fbpx
Таг: НАСА

таг: НАСА

[Видео] НАСА за прв пат објави видео од површината на планетата Венера

Американската вселенска агенција НАСА објави видео и фотографии од површината на планетата Венера од материјалите кои ги собра соларната сонда Паркер за време на летот минатата година. Задушена во густи облаци, површината на Венера обично не е видлива. Но, во две неодамнешни прелетувања на планетата, Паркер ја искористи својата широкоаголна сонда за да ја сними целата ноќна страна во бранови...

Научници од НАСА откриваат дека водата на Марс течела подолго време од она што досега се знаеше

Пред милијарда години на планетата Марс пртоекувале реки, што наведува на потенцијалот за развивање на на живеалишта за микробиолошки живот. Со текот на времето и намалувањето на атмосферската обвивка, водата почнала да испарува оствајаќи денес замрзната пустина што извиднувачкиот орбитер поставен на Марс од НАСА ја проучува, пишува на официјалната страна на Национална аеронаутичко-вселенска управа. „Се верува дека водата од...

Огромен астероид вчера безбедно помина покрај Земјата

Големиот астероид широк еден километар познат под името 7482 (1994 PC1) вчера во 22:51 часот по наше време помина покрај Земјата на растојание што е измерено како најблиско досега. Како што пишуваат EarthSky, астероидот прелетал на растојание од 1,93 милион километри од Земјата, што се смета за безбедно. Ова растојание се проценува како најкратко меѓу астероид од ваков тип и...

„Шорткат“: Кои се вистинските чекори за намалување на аерозагадувањето?

Во првото издание на емисијата „Шорткат“ во 2022 година ја носиме веста за тоа како помина новогодишната прослава во главниот град. За првпат по долги години, локалната власт во Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата година. Нашата фотографија покажа дека, сепак, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ. Во Новата година влеговме со...

Лансиран новиот телескоп на НАСА кој ќе овозможи мерење на Х-зраците

Денеска беше лансиран најновиот телескоп на НАСА наречен Imaging X-ray Polarimetry Explorer, или скратено IXPE. Тој во вселената отиде со помош на ракетата Фалкон 9 од  компанијата SpaceX. Се работи за научен уред или телескоп составен од три идентични телескопи кои се дизајнирани да ја мерат поларизацијата на светлината добиена од Х зраците, кои доаѓаат од големите пространства во вселената...

Во вселената одгледани првите чили пиперки, астронаутите ги искористија за тако

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица за прв пат одгледаа чили пиперки, кои ги искористија за да си зготват тако. Првите пиперки беа набрани во петокот, соопшти НАСА. Семињата, во ISS беа донесени во јуни, како дел од експериментот на НАСА да се истражи можноста за одгледување на различни видови храна во вселената. Експериментот треба да даде одговори за можностите да...

Сондата Луси денеска успешно беше лансирана во новата 12-годишна мисија во вселената

НАСА денеска успешно ја лансираше истражувачката сонда Луси во вселената. Таа ќе има 12-годишна мисија, во која ќе истражува осум астероиди. Седум од астероидите - Тројанци се дел од орбитата на Јупитер, за кои се смета дека се остатоци од некогашна планетарна формација, информираат од НАСА. Ракетата Атлас 5 беше лансирана утрово од базата Кејп Канаверал на Флорида, која ќе...

Хакатонот NASA Space Apps Challenge ќе се одржи од 1 до 3 октомври, двајца учесници ќе патуваат во NASA

Најголемиот глобален хакатон во светот NASA Space Apps Challenge, ќе се одржи од 1 до 3 октомври 2021 година и ќе донесе можност за двајца учесници да патуваат во посета на NASA, соопштуваат организаторите Њуменс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс. „NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори,...

Роверот „Персеверенс“ успеа да го земе првиот примерок карпа од Марс

НАСА потврди дека роверот „Персеверенс“ успеал да го земе првиот примерок од карпа на Марс, јавува Би-би-си. Најновите снимки на НАСА потврдуваат дека примерок од карпата е безбедно внесен во роверот, при што истиот треба да биде вратен на Земјината топка за нејзини натамошни испитувања. Би-би-си појаснува дека станува збор за историски чекор за човештвото, бидејќи за првпат карпест материјал...

Компанијата на Џеф Безос ја тужи НАСА поради потпишаниот договор со „Спејс Екс“ на Илон Маск

Месечина
Вселенската компанија „Блу Ориџин“ (Blue Origin) на милијардерот Џеф Безос ја тужи Националната аеронаутичко-вселенска управа на САД (НАСА) поради одлуката на НАСА да ѝ додели договор за слетување на Месечината на компанијата „Спејс Екс“ (SpaceX) на Илон Маск, пишуваат американските медиуми. Од „Блу Ориџин“ велат дека постојат неколку проблеми со договорот вреден 2,9 милијарди долари, кој го опишуваат како „неправеден“. ...

Џеф Безос ѝ нуди на НАСА 2 милијарди долари во замена за договор за мисија на Месечината

Освежен по своето прво патување во вселената, милијардерот Џеф Безос ѝ понуди на НАСА да ги покрие трошоците во висина од 2 милијарди долари доколку американската вселенска агенција се одлучи да потпише договор со неговата компанија „Блу Ориџин“ да го создаде вселенското летало кое ќе ги однесе астронаутите на Месечината, јавува Гардијан. Ваквиот предлог на Џеф Безос доаѓа откако во...

НАСА најави две нови мисии на Венера: „Давинчи+“ и „Веритас“

Венера
Националната аеронаутичко-вселенска управа на САД (НАСА) објави дека ќе испрати две нови мисии на Венера со цел да ги истражи атмосферските и геолошките карактеристики на планетата. Овие мисии вредни околу 500 милиони долари треба да започнат во периодот помеѓу 2028 и 2030 година. Двете мисии биле избрани врз основа на нивната потенцијална научна вредност и изводливоста на нивните планови за...

Хеликоптерот „Инџенуити“ ја испрати првата фотографија во боја од Марс

Хеликоптерот „Инџенуити“ а испрати првата фотографија во боја од површината Марс, направена 5,2 метри над површината. „Инџенуити“ со својата камера успеа да ја направи фотографијата за време на вториот успешен тест за лет, а на неа може да се видат разни детали и траги од роверот „Персеверанс“. НАСА претходно објави изработена фотографија на НАСА која визуелно ги покажа температурните разлики на...

НАСА сподели необична фотографија од Марс: Сините дини на Црвената планета

Огромни пространства од сини дини во долги линии создадени од ветрот ја опкружуваат северната поларна капа на Марс. НАСА ја објави необичната фотографија од планетата Марс, на која овој дел од Црвената планета е голем по површина како сојузната американска држава Тексас, пренесува SciTech Daily.  Изработената фотографија на НАСА визуелно ги претставува температурните разлики на Марс. Сините дини на оваа...

Летот на хеликоптерот „Инџенуити“ на Марс најрано в среда

Според податоците што стигнале од хеликоптерот „Инџенуити“ од Марс, вселенската агенција на САД, НАСА, соопшти дека првиот експериментален лет на овој дрон што го придружува роверот „Истрајност“ (Perseverence) на оваа планета не би можел да се очекува пред 14 април, среда. При тестот со многу брзо вртење на перките, којшто бил извршен во петокот, командниот алгоритам што го вршел тестот...

НАСА ја поканува јавноста да лета со хеликоптерот на Марс

НАСА се стреми најдоцна до недела, 11 април да го изведе првиот обид на Инџенуити хеликоптерот на Марс за напојување и контролиран лет на друга планета. За одбележување на еден месец летови на Инџенуити, агенцијата ќе организира неколку настани со кои ќе ги привлече луѓето за заедничко возење. Преносот во живо на првиот лет на Инџенуити е предвидено да започне...

НАСА објави нови аудио снимки од Марс

Марс Истрајност
Националната аеронаутичка и вселенска управа на САД објави нови аудио снимки од површината на Марс. На првата снимка може да се слушне тивок ветар. Звукот бил снимен од инструмент прикачен на роверот „Истрајност“, кој минатиот месец слета на црвената планета. Снимката е направена на 19 февруари, осумнаесет часа од слетувањето на роверот. НАСА звукот го спореди со “слушање на морска...

НАСА ги објави првите звуци снимени на Марс како и видео од моментите пред слетувањето на роверот „Истрајност“

Истрајност
НАСА објави ново видео на кое се забележани моментите од последните минути на роверот „Истрајност“ пред да ја допре површината на Марс. На видеото можат да се видат минутите на неговото слетување, испуштањето на падобранот, а микрофонот од роверот го обезбеди и првиот аудио запис од звуците на Марс. https://youtu.be/4czjS9h4Fpg Од моментот на испуштање на падобранот, неколкуте камери од роверот ја...

Најважните прашања за најамбициозната мисија на Марс досега

Марс
После седум-месечно патување од Земјата и изминати 470 милиони километри, роверот „Истрајност“ на НАСА успешно слета на Марс и во наредните неколку години треба да истражува знаци на микробилошки живот, ако воопшто и некогаш постоел на таа планета, пишува Би-би-си. Роверот ќе собира примероци од карпи и почва, кои потоа ќе ги зачувува во епрувети и ќе ги остави на...

Роверот „Истрајност“ слета на Марс во потрага по знаци на живот на оваа планета

По 7 месеци патување од Земјината топка, научниот ровер „Истрајност“ вчера вечер успешно слета на планетата Марс. НАСА во живо ја пренесуваше целата операција, а милиони гледачи ширум светот ги следеа историските моменти од почетокот на истражувачкиот процес со кој треба да се утврди дали некогаш постоел живот на оваа планета. https://twitter.com/NASA/status/1362507074807205909 Роверот „Истрајност“ е возило со шест тркала, најнапредно досега,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...