на Државниот...
Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките
Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...
Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре
Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...
Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега
Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...