fbpx
Таг: напади

таг: напади

Директорот на ФБИ ги отфрли нападите на Трамп

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, ги отфрли нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп, наведувајќи дека „нема пофина институција од ФБИ“, јавуваат светските агенции. Реј денеска сведочеше пред правосудниот совет на Претставничкиот дом на САД, додека демократите и републиканците се расправаа околу важноста на нападите на Трамп упатени кон федералната полиција. Пред неколку дена американскиот претседател преку...

Британска амбасада: Насилствата од 27 април мора да се истражат и да имаат судска разврска

Британската амбасада во Македонија оцени дека насилствата во Собранието од 27 април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска. - Настаните во Парламентот на 27 април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси доколку е потребно. Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност за да биде...

Од 52 случаи на напади кон новинари, пет се предадени на ОЈО и пет се на суд

Само 10 од 52 случаи на напади кон новинари се целосно истражени од кои пет се предадени во Основно јавно обвинителство, а пет во суд каде биле констатирани полесни прекршоци, објави „Вистиномер“. Овие податоци МВР ги испратило до Здружението на новинари (ЗНМ) откако Здружението барало одговор колку случаи на напади кон новинари имаат регистрирано, во колку од нив имаат постапено...

Во воздушни напади во Јемен, убиени 23 лица

Најмалку 23 лица загинаа во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во јеменската провинција Хаџа, соопштија јеменските власти. Безбедносните и племенските претставници велат дека мета на нападот биле куќите на локалните шеици, кои ги посетил шефот на врховниот политички совет на бунтовниците Хути, Салех ел Самад. Меѓу убиените има жени и деца. Саудиските медиуми јавуваат дека во нападите е...

ФСБ уапсила екстремисти кои подготвувале напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила четири лица за кои се сомнева дека во Москва планирале напади на административни згради и на полицијата за време на претстојниот празник. ФСБ наведува дека се уапсени припадници на „Артпадгатовска“ (Арилериска подготовка) кои, според сомневањата, за време на викендот, во текот на празникот Ден на народното единство, планирале да фрлат запаливи бомби на административните...

Тринаесет загинати во три самоубиствени напади во Нигерија

Тринаесет лица загинаа, а 16 се повредени во три самоубиствени напади во североисточниот нигериски град Маидугури, соопштија локалните власти. Како што јавуваат локалните медиуми, нападите ги извршиле жени, кои на себе носеле експлозивни појаси. Првиот напад се случил во ресторан, а набргу потоа и двете жени - самоубијци се саморазнеле, повредувајќи случајни минувачи. Северниот дел на Нигерија е честа мета на...

Стаклен ѕид отпорен на куршуми ќе се гради околу Ајфелова кула

Ајфелова кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид, а ќе се гради според проект на австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер. Изградбата, според пишувањата на австрискиот весник „Стандард“, треба да почне денеска, а ќе треа половина година и ќе чини 20 милиони евра. Зад ѕидот планирана е изградба на бетонски столбови кои треба да спречат напади со камиони. Фајхтингер изјави дека...

Хелсиншки комитет: Расизам и ксенофобија на прилепскиот базен „Маркови кули“

Повеќе од 400 лица од Прилеп и од Прилепско од 1 јули годинава на градскиот базен „Маркови кули“ во Прилеп се соочиле со расизам, односно не им било дозволено да го користат базенот поради бојата на кожата. Според Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП), до Комитетот и до здружението „Ромска солза“ од Прилеп, се обратиле повеќе од 400 лица од...

Жесток отпор на џихадистите пред Тал Араф

Ирачката војска денеска извела серија воздушни и артилериски напади на позиции на екстремистите на Исламска држава, оддалечени 10 километри северозападно од Тал Араф. Припадниците на ИД ѝ пружаат жесток отпор на ирачката војска пред ослободениот град Тал Араф, еден од последните упоришта на џихадистите во Ирак. Властите во Багдад во неделата соопштија дека ирачката војска „целосно го ослободила“ градот Тал Араф од...

Нападната полицијата и војската во Мјанмар

Муслимански екстремисти, вооружени со пушки и мачети ги нападнаа силите за безбедност на Мјанмар на неколку полициски и гранични пунктови. Убиени се 71 лице. Локалната полиција наведела дека истовремено се нападнати 26 пунктови. Убиени се 12 граничари, но, и 59 напаѓачи, а полицијата наведува дека сè уште им пристигаат податоци за жртви. Нападите се случиле во текот на ноќта во...

Албанија ги зголеми безбедносните мерки

Во Албанија е зголемено нивото на безбедност по терористичките закани и напади во Европа, соопшти албанската полиција. Полицијата најави зголемено присуство во градовите и зголемени безбедносни мерки на настаните на кои се собираат голем број луѓе, во трговски центри, дипломатски претставништва... Зајакната е и безбедноста во пограничните области и на граничните премини. Во соопштението се додава дека надлежните за борба против...

Идентификуван возачот на „комбито на смртта“ во Барселона

Шпанската полиција соопшти дека е идентификуван возачот на белото комби кое минатата недела влета во маса во Барселона и усмрти 13 лица. - Сè укажува дека возач бил Јунес Абујакуб – наведе денеска полицијата и додаде дека се трага по 22-годишниот Мароканец. Засега нема информации за судбината на Абујакуб. Неколку часа по нападот во Барселона, едно лице е убиено, а шест...

Тројца од петмината убиени терористи во Камбрилс се идентификувани

Шпанската полиција потврди дека телата на тројца од петмина убиени терористи во Камбрилс се идентификувани, а во тек е потрага по возачот на комбето кој уби 14, а 100 лица беа повредени во Барселона. Шпанската полиција и безбедносните служби почнале потрага по преостанатите членови на терористичката организација која ја сочинуваат државјани на Мароко, поради стравувања дека се подготвуваат нови напади...

Уапсени терористи кои подготвувале напади во Москва

Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсиле членови на терористичка група која во Москва и регионот подготвувале серија напади. „ФСБ спречи активност на терористичка група која планирала серија терористички напади на јавни места, вклучувајќи и големи трговски центри. Групата врши самоубиствени напади со силни експлозиви“, стои во соопштението на ФСБ. Како што се наведува, во специјалната операција е уапсен и...

Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица. Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека воздушните напади се интензивирале во изминатите...

Жртва идентификувана 16 години по нападот на Светскиот трговски центар

Посмртни останки на маж кој настрадал во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, се идентификувани 16 години по нападот. Канцеларијата за судска медицина во Њујорк соопшти дека името на загинатиот нема да биде објавено на барање на неговото семејство. Во нападот на Светскиот трговски центар загинаа 2.753 лица, а досега се идентификувани 1.641 жртва. Тоа значи...

Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон

Две лица на украден мопед 90 минути дивееле низ Лондон и нападнале пет луѓе со киселина, пренесува „Индепендент“. Полицијата соопшти дека напаѓачите им фрлале киселина в лице на случајните минувачи, при што еден од нападнатите е потешко повреден. Мажите кои се возеле на мотор прво нападнале 32-годишен маж, кому по нападот му го одзеле моторот. https://twitter.com/IWillRedPillYou/status/885706648471445504

Можни се нови терористички напади во Германија, предупреди БФВ

Шефот на германската Федерална служба за разузнавање (БФВ), Ханс Георг Масен, денеска предупреди дека можни се нови терористички напади во Германија, имајќи го предвид зголемување на бројот на потенцијални исламистички милитанти. - Мора да очекуваме нови напади од индивидуалци или терористички групи. Исламскиот тероризам е најголемиот предизвик со кој се соочува БФВ и ние гледаме на него како најголема закана...

Исламска држава се реорганизира и се фокусира на напади во Европа, оцени ОН

Џихадистичката Исламска држава, и покрај воените неуспеси во Ирак и Сирија се реорганизира и ги насочува своите напади во странство, посебно во Европа, соопштија Обединетите нации. Потсекретарот на ОН за политички праташа Џефри Фелтман изјави дека џихадистите пружаат отпор во Мосул и Рака, но и дека ги реорганизираат своите воени структури, давајќи им поголеми овластувања на локалните водачи и фокусирајќи...

Британската полиција продолжува со апсењата по нападите во Лондон

Британската полиција продолжува со новите рации и апсења, но не соопштува колкав е бројот на новоприведените во рамките на истрагата за саботните терористички напади во Лондон, во кои загинаа седум лица. „Одреден број луѓе се уапсени“, соопшти денеска полицијата. Шефот на лондонската Метрополитен полиција, комесарката Кресида Дик, за „Би-би-си“ изјави дека полицијата „има големо количество форензички материјал“ кој внимателно се прегледува,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...