fbpx
Таг: Насер Нуредини

таг: Насер Нуредини

Нуредини: Граѓаните да разговараат за незадоволството од малите хидроелектрани со градоначалниците

Како да се решат сè погласните реакции на граѓаните против изградбата на малите хидроцентрали, беше прашан при денешниот престој во Штип, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Граѓаните на Кочани се противат на изградбата на мала хидроцентрала во близина на Браната Гратче и најавија локален референдум. „Ги слушаме граѓаните, но мораме да ги почитуваме договорите потпишани во...

Нуредини ја стави Шара во привремена заштита, екологистите задоволни

Министерот за животна средина Насер Нуредини ја стави Шар Планина во привремена заштита сè додека не биде прогласена за национален парк. Како што информираат од министерството, Нуредини денеска донел решение според законот за заштита на природата, за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II - национален...

Министерот Нуредини во клинч со „Го сакам Водно“ и „02 Иницијатива“ за иднината на Водно

„Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ денеска го повикаа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини да ги објасни сите изјави и ставови што проструија низ медиумите деновиве дека Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) има изготвено став за иднината на Водно, и тоа изнесен преку Владата четири дена пред најавените меѓуинституционални средби. „Министре Насер Нуредини,...

Ќе се чисти депонијата Визбегово од 50.000 кубни метри различен отпад

Ќе се чисти депонијата Визбегово, децениски проблем на Скопје и еден од поголемите причинители на загадувањето на воздухот. Активностите денеска ги најавија министерот за животна средина Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш, откако вчера Државниот инспекторат за животна средина на лице место откри како камиони и...

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Ќе се санира околината на депонијата „Русино“ во Гостивар. Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска најави дека по усвојувањето на заклучок на Владата, Центарот за развој на Полошкиот плански регион ги ангажирал изведувачите „Пелагонија“ и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар кои ќе треба изградат систем за третман на исцедокот, со насип кој ќе спречува влевање на атмосферски...

Екологистите бараат ревизија на законот и заштита на Шара од нови мали хидроцентрали

Граѓански организации бараат од Министерството за животна средина да направи ревизија на законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, бидејќи, како што велат, предложениот не нуди заштита од негативното влијание на малите хидроцентрали. Екологисти од 44 здруженија и иницијативи, со заеднички став, побараа и од министерот Насер Нуредини во меѓувреме, додека траат администратиувните процедури, да...

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за загадувањето. Најризичните, честичките ПМ...

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за...

Во Кавадарци и Кичево ќе се мерат ПМ-10 честички, набавени делови за расипаните мерни станици

Министерството за животна средина и просторно планирање набави нови автоматски семплери за мерење на суспендирани честички со ПM-10, ПM-2.5 и ПM-1 глави за семплирање за мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Семплерите се наменети за Кавадарци и Кичево, каде што мерните станици подолг период не покажуваат вредности на ПМ-10 честичките. Новите делови во...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј се сретна со министерот Насер Нуредини

Денеска британската амбасадорка Рејчел Галовеј и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржаа средба на која разговараа за важноста на заштитата и обновувањето на природните живеалишта и екосистемите во Северна Македонија што ќе придонесат за зачувување на биодиверзитетот на планетата и подобрување на јавното здравје. „Разговаравме и за приоритетите на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации...

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето со отпадот, заштитата на...

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 година. Ќе се работи...

Нуредини: Нема назад, Шар планина ќе стане национален парк

Дали со одлуката на Владата да го прифати предлогот на Министерството за животна средина за прогласување на Шар Планина за национален парк конечно заврши со децении долгиот нерешен статус на заштита на еден од најубавите предели во нашата земја? Со министерот за животна средина Насер Нуредини разговаравме по седницата на Владата за тоа кога Шара и официјално ќе стане...

Шар Планина ќе биде еден од најголемите национални паркови во Европа

Одлуката на Владата да го прифати предлогот на Министерството за животна средина за Шар Планина е првиот важен чекор за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, кое ќе значи заштита на природата без нанесување штети на локалното население и развој на локалитетите според европските стандарди, рече Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање на денешната прес...

Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во претстојниот период ќе бидат спроведени...

Нуредини: Увезениот отпад се контролира, доцниме со примена на ЕУ регулативата

Министерството за животна средина има издадено дозволи за увоз на опасен отпад само за акумулатори и тоа во количество од 12.500 тони, на правни субјекти кои поседуваат дозвола за нивна преработка, со цел тие да се препродаваат во и надвор од земјата, ова го соопшти на денешната прес конференција Насер Нуредини, министер за животна средина. Во земјава постои само...

Нуредини: Нема да дозволам да станеме депонија за странски отпад

Повеќе од пола година во жешкото столче на Министерството за животна средина и веќе го „тера“ својот втор мандат, а јавноста многу малку го познава, веќе не толку новиот министер, Насер Нуредини. Министерството со кое раководи има негативен имиџ во јавноста поради владеачката перцепција дека власта не прави доволно да го намали загадувањето и дека штити бизнис интересите на...

Еко-активистите одбиваат средба со Нуредини, бараат „дела, а не состаноци“

Не прифаќаме средба со вас, господине Нуредини се додека не ги исполните сите седум барања на Националната коалиција на граѓански организации и иницијативи за заштита на животни и животна средина „Зелен фронт“ до вас и до останатите органи на државната власт кои побаравме да ги исполните со цел да покажете вистинска волја за решавање на многуте горливи проблеми кои...

Нуредини: Тендерот за отстранување на линданот e успешен, чистењето започнува во 2020 година

Поставување на филтер на системот за греење во Гинекологија Чаир кој нема да загадува, како и на болницата во Куманово веќе од почетокот на наредната година најави, меѓу другото на денешната новогодишна средба со новинарите министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој го поздрави протестот на младите кои бараат чист воздух  и рече дека ги поддржува нивните барања да...

Кафето и водата за администрацијата од 1 јануари без пластични чаши и шишиња

Државните институции, Владата, министерствата и останатите органи на управата од 1 јануари наредната година повеќе нема да набавуваат и користат производи за конзумирање кои се спакувани во пластична амбалажа за еднократна употреба. Оваа владина одлука ја повтори денеска на прес-конференција Насер Нуредини, министерот за животна средина, пред почетокот на презентацијата на новоизготвените закони за отпад за претставниците на локалната...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...