fbpx
Таг: НАСА

таг: НАСА

Денес започнува хакатонот „NASA Space Apps Challenge“

Денес во Скопје по 10-ти пат започнува одржувањето на хакатонот „NASA Space Apps Challenge“ што ќе донесе можност за двајца учесници од победничкиот тим да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД заедно со нивниот ментор. Официјалното отворање ќе започне денес во 12:00 часот во „Нетвил“ со бесплатна подготвителна работилница за поттикнување на работа во тим,...

Историски момент за НАСА: Вселенско летало удри во астероид и го смени неговиот правец

Мисијата „Дарт“ на Американската вселенска агенција (НАСА) успешно удри во астероид со цел да тестира системот за одбрана на планетата Земја. Вселенско летало на НАСА удри во астероид со неверојатна брзина во понеделникот во невидена генерална проба за денот во иднина кога можеби карпа-убиец би ја загрозил Земјата. „Имаме удар!“, воскликнаа членовите од Контролата на мисијата, скокајќи од задоволство и покажувајќи...

Вселенско летало на НАСА ќе удри во астероид со цел да ја заштити Земјата

Во следниве часови, Американската вселенска агенција (НАСА) ќе направи експеримент со вселенско летало кое ќе удри во астероид со цел да тестира дали и како може да се спречи големо вселенско тело ја погоди Земјата. Демонстрацијата на мисијата наречена „Дарт“ (Тест за пренасочување на двоен астероид) ќе се одвива на 11 милиони километри од Земјата на астероидот наречен Диморфос. Ударот...

Третото лансирање на ракетата кон Месечината одложено за неколку недели

По вториот неуспешен обид во саботата, лансирањето на новата ракета на НАСА и мисијата „Артемида 1“, која треба да се упати кон Месечината, сега е одложено за неколку недели, јавуваат светските новински агенции. Контролорите на летот во саботата по втор пат не можеа да го лансираат леталото наречено „Систем за вселенско лансирање“, во што биле спречени поради истекување на гориво,...

Ланските победници на NASA Space Apps Challenge од земјава беа во посета на НАСА

Минатогодишните победници на NASA Space Apps Challenge од Македонија се во посета на Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА (NASA Kennedy Space Center) во САД. Дипломците по мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје,- Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed и веќе една седмица се во центарот на вселенските мисии во Флорида Тијана...

Во новата епизода на „Шорткат“ разбиваме митови за вештачката интелигенција

Во новата, 50-та епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва, разбиваме некои од најпознатите митови и дезинформации околу развојот на вештачката интелигенција. Во четвртиот дел од рубриката „Зошто (не) е така“ во кој тема е токму вештачката интелигенција, зборуваат професорите Тамара Димитрова и Ѓорѓи Маџаров, како и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Го одбележуваме и стартот на...

Апаратот „Мокси“ на НАСА успешно произведува кислород на Марс

Марс
Апарат голем колку кутија за складирање храна успешно генерираше кислород за дишење на Марс извршувајќи ја функцијата на мало дрво, пишува лондонскиот весник Гардијан.  Станува збор за „Мокси“ - експеримент за користење на ресурси што од февруари минатата година постојано и успешно создава кислород користејќи го јаглеродниот диоксид што го има во атмосферата на Црвената планета. Истражувачите сугерираат дека поголема верзија...

Лансирањето на ракетата на НАСА одложено за во петок

НАСА го одложи лансирањето на ракетата што денеска требаше да се придвижи кон Месечината откако проблемот со истекување на еден од моторите ја принуди агенцијата да ги откаже плановите, јави „Д Врџ“. Ракетата од типот СВЛ (Систем за вселенско лансирање) требаше да полета околу 14 часот и 33 минути по локално време, но беше одложено откако НАСА утврди дека не...

НАСА одбројува до лансирањето на џиновската ракета кон Месечината (видео)

Американската вселенска агенција НАСА одбројува до лансирањето на новата џиновска ракета која ќе се упати кон Месечината – наречена Систем за вселенско лансирање (СВЛ). Ова е најмоќното летало развиено од НАСА досега и ќе биде основата за проектот „Артемида“ кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години, јави „Би-би-си“. Оваа мисија...

НАСА со критика кон Кина за неконтролираниот пад на ракета чии остатоци завршија на Земјата

Кинеската ракета „Лонг Марч 5Б“ вчера со неконтролиран пад се врати на Земјата, откако минатата недела (24 јули) се подигна во атмосферата. Претходно Кина не сподели информации околу тоа каде ќе слета ракетата и за тоа доби критика од американското министерство за одбрана. Откако се случи падот, вселенската команда на САД потврди дека „Лонг Марч 5Б“ е повторно во атмосферата на...

Објавени првите фасцинантни фотографии направени од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

Вселенската агенција НАСА вчера објави пет фасцинантни фотографии во боја од далечни галаксии, направени со телескопот „Џејмс Веб“. Целосниот сет на првите слики со спектроскопски податоци на телескопот откриваат збирка космички карактеристики кои досега биле „недостижни“, а следуваат откако беше објавена првата фотографија од вселенскиот телескоп на НАСА. Овие слики, кои го вклучуваат и најдлабокиот инфрацрвен поглед на нашиот универзум...

Првата слика од телескопот „Џејмс Веб“ ги прикажа најдалечните галаксии

НАСА објави фотографија од далечни галаксии какви што биле пред 13 милијарди години, снимена од „Џејмс Веб“, најмоќниот телескоп кој некогаш бил лансиран во вселената и кој ветува дека ќе го преобликува нашето разбирање за универзумот, пишува „Гардијан“. Малиот дел од универзумот, наречен SMACS 0723, е снимен со богати детали со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, прикажувајќи ја светлината од повеќе...

Нова ракета на НАСА што ќе собира податоци за ѕвездите утрово лансирана од Австралија

Рано утрово суборбиталната ракета на НАСА се вивна во универзумот поаѓајќи од мала станица на комерцијален космодром во Австралија, што ја направи првата ваква ракета што не е лансирана од САД, јавува „Би-би-си“. Оваа ракета ќе овозможи нови астрофизички студии што може да се истражуваат само преку јужната хемисфера. Научниците се надеваат дека ќе им помогне да го проучуваат влијанието...

НАСА: И покрај судирот на Џејмс Веб со микрометероид во јули ќе ги имаме сликите од вселената

Главното огледало на телескопот Џејмс Веб дојде во судир со мал фрагмент од карпа што остави забележлив ефект врз собраните податоци, јави Би-би-си. Штетата беше предизвикана од страна на микрометероидот голем колку честичка прашина кој удри во сегментот познат како C3 од 18 други сегменти на примарното огледало. Сепак, судирот нема да ја наруши планираната мисија и најсофистицираниот телескоп во...

НАСА: Новите снимки на телескопот Веб кон инфрацрвеното небо ветуваат нови научни откритија

Според изгледот од последната фотографија од најсофистицираниот телескоп на НАСА, Џејмс Веб, сите четири главни инструменти се совршено усогласени и подговтвени за опсервирањето што ќе започне во јуни. Научниците на НАСА претставуваат зголемен приказ на фотографијата снимена од најстудениот инструмент, средно-инфрацрвениот или познат под името МИРИ. Тестирачката слика зумирана до 7,7 микрони покажува дел од сателитската галаксија, Големиот Магеланов облак. Оваа...

Визуелизација на НАСА го покажува „танцот“ на црните дупки и ѕвездите

Видео од НАСА покажува како изгледа кога една ѕвезда е „фатена“ во моќната гравитација на една црна дупка. Во вакви бинарни системи, ѕвездите се вртат околу црните дупки, кои постојано влечат гас од нив. Визуелизацијата на НАСА ја илустрира разновидноста на овие „паразитски“ партнерства во нашата галаксија, вклучувајќи и некои особено екстремни примери – како MAXI J1659, во кој...

Доктор Џозеф Шмид беше првиот виртуелен хирург во Меѓународната вселенска станица

Иако звучи како дел од сценариото на американската научно-фантастична ТВ серија Ѕвездени патеки, сепак станува збор за реалност. НАСА неодамна соопшти дека кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, „холопортираше“ холограмска слика од хирург во Меѓународната вселенска станица (МВС). Францускиот астронаут Томас Песк имаше можност прв да разговара со хирургот Џозеф Шмид, кој е еден од докторите што...

[Видео] Оптичките перформанси на Џејмс Веб ќе ги надминат очекувањата, тест-фотографија најавува големи откритија

По комплетирањето на последните чекори за подредување на огледалата на најсофистицираниот телескоп некогаш изграден и пуштен во вселената, експертскиот тим на НАСА кој стои зад мисијата на Џејмс Веб очекува неговиот оптички перформанс да ги надмине научните цели за кои првобитно е направен. https://youtu.be/MiGx8xv6xjE На 11-ти март, тимот ги заврши и последните чекори од клучната фазата позната како „фино фазирање“ која...

По 50 години научниците на НАСА започнаа со проучување на недопрените примероци донесени од месечината

Експертите и научниците во НАСА го дочекаа моментот конечно по 50 години да започнат со проучување на лунарните примероци од месечината донесени преку мисијата Аполо 11 во 1969 година. Причината за долгогодишното чекање се должи на подготвувањето на „специјална“ опрема потребна за правилно проучување на примероците, а намерата на научниците е да се подготват за претстојната нова мисија за посета...

Една година од слетувањето на роверот „Истрајност“ на Марс, што постигна оваа мисија досега?

Марс
Денеска е годишнината од денот на успешното пристигнување на познатиот ровер на НАСА, „Истрајност“ (NASA's Perseverance Mars Rover) на Црвената планета. Неговата главна мисија е да ги истражува трагите за постоење на микробиолошки живот преку собирање примероци на почва и карпи, коишто на Земјата ќе бидат донесени за истражување. По неговото тргнување на 30 јули 2020 година и успешното слетување...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...