fbpx
Таг: НАСА

таг: НАСА

Отворен повик за учество на хакатон на НАСА за вселенски иновации за студенти и средношколци

Светскиот хакатон NASA Space Apps Challenge оваа година кај нас ќе се одржи по 8 пат во организација на Њуменс Бизнис Акцелератор од 2 до 4 октомври 2020, но за прв пат ќе биде во форма на комплетно виртуелен настан заради безбедност на сите учесници, информираат организаторите. Тие го објавија повикот за учество на NASA хакатонот до сите заинтересирани...

Прв пат приватно летало пристигна на Меѓународната вселенска станица

На 31ви мај, за прв пат во историјата на човештвото астронаути на НАСА пристигнаа на Меѓународната вселенска станица со комерцијално летало – објави НАСА на нивниот Твитер профил. Леталото за кое што имаше онлајн симулатор за негово слетување, успешно слета после 19 часовен лет без никакви проблеми. Со ова SpaceX ја има честа да е првата приватна компанија која...

Прво лансирање астронаути во САД по 9 години – во приватна капсула и ракета (видео)

Првпат од пензионирањето на флотата шатлови пред девет години, вчера беше извршено лансирање астронаути на НАСА од тлото на САД – и тоа во капсулата „Дрегон“ на ракетата „Фалкон 9“, обете изградени од компанијата „Спејс Екс“. Капсулата со астронаутите на НАСА Даг Харли и Боб Бенкен веќе се приближува до Меѓународната вселенска станица и се очекува во 16.30 часот по...

Најголемите 10 дезинформации во Грција: Лек за ракот, пчели кои сакаат икони, проститутки за мигранти

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

Одбележувањето на Светската недела на вселената ќе биде финализирано со јавна дебата за загадувањето на воздухот денеска во „МКЦ – Џебно кино“ во 10 часот. Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата „НАСА дејтанаутс“ (NASA Datanauts), со чија помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво. Целта е да се посочи како македонските граѓани се здружуваат и ја користат технологијата за...

НАСА: Сондата „Џуно“ влезе во орбитата на Јупитер

Сондата „Џуно“ на американската вселенска агенција НАСА влезе во орбитата на Јупитер и по пет години патување ќе го почне истражувањето на најголемата планета во Сончевиот систем. Светските агенции пренесуваат дека серија радиосигнали испратени од вселенското летало потврдиле дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што било планирано, што предизвикало огромна радост и аплауз во лабораторијата за млазен...

Април 2016 година – нов глобален температурен рекорд

Температурата во април годинава на глобално ниво била повисока за 0,25 Целзиусови степени од онаа измерена истиот месец во 2010 година, што е нов глобален температурен рекорд, покажуваат податоците на американската агенција за аеронаутика и вселена - НАСА. Со ова, како што пренесува „Би-би-си“, април е седмиот месец по ред што ги урива досегашните глобални температурни рекорди. Претходно месеците февруари и март...

НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

По многу години шпекулации и озборувања, НАСА официјално објави дека на црвената планета е откриена течна вода. Научниците откриле дека на Марс постојат кањони и кратер од ѕидови на кои за време на летните месеци тече солена вода. Ова значи дека шансите за наоѓање некој облик на живот на оваа планета се многу поголеми од порано. Тие на сателитска снимка забележале...

„Охридската” црвена супер Месечина пред научниците од НАСА

Синоќешниот редок феномен на црвена супер Месечина над Охридското Езеро и на охридското небо, беше фото-документирана од охридскиот фотограф Стојан Стојановски. Како член на аматерското астрономско друштво од Охрид, Стојановски е специјализиран за фотографирање астрономски појави. Стојановски направи неколку исклучителни фотографии, каде ја долови во вистинско светло Месечината во целиот нејзин сјај. Фотографот Стојановски соработува и снима за потребите на научниците од НАСА,...

Објавени првите фотографии од Плутон: Џуџестата планета покажува знаци на геолошка активност

На Плутон има планини од мраз високи колку Карпестите Планини во Северна Америка, покажуваат фотографиите од сондата „Нови хоризонти“, а кои вчеравечер беа објавени од НАСА. Исто така, на џуџестата планета биле забележани знаци на геолошка активност, како и на нејзиниот природен сателит Харон. Сондата „Нови хорзиноти“ во вторникот помина покрај Плутон, доближувајќи се на 12.500 километри од џуџестата планета, собирајќи...

Фантастичен видеозапис што ги открива месечевите фази

Новата визуелизација која пристигна од НАСА неверојатно детално ги прикажува фазите и осцилациите во поместувањето на Месечината. Сателитот „Лунат реконисенс орбитер“ (ЛРО) од 2009 година патува околу Месечината, снимајќи ја нејзината површина во висока резолуција. Секој кадар од снимката претставува период од еден час, така што со голема јаснотија можат да се видат и сите осцилации на Месечината. https://www.youtube.com/watch?v=tmmyu88wMHw

Полетува бродот што ќе носи луѓе на Марс

НАСА-програмата што испраќа човечки екипаж на Марс денеска влезе во нова фаза! Пробното лансирање на пропулзиониот систем (ракетен систем „Делта 4“) кој го носи вселенскиот брод „Орион“ е во тек! Системот треба да биде лансиран од лансирачката рампа во Флорида. Бродот „Орион“ го дизајнираше компанијата „Локид Мартин“, а ќе мине 4-5 часа во орбитата, кружејќи 5.800 километри над земјата. Бродот лета без...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...