fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

Банките бележат пад на профитите во првиот квартал од годинава

Значително намалување на профитот има кај банките во земјава во првите три месеци од годинава, а поради кризата предизвикана од корона вирусот се очекува зголемување на стапката на ненаплатливи кредити, откриваат новите податоци на Народната банка. Во првиот квартал од 2020 година, вкупната добивка на 15-те банки во земјава изнесува 1,1 милијарда денари (18,6 милиони евра), што претставува намалување од...

Минимален пад на каматите на кредитите и штедните влогови во јуни

Во јуни 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, која што оствари месечен пад од 0,03 процентни поени и годишен пад од 0,39 процентни поени (п.п.), и истата во јуни изнесувала 4,80 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити (штедни влогови) оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п....

Корона вирусот го одложи плаќањето на речиси половина од вкупните кредити

Заклучно со 31.5.2020 година, кредитите со одобрен грејс-период согласно со регулаторните измени заради ковид-19 зафаќаат 46,7 отсто од вкупните редовни кредити на нефинансискиот сектор, открива Народната банка во новиот извештај за ризиците во банкарскиот сектор. Од аспект на структурата, околу две третини од овие кредити отпаѓаат на физичките лица, 33,9 отсто на претпријатијата и незначителни 0,2 отсто на трговците на...

Во вториот квартал значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата на ковид-19 во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за периодот април-јуни 2020 година. Имено, околу 58 отсто од банките укажале на значително намалување на кредитната побарувачка,...

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Народна банка информира дека во јуни, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот домаќинства се зголемени за 11,2 и 8,7 проценти, соодветно. „Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, со нешто поизразено...

Еврообврзницата ги наполни македонските девизни резерви

На крајот на јуни 2020 година, македонските девизни резерви изнесуваат 3,6 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 560,7 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Оттаму за „Мета.мк“ објаснуваат дека зголемувањето на девизните резерви во текот на јуни, во најголем дел произлегува од средствата обезбедени од државата на меѓународните финансиски пазари во почетокот на месецот...

Народна банка: Ковид-19 сè уште негативно влијае на економијата

Каматната стапка на благајничките записи од 1,5 проценти останува на исто ниво, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Генерално, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија резултираше со негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и...

Економските аналитичари очекуваат намалување на инфлацијата и пад на БДП

Економските аналитичари очекуваат намалување на просечната стапка на инфлација и очекуваниот пораст на бруто домашниот производ поради пролонгирање на ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот, покажува новата анкета на Народната банка за периодот 2020 ‒ 2022 година. „Во однос на инфлацијата, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се значително пониски во однос на претходната...

Една четвртина од македонските граѓани „живеат за денес, немислејќи за утре“

Една четвртина (25 отсто) од македонските граѓани се согласуваат со ставот „живеј денес и не мисли за утре“, 17 отсто се неутрални по ова прашање, а 51 отсто не се согласуваат со ваков начин на живот. Ова се дел од резултатите од анкетата на ОЕЦД и ИНФЕ објавени во извештајот „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“, во кој се...

Странски инвестиции од 137 милиони евра во првите три месеци од годинава

Во текот на првото тримесечје од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во нашата земја изнесуваат 137,3 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога странските инвеститори вложиле 48,5 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Забележително е дека од вкупните инвестиции во првите три месеци од годинава дури 108 милиони евра се реализирани...

Со блокирани сметки годинава ја почнале 108.200 граѓани и фирми

Вкупно 108.200 граѓани и фирми имале блокирани сметки на крајот од минатата година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Станува збор за 231.900 трансакциски сметки кои граѓаните и фирмите ги поседуваат во различни банки, што е 5,85 отсто од вкупните трансакциски сметки во државата. Од нив, 191.300 блокирани сметки им припаѓаат на 80.600 физички лица, при што се забележува умерен пад...

За 1.000 денари зголемени ратите за отплата на потрошувачките, а за 1.400 денари кај станбените кредити

Се зголемува бројот на граѓани кои се задолжуваат кај банките за да ги рефинансираат кредитите и при тоа запаѓаат во уште поголеми долгови. Најдобар показател за тоа е што кај потрошувачките кредити, просечната месечна рата за отплата се зголемила за 21 отсто или за речиси 1.000 денари, додека кај станбените кредити овој раст изнесува 8,8 отсто или речиси 1.400...

Банките никогаш немале поголем простор за намалување на каматите на кредитите

Ќе има ли намалување на каматите на кредитите за граѓаните и компаниите откако Народната банка по трет пат годинава ја намали основната каматна стапка и ја сведе на 1,5 отсто е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што со овој чекор се дава силен поттик за надолно корегирање на каматната политика на банките. Љубе Трпески, поранешен гувернер на...

Расте бројот на фалсификувани денари во оптек, но нивната вредност е незначителна

Значителен пораст на откриените фалсификувани книжни пари во денари утврдила Народната банка во годишниот извештај за 2019. Од вкупно доставените 434 сомнителни книжни пари деноминирани во денари, при стручната експертиза во текот на минатата година е утврдено дека 73 примероци се оригинални, додека 361 примерок се фалсификувани пари. Бројот на утврдени фалсификувани книжни пари откриени во текот на 2019...

Народна банка повторно ја намали основната каматна стапка од 1,75 на 1,5 проценти

По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на седница донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. „Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна...

Народна банка: Издавањето на податоци за задолженоста на физичките лица ќе биде бесплатно

Народна банка информира дека стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со која што e укинат надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани кои што ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно. „Извештајот што го издава Народната банка на...

Народна банка предвидува пад на македонската економија од 3,5 проценти, поради корона кризата

Народната банка проектираше пад на домашниот бруто-производ БДП од 3,5 проценти, наспроти октомвриските очекувања за пораст од 3,8 проценти. „Во однос на структурата на порастот, намалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на порастот. Во вакви околности на намалена...

Утврден азбучниот ред по кој ќе може да се подигаат субвенциите за тутун од банките

Народната банка го објави азбучниот ред по кој следната седмица ќе може да се подигнат на шалтерите на банките парите од субвенциите за тутунот, за што информираа министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Тутунопроизводителите со дебитна картичка ќе може да подигнат пари од банкомат уште од понеделник од 16 часот до 23...

НБМ: Се ослободуваат 130 милиони евра за кредитирање на економијата

Денес ќе се одржи аукцијата на која што, согласно со одлуката што Народната банка ја донесе во понеделникот, понудата на благајнички записи е за 8 милијарди денари (130 милиони евра) помала во споредба со аукцијата спроведена во март, информираат од таму. Ослободените средства се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем. „Преземањето...

Народната банка регистрира пад на девизните резерви, кои и натаму се во „сигурната зона“

Состојбата на бруто девизните резерви на заклучно со крајот на февруари, годинава изнесува 3,08 милијарди евра, што во однос на крајот на 2019 година претставува намалување за 178,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во мартовскиот извештај за макроекономските показатели. Сепак, во извештајот се вели дека анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...