fbpx
Таг: напаѓачи

таг: напаѓачи

Белгиската полиција пронашла отпечатоци од напаѓачите од Париз

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата пронашла траги од експлозив, рачно направени појаси и отпечатоци од прсти од лицата што побегнале по терористичките напади во Париз. Трагите се пронајдени во стан во Брисел на 10 декември. Обвинителството соопшти дека станот во бриселскиот кварт Шербек бил изнајмен под лажно име и оти можеби го користеле и лицата што веќе се во притвор по...

Заврши заложничката драма во Бамако, 27 лица убиени

Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле заложниците што џихадистите ги држеле заробени во хотелот „Радисон блу“ во претстолнината Бамако. Според најновите информации, убиени биле 27 лица, а неколку напаѓачи и понатаму се криеле во хотелот. Засега е познато дека некои од жртвите се државјани на Мали, Франција и на Белгија. Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста...

Малолетник нападнат со нож на улица во Скопје

Тринаесетгодишно момче, вчеравечер, додека се враќало од продавница, било нападнато и повредено со нож од две засега непознати лица, соопшти скопската полиција. Нападот се случил околу 19.30 часот, кога 13-годишниот Д.Ј. бил пресретнат од двете лица, од кои едното го турнало момчето со раката по рамо, а потоа извадило нож и му нанело исеченица на стомакот. Напаѓачите веднаш потоа побегнале, а малолетникот бил...

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата. - Нападите врз новинари не претставуваат само напади врз жртви, тие истовремено претставуваат напади на слободата на изразување и на слободата...

Полицијата трага по тројца насилници од кумановско Лопате

Двајца браќа и уште едно непознато лице, вчера вечерта во кумановското село Лопате нападнале и претепале три лица, кои по инцидентот биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, за укажување лекарска помош. Инцидентот се случил околу 19.45 часот, а му претходела расправија меѓу браќата и нападнатите. Според полициските информации, браќата Ф.А. (33) и Ф.А. (30) и непознатото лице со автомобил,...

Доживотен затвор за напаѓачите на Малала

Деветте лица што ја застрелаа Малала Јусафзаи во 2012 година се осудени на доживотен затвор. Малала го преживеа нападот, се лечеше во Велика Британија и стана една од најголемите заговорнички за правото на девојчињата на образование. Минатата година, таа ја доби Нобеловата награда за мир.

Пронајдени напаѓачите на автобусот на „Фенербахче“

Турската полиција во Трабзон уапсила двајца осомничени за пукањето во автобусот со фудбалерите на клубот „Фенербахче“. Ова го потврди и локалниот гувернер. „Двајца осомничени се уапсени и се на испитување“, соопшти гувернерот Адил Џелил Ез. Едниот од приведените пукал кон автобусот, а вториот бил негов соучесник, кој му го најавил пристигнувањето на автобусот на автопатот. Според турските медиуми, и двајцата осомничени...

Идентификувани тројцата напаѓачи на „Шарли eбдо“

Француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека тројцата напаѓачи осомничени за масакрот во редакцијата на неделникот „Шарли eбдо“ се идентификувани, но сè уште не се уапсени. Според медиумите, станува збор за браќата Саид К., роден 1980 година, и Шериф К., роден 1982 година во Париз, и за Хамид М., роден во 1996 година. За браќата е утврдено дека се...

Две момчиња избодени со нож, едното во критична состојба

Две момчиња биле избодени со нож од страна на група од три-четири непознати лица, ноќеска, триесетина минути по полноќ, во близина на зграда на булеварот АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, групата извршила убиство во обид над Д.Б. (23) и С.Р. (22), кога еден од напаѓачите им нанел повеќе убодни рани. Според полицијата, Д.Б. е...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...