петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: население | 69 резултати

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021

март 19, 2021

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, информираат од Владата. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее […]

Анализа на Порталб на планираниот буџет за следната година: повеќе пари од даноци, планирани и локалните избори [инфографик]

ноември 16, 2020

Догодина ќе се троши најголемиот буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра, пишува порталот на албански јазиј, Порталб.мк. Приходите се планирани на ниво од 3 милијарди и 457 милиони евра, со буџетски дефицит од 568 милиони евра. Контурите на новиот буџет се поставени како рамка на оптмистичко сценарио – стивнување на здравствената […]

Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик

октомври 21, 2020

Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната праска и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот. „Претходниот начин на спроведување […]

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

јули 21, 2020

Народна банка информира дека во јуни, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот домаќинства се зголемени за 11,2 и 8,7 проценти, соодветно. „Вкупните кредити продолжија да растат на […]

Филипче најави скрининг на населението по возрасни групи кон средината на годинава

април 17, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче најави скрининг на населението по возрасни групи, за да се процени имунитетот на децата, работоспособните граѓани, возрасните лица над 65 години, врз основа на што би се креирале понатамошните мерки за заштита од корона вирусот. Тој додаде дека вирусот нема да исчезне со прекинување на рестриктивните мерки. На денешниот состанок […]

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

ноември 5, 2019

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето […]

МИОА го пушти во употреба Централниот регистар на население

октомври 17, 2019

Министерството за информатичко општество и администација (МИОА), денеска го пушти во употреба Централниот регистар на население. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги […]

Опозицијата бара пописот да биде усогласен со стандардите на ЕУ

јули 30, 2019

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска на прес-конференција во Собранието побара попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската унија. „Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот […]

Отровниот рид во Велес чека струја од ЕВН за да почне да се чисти

јули 22, 2019

Бавноста на македонската администрација и незаинтересираноста на институциите за брзо решавање на еколошките проблеми се главните причини што отровниот рид остатоци од работењето на топилницата за олово и цинк се уште ги труе граѓаните на Велес. Иако Владата на 86. седница одржана во септември минатата година дозволи компанијата „Кепс монт груп“ да ја презеде концесијата […]

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи

јули 2, 2019

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи. Осум илјади жители на ова село секојдневно мака мачат со загадувањето од каменоломите кои се лоцирани во непосредна близина на самото село. Уште пред повеќе од три години, беше формирана и локална комисија составена од советници во претходниот состав на Советот на Општина […]

Пробниот попис завршува в недела, законот фаќа прашина во Собранието

јуни 28, 2019

На 30 јуни треба да заврши пробниот попис во државата кој Државниот завод за статистика почна да го спроведува во 13 општини на 10 јуни годинава иако Законот за попис на населението, кој е со европско знаменце се уште не е усвоен во Собранието. Главна причина за одлагањето на собраниската дебата и усвојувањето на овој […]

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

мај 20, 2019

Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е […]

ДЗС: Невработени се 198.569 лица од активното население

март 22, 2019

Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 проценти и е намалена во однос на 2017 година кога изнесувала 22,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Активното население во 2018 година изнесувало 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, […]

НБРМ: Пораст на кредитирањето на фирмите и на домаќинствата

октомври 25, 2018

Во второто тримесечје од годинава банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност, информираат од Народна банка по усвојување на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година. „Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека, забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување. […]

Евростат: Македонија има 2.075.300 жители

јули 27, 2018

Статистичката канцеларија на ЕУ, Евростат, соопшти дека според нејзиното истражување, Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители, наспроти 2.073.700 во истиот период лани. Македонија не спровела попис на населението од 2001 година, а директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски неодамна најави дека новиот попис на населението ќе се спроведе за две години, […]

Економски институт: Невработеноста опаѓа затоа што младите ни одат во странство

април 25, 2018

Последиците од политичката криза во Македонија врз пазарот на трудот се неповолни, иако релативно малку се одразија врз вработеноста и невработеноста, но имаа значајно влијание врз неговата ефикасност, покажува истражувањето „Влијанието на политичката криза врз пазарот на трудот“ на д-р Верица Јанеска и д-р Александра Лозаноска од Економскиот институт при УКИМ. Во него се вели […]

Манчевски: Вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни

декември 19, 2017

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“. Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе […]

По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

октомври 28, 2017

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на […]

72,2 отсто од населението во Македонија користи интернет

октомври 23, 2017

Вкупно 1.503.000 жители на Македонија, односно 72,2 отсто од населението користи интернет, а милион од нив се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Според истражувањето, македонските граѓани повеќе користат интернет во споредба со жителите на Црна Гора (69,9 отсто), БИХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) […]

НБРМ: Кредитирањето на компаниите намалено и во првиот квартал од годината

септември 28, 2017

Кредитната активност на банките во првиот квартал од 2017 година се намалила, се вели во извештајот на Народна банка за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од годината. Во истиот период, намалено било и кредитирањето на компаниите, а на домаќинствата се зголемило. „По значителното „чистење“ на кредитните портфолија на банките од старите и целосно резервирани […]

Страна 2 од 4