fbpx
Таг: Народен правобранител

таг: Народен правобранител

Невладините бараат итен избор на раководен кадар во десетина институции

На иницијатива на десет мрежи на граѓански организации кои заедно обединуваат околу 100 здруженија и иницијативи, претставници на невладиниот сектор денеска одржаа протест пред македонското собрание. Граѓанските организации бараат итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Невладините организации бараат Собранието итно и најдоцна до пред...

Лани се регистрирани 119 случаи на дискриминација, велат од Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права лани регистрирал вкупно 119 случаи на дискриминација по разни основи, што претставува раст од 30 отсто во споредба со 2017 година. Најмногу случаи на дискриминација во 2018 година биле пријавени во областа на работните односи (45), а по нив следуваат пријавите за пристап до добра и услуги (23) и здравство (20). Значителен е порастот...

Народниот правобранител уште добива претставки за стечај и за денационализација

И после повеќе од две децении се уште имаме проблеми со стечајот, но и со денационализацијата, која одамна требаше да биде завршена, вели народниот правобранител Иџет Мемети за „Мета“. Кон крајот на минатата година институцијата примила повеќе од 300 претставки за стечајот на Охис од поранешни вработени во некогашната фирма. - Тие изразија сомнеж во работата на стечајниот управник, стечајниот...

Тетово е на второто место според бројот на претставки до Омбудсманот

Над 370 претставки од Тетово се доставени до канцеларијата на народниот правобранител во 2017 година. Десет отсто од вкупните претставки се однесуваат на локалната власт. Граѓаните најчесто се жалат на деталните урбанистички планови, загаденоста, комуналните услуги, данокот на имот – информираат од невладината „Инфоцентар“. Тие во соработка со народниот правобранител Иџет Мемети и општина Тетово, денеска организираа јавна дебата...

Бесплатни телефонски линии на Народниот правобранител за повреда на гласачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, 30 септември, на денот на одржување на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Отворени за граѓаните ќе бидат сите...

Јанакиески: Десет пати барав СЈО да ми ги даде прислушуваните разговори

Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, објави „Фокус“. - Одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот...

Џолев смета дека приведувањето на пратениците било согласно закон

Приведувањето и притворањето на шестмината пратеници, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година е извршено законски и не е прекршено правото на пратенички имунитет, смета претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, потенцирајќи дека тоа е негов личен став. Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека треба да се прави терминолошка разлика и дека правото...

ВМРО-ДПМНЕ: Пет отсто од собранискиот состав е во притвор

Постапките кои што се спроведуваат против бранителите на Уставот се незаконски и правно неосновани, притворените лица од 27 април се жртва на политички прогон, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Република Македонија не е демократска држава. Во Македонија во моментов пет отсто од целокупниот собраниски состав, односно 12 проценти од опозицијата е во притвор. Тие пратеници се под директна закана...

Спасовски: Полицијата при приведувањето на пратениците постапила законски

Полицијата при приведувањето на пратениците на 28 ноември во врска со настаните во Собранието од 27 април постапувала врз основа на наредба издадена од Судот и полицајците постапиле согласно законските овластувања, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова следува по прашањето на Народниот правобранител, Иџет Мемети, дали ќе има командна одговорност поради приведување на тројца пратеници и повреда на...

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не смеат да бидат алатка за политички прогон

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна...

Мемети: Полицијата го прекршила правото на имунитет при приведувањето на пратениците

Полицијата го повредила правото на пратeнички имунитет и начелото на презумпција на невиност при приведувањето на тројцата пратеници на 28 ноември, годинава, како дел од 36-мината осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, констатирал Народниот правобранител. Според Омбудсманот, полицијата во случајов не го почитувала Правилникот за начин и вршење на полициски работи. На денешниот брифинг со новинарите, народниот правобранител Иџет...

Народниот правобранител апелира за целосна интеграција на лицата со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Народниот правобранител апелира сите чинители во општеството, уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби, со што би се оствариле нивните права. „Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова...

Пратениците се поправија, го усвоија извештајот на Народниот правобранител

Собранието попладнево го прифати извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во извештајот на Народниот правобранител за почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година. Со ова, како што изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, се поправа грешката со неусвојувањето на извештајот направена на...

Дефокусираните пратеници препораките на Мемети ги вратија на собраниска комисија

Откако вчера Собранието на Република Македонија не ги изгласа препораките за надминување на констатираните состојби во извештајот на Народниот правобранител, односно имаше само 37 гласови „за“, еден воздржан и пет „против“, денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата, Томислав Тунтев, се обиде да го „покрие“ тоа со деконцентрираност на пратениците. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, пак,...

Работата во Собранието – турни ме да кинисам, пратениците се бараат „со потерница“

Во анемична атмосфера, со мало учество во дискусиите и со повеќе празни отколку зафатени пратенички фотелји,  денеска пратениците во Собранието сработија многу малку од дневниот ред. Иако се гласаше по неколку точки, за половината од нив немаше доволен број пратеници во салата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, трипати ги покануваше пратениците кои имаа пријавено учество на седницата, а не беа...

Омбудсман: Дел од затворениците не гласаа поради истекот на важноста на личните карти

Од канцеларијата на народниот правобранител реагираат дека, како и за гласањето во првиот круг на локалните избори, така и денеска, дел од затворениците не гласале поради истекот на важноста на нивните лични карти. Советникот на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, рече дека управата на затворот „Идризово“ не води сметка за тоа кога треба да им ги обнови личните карти. „Кога ќе дојдат...

Владата му го врати предлог-законот за пушењето на Собранието

Владата на денешната 32. седница ја именувала универзитетската професорка Ана Павловска-Данева за член на Групата на држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), како претставник од Република Македонија, соопшти владината прес-служба. Во врска со измените на Законот за заштита од пушењето, со кој би било дозволено да се пуши и во надворешните тераси на рестораните и на кафулињата, предложени...

Телефонски линии на ДИК, Омбудсманот и на „Мост“ за пријавување изборни нерегуларности

Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, за да им се помогне во остварувањето и во заштитата на нивните права. Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и...

Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување изборни нерегуларности

В недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, од 7 до 19 часот ќе бидат отворени за граѓаните за пријавување изборни нерегуларности. Освен лично во канцелариите, граѓаните нерегуларности ќе може да пријават и на телефонските броеви во...

Омбудсманот реагира на забраната ученички со шамии да следат настава

Народниот правобранител денеска соопшти дека ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што се наведува во реакцијата, со допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата. Омбудсманот бара веднаш да се повлече ваквата одлука и на ученичките да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...