fbpx
Таг: напад

таг: напад

Бегајќи удриле во две полициски возила

Две момчиња на возраст од 19, односно 21 година, синоќа, бегајќи по напад на полициски службеник со возило, марка „фолксваген пасат“, се судриле со две полициски возила на влезот на Гевгелија, информираат од МВР. Според полициските информации, инцидентот се случил триесетина минути по полноќ, во струмичкото село Костурин, кога полицаец интревенирал по пријава на граѓанин за нарушен јавен ред и мир и...

Нигерија: 36 загинати во терористички напад

Најмалку 36 лица загинаа во тројниот самоубиствен напад во северозападното нигериско село Јамаркуми. Како што јавуваат локалните медиуми, тројца мажи ги активирале експлозивните направи на безбедносен пункт, при што загинале војниците и деца кои продавале на улицата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Авганистан: 20 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад

Најмалку 20 полицајци денеска загинаа, а осум се повредени при самоубиствениот напад на полициска станица во Пул-и-алам, главниот град на авганистанската провинција Лагор. Нападот на полициската станица во Пул-и-алам, 80 километри источно од Кабул, го извеле четворица бомбаши-самоубијци, така што првиот ја детонирал експлозивната направа на влезната капија во седиштето на полицијата, додека другиот се разнел во полицискиот комплекс. Двајца бомбаши-самоубици...

Напаѓачот од Копенхаген имал двајца помошници

Две лица се обвинети за помагање на напаѓачот што во саботата изврши напад во Копенхаген. Во нападот на собирот на карикатуристите е убиен еден маж, на возраст од 40 години, а тројца се повредени. Пукањето се случило за време на трибина за слобода на говор, на кој се расправало за богохулие и за ислам. На собирот беше присутен и францускиот амбасадор Франсоа...

Кумановец нападат во билијард-клуб

Дваесет и четиригодишниот кумановец Х.В. синоќа бил нападат од непознато лице во билијард-клуб во Куманово. Х.В. добил повреди на главата поради што е пренесен во Медицински центар Куманово, а потоа во Клинички центар Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Пакистан: 10 загинати и повеќе од 60 ранети при напад на џамија

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десеттини се повредени при напад на екстремистите на шиитска џамија во Пешевар, на северозападот на Пакистан. Според лекарски извори, најмалку 10 лица загинаа, а 63 се повредени. Пакистанската полиција ги потврди лекарските наводи. Светските медиуми јавуваат дека судирите и понатаму траат. Претставникот на пакистанската полиција, Ран Умер Хајат, неколку вооружени напаѓачи фрлиле бомби на џамијата „Имамија“...

Украина: Седум цивили загинаа при напад на Краматорск

Најмалку седум цивили денеска загинаа во гранатирањето на источниот украински град Краматорск, со што бројот на жртвите во последните 24 часа се зголеми на 21. Нападите доаѓаат еден ден пред состанокот во Минск, на кој европските, руските и украинските челници треба да го договараат мировниот план, кој се смета за последна шанса за мир. Како што соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко,...

Маскирани лица отворија оган врз полицијата во Марсеј

Група маскирани лица вооружени со пушки клашников наводно отвориле оган врз полицијата во јужниот француски град Марсеј. Нападот се случува за време на посетата на премиерот Маниуел Валс на Марсеј. Елитните полициски сили веднаш се распоредени на местото на пукањето во медитеранскиот крајбрежен град. Весник „Фигаро“ наведува дека не станува збор за нов терористички напад, туку за пресметка со нарко мафијата. Француските...

Ракетен напад на Дамаск

Три лица загинаа, а 35 се повредени во ракетниот напад на Дамаск, што е втор жесток напад на бунтовничката група Армија на исламот, изведен за помалку од две недели. Од почетокот на годинава, имаше повеќе напади на Дамаск, а Армија на исламот со 38 ракети на 25 јануари го нападна градот, при што загинаа седум лица. Сириската државна телевизија соопшти дека...

Донецк: 15 загинати при напад на болница

Болницата во Донецк е погодена од артилериски оган, а убиени се 15 лица, соопштија локалните власти. При гранатирањето на едно од главните упоришта на проруските бунтовници во Источна Украина, оштетена е една околна станбена зграда, како и еден далекувод. Како што јавува „Раша тудеј“, бројот на повредените засега не е познат, а медицинските екипи се на терен.

Либија: Нападнато наоѓалиште за нафта

Вооружени милитанти го нападнаа либиското наоѓалиште на нафта Ал-Мабрук, на околу 170 километри јужно од пристаништето Сирта, при што убија тројца чувари. Портпаролот на либиската нафтена компанија изјави дека се евакуирани останатите вработени во наоѓалиштето, на кое експлоатација врши францускиот нафтен гигант „Тотал“ и оти никој не е повреден. Ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за овој напад.

Нападнати војници во Ница

Маж вооружен со нож нападна војници кои се наоѓале во антитерористичка патрола во јужниот француски град Ница, соопшти денеска синдикатот на француската полиција. Засега не е позната природата на повредите, соопшти претставничката на синдикатот на полицијата во Ница, Сара Барон, укажувајќи дека напаѓачот е уапсен, но дека две лица кои биле со него за време на нападот, се во бегство.

Донецк: 10 цивили загинати при артилериски напад на украинските сили

Пет лица загинаа откако украинските сили отворија оган врз тролејбус во градот Донецк, соопштија проруските сепаратисти. Властите на самопрогласената република Донецк соопштија дека тролјебусот бил погоден додека стоел на станица на еден од булеварите во градот. Во меѓувреме, пет лица загинаа при артилерски напад на украинските сили во близина на Домот на културата во Доњецк, каде се делела хуманитрана помош.

Кавадарчанец со нож нападнал полицаец

Дваесет и осумгодишен кавадарчанец минатата недела со нож нападнал полицаец пред полициската станица во градот, информираат од полицијата. Како што соопштуваат оттаму, осомничениот О.К., на 23 јануари, околу 16 часот, без повод и причина му се доближил на полицискиот службеник и почнал да му се заканува, а потоа го нападнал со нож. Тој веднаш бил совладан и уапсен. Од полицијата додаваат...

Тел Авив: Палестинец со нож избоде патници во автобус

Најмалку десет лица се повредени, од кои три посериозно, откако Палестинец со нож нападна луѓе во автобус во Тел Авив. Како што јавуваат израелските медиуми, напаѓачот се обидел да побегне, но полицијата го застрелала в нога и успеала да го фати.

Прободено 25-годишно момче во Кисела Вода

Дваесет и петгодишно момче вчеравечер било избодено од крадци во скопската населба Кисела Вода. Момчето со убоди во стомакот и со повреди на главата е задржано на лекување во Ургентниот центар во Скопје. Тоа вечерта ги пресретнало крадците во влезот на зградата во која живеело и се обидело да се пресмета со нив. Крадците го нападнале со нож, а потоа побегнале. Полицијата...

Нападнати 19.000 француски веб-страници

Околу 19.000 француски веб-страници се нападнати по терористичките напади во Париз, соопшти претставник на Одделот за кибернетичка одбрана, Арно Кустилијер. Голем дел од кибернетичките напади ги извеле „помали или поголеми организирани групи“, меѓу кои и добро позната Исламска хакерска група. Кустилијер наведе дека се нападнати веб-страници од различни сектори - од воени интернет-страници за регрутација до такви на пицерии. Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска порача...

Кулибали пред нападот во Париз бил во Мадрид

Францускиот терорист Амед Кулибали минал три дена во Мадрид пред минатонеделните напади во Париз, а шпанската полиција сега истражува дали таму имал поддршка од терористички ќелија, пишува шпанскиот весник „Ла вангардија“. Кулибали престојувал во Мадрид од 30 декември до 2 јануари заедно со уште едно лице, чиј идентитет не е утврден, пишува весникот. Шпанските власти заедно со своите колеги од Франција...

Либан: Девет загинати во самоубистевн напад во кафуле

Девет лица загинаа, а 37 се повредени откако двајца бомбаши-самоубици се разнесоа во кафуле во либанскиот град Триполи. Како што јавуваат локалните медиуми, прво се разнел едниот бомбаш-самоубиец, а кога гостите почнале да бегаат, вториот се разнел на излезот на кафулето. Групата Џебхат ал Нусра, разгранок на терористичката мрежа Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

Абу Сад ал-Ансари, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), рекол дека оваа исламска организација стои зад нападот на весникот „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, пренесува „Дојче пресе агентур“ (ДПА). - Почнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји - рекол Абу Сад ал-Ансари за време на молитвата...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...