fbpx
Таг: напади

таг: напади

Серија бомбашки напади во Тајланд

Во серија бомбашки напади на југот на тајландската провинција Јала, за кои се осомничени муслиманските бунтовници, загинаа 18 лица, соопшти војската. Воената влада која раководи со Тајланд по минатогодишниот пуч, наведе дека усвоила нова стратегија за задушување бунтови, а минатиот месец предочи дека нападите на муслиманските бунтовници се намалени за 50 отсто во немирниот регион. Повеќе од 6.500 луѓе, претежно цивили, загинале...

Израелски авиони бомбардираа сириски воени бази

Израелската армија изврши воздушни напади врз сириски и цели на либанскиот Хезболах на границата меѓу Сирија и Либан. Како што јавуваат израелските медиуми, мета на нападите биле бригадата на сириската армија задолжена за стратешко оружје и ракети со голем дострел. Арапските медиуми јавуваат дека мета на нападите биле сириските магацини за оружје. Израел засега не ги коментира медиумските информации.

Спречени пет терористички напади во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека од јануари досега се спречени пет терористички напади во Франција. Валс рече дека освен петте напади, спречен е и еден кој, според планот на терористите, требало да го извршат 19 април. Валс бара зголемување на овластувањата за соодветните служби да можат да ги надгледуваат и да ги следат осомничените.

Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска го бомбардираше градот Таез, на југозападот на Јемен, каде бунтовниците Хути претходно нападнаа камп на војската на актуелниот јеменски претседател, Абд Раб Мансур Хади. Неименувани извори соопштија дека мета на нападот бил воен камп, каде рано наутро се судриле приврзаниците и противниците на Абд Раба Мансур Хади.

Директорот на Европол предупредува: Ал каеда сè уште може да изврши големи напади во Европа

Опасноста од терористички напади во Европска унија и понатаму е висока, изјави денеска Роб Вејнврајт, директорот на Европол, предупредувајќи на опасноста што ја претставуваат Исламска држава и Ал каеда. - Двете организации имаат способност и средства за да спроведат напади во ЕУ. Сметаме дека заканата за безбедноста во ЕУ ќе остане на високо ниво – изјави Венјврајт. Според Венврајт, организациите кои се...

Ирачкиот град Рамади наскоро ќе падне во рацете на џихадистите

Клучниот ирачки град Рамади следните неколку дена би можел да падне во рацете на Исламска држава, јавуваат локални претставници, кои молат за помош. Еден од претставниците на градот за „Си-Ен-Ен“ изјави дека не знае уште колку владините сили можат да ги држат џихадистите надвор од границите на градот. Борбите се интензивирале во последните неколку дена, а градските власти побараа помош...

ОН: Во борбите во Јемен загинале 519 лица

Вкупно 519 лица загинале, а 1.700 се ранети во последните две недели во Јемен, каде Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе осум дена водат кампања на воздушни напади, соопшти Валери Амос, заменик на  главниот секретар на ОН. Амос рече дека е „крајно загрижена“ за безбедноста на цивилите поради борбите што се водат и ги повика сите инволвирани во конфликтот да направат...

Уапсени четири лица поврзани со нападите во Париз

Француската полиција денеска соопшти да се приведени четири лица поради поврзаност со нападите во Париз во јануари оваа година и дека меѓу нив се наоѓа и една жена-полицаец. Две официјални лица, кои сакале да останат неименувани, бидеќи истрагата е во тек, рекле дека едно од приведените лица има врска со Амеди Кулибали. Кулибали ја уби жената-полицаец на осми јануари, а потоа уште...

Сирија: 30 загинати во воздушен напад на рафинерија

Во воздушните напади на коалициските сили предводени од САД е погодена рафинарија за нафта, која е под контрола на Исламска држава. Во нападот загинаа 300 лица, меѓу кои има работници и припадници на ИД. - Кога ќе се оцени дека се основани тврдењата за цивилни жртви при американските или коалициските напади, ќе се спроведе истрага за процена на точноста и...

Нигерија: 27 загинати при два самоубиствени напади

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот нигериски град Потискум. Како што јавуваат локалните медиуми, при првиот напад, извршен од жена-самоубиец, загинале 17 луѓе, а повеќе од 50 се повредени. Втората експлозија се случила неколку часа подоцна, на автобуска станица во градот Кану, кој е честа мета на Боко харам. Засега...

Сирија: За пет месеци се убиени 1.600 џихадисти

Повеќе од 1.600 лица загинаа во петмесечните напади што ги изведе коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламска држава во Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права. Во извештајот се наведува дека покрај припадниците на ИД и на сирискиот разгранок на Ал Каеда, Фронт ал-носра, загинале и 62 цивили.

Милитанти на ИД влегле во Турција и планираат напади?!

Милитантите на Исламска дражва (ИД) влегле во Турција и планираат напади на дипломатските мисии во Анкара и во Истанбул, пренесува хрватската државна телевизија (ХРТ), повикувајќи се на информации објавени во турските медиуми. Весникот „Хуриет“, повикувајќи се на интерна белешка на турската национална разузнавачка агенција (МИТ), пишува дека околу 3.000 милитанти на ИД од Сирија и од Ирак настојуваат да влезат...

Валс: Опасноста од екстремисти и понатаму е многу голема

Премиерот на Франција, Мануел Валс, вели дека опасноста од можни напади на екстремисти во земјата сè уште е многу голема и дека вонредните безбедносни мерки ќе останат на сила сè додека тоа е потребно. Франција ангажира околу 10.000 војници на јавните места и ја зајакна безбедноста откако 17 луѓе беа убиени во серија напади на исламските терористи во јануари. Валс рекол...

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за напади со ракетниот систем „Град“. Завојуваните...

Египет тргна во одмазда по масакрот на ИД врз Коптите

Египетската армија соопшти дека изутринава извршила воздушен напад врз цели на Исламска држава во Либија, еден ден откако ИД објави видеоснимка од егзекуција на 21 Египќанец. Цели на нападот биле кампови за обука и складишта за оружје. Армијата во соопштението наведува дека нападот бил „одмазда за крвопролевањето и за убијците“. Претходно, египетскиот претседател, Абдел Фатах ал-Сиси, рече дека во Египет има „соодветен одговор“...

Од почетокот на примирјето 60 пати е стрелано врз украинската војска

Проруските сили 60 пати стрелале врз позиции на украинската војска од почетокот на прекинот на огнот договорен во Минск, соопшти официјален Киев. Претставникот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, претходно соопшти дека е намален бројот на нападите во Донецк и во Луганск, додавајќи дека украинската војска го почитува режимот на примирје, но оти ќе реагира...

Нови напади и жртви на истокот на Украина

Најмалку шест лица загинаа, од кои три деца, при ракетен напад во Луганск и при гранатирање на Горловка, соопштија проруските власти во Луганск и во Донецк. Како што соопшти Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Донецка Народна Република, граната паднала врз куќа, што предизвикало уривање на ѕидовите и на покривот. Спасувачките екипи по нападот пронашле три деца, на возраст од три,...

Исламска држава го нападна ирачкиот град Киркук

Најмалку шест лица загинаа во нападите на северозападниот ирачки град Киркук, јавуваат светските медиуми. Исламистите зазеле дел од градот наречен Мактаб Калиф, по борбите со силите Пешмарга. Меѓу загинатите е и генералот на овие воени сили, Шерко Фетиј. Исламистите околу полноќ почнаа со напади во јужниот и во северниот дел на градот, а изутринава борбите продолжија. Локалните медиуми јавуваат дека 46 лица се повредени,...

Портпаролот на ИД повикува да продолжат нападите на Западот

Портпаролот на Исламска држава ги повика муслиманите што живеат во западните земји да изведат уште напади и истакна дека секој кој има можност да „пролее капка крв“, треба да го направи тоа. Во објавениот аудиозапис, Абу Мохамед ал-Аднани ги поздрави неодамнешните напади во Австралија, Белгија и во Франција. Тој, исто така, го пофали вооружениот напаѓач, кој во октомври минатата година уби...

Јеменската Ал Каеда најавува нови напади

Разгранокот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен најави нови напади во САД и на Западот, неколку дена откако ја презеде одговорноста за масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. - Подготвени сме и ги демнеме непријателите на Алах. Ги поттикнуваме верниците да го направат тоа – рече во видеоснимката Насер бин Али ал-Анси, еден од лидерите на организацијата, притоа...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...