fbpx
Таг: напад

таг: напад

Носорог усмртил жена во Непал

Носорог кој заталкал во предградие на Хетауде, град на југот на Непал, усмртил 61-годишна жена и повредил неколку луѓе. Владиниот претставник Рам Прасад Тапалија рекол дека животното упаднало во дел од градот кој се наоѓа на работ на шумата и ги нападнало луѓето кои биле присутни на пазарот и на автобуската станица. Тапалија навел дека жителите безуспешно се обидувале со удирање на тапани и...

Уапсен водачот на групата што го нападна музејот во Тунис

Уапсен е водачот на групата што минатата недела изврши напад врз музејот „Бардо“ во Тунис. Групата што го извела нападот била составена од 15 терористи и секој од нив имал своја посебна задача. Портпаролот на МВР на Тунис, Рафик Чели, потврди дека членови на групата претходно се сретнале со алжирскиот терорист Лукман Абу Сакхар, по кого се трага, а кој ја предводи групата...

Рускиот амбасадор ѝ се закани на Данска со нуклеарен напад

Рускиот амбасадор во Данска, Михаил Вањин, изјави дека Русија ќе испрати нуклеарни ракети на данските бродови доколку земјата стане членка на НАТО и се придружи кон антиракетниот штит на западните сили. Изјавата на Ваљин, објавена во еден дански весник, предизвика бурна реакција кај шефот на данската дипломатија, Мартин Лидегард. Тој рече дека коментарите на рускиот амбасадор се неприфатливи и оти...

Уапсени 20 осомничени милитанти во Тунис

Повеќе од 20 лица се уапсени под сомневање дека се дел од милитантните борци што го извршија нападот врз музејот „Бардо“, во кој загинаа 23 лица, соопштија туниските власти. Нападот во музејот доведе до голема акција на силите за безбедност низ целата држава. - Уапсени се повеќе од 20 осомничени борци, меѓу кои има и 10 лица за кои се претпоставува дека се директно...

Повеќе од 20 загинати во бомбашки напади во Сирија

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени во две експлозии на автомобил-бомби во курдскиот град Хасака. Како што јавува сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, нападите се извршени за време на прославата на празникот Навруз, кој, според персискиот календар, го означува почетокот на новата година. Првата експлозија одекнала во курдската населба Ал Мјуфти, додека вториот напад бил извршен на...

Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

Сто триесет и седум загинати и повеќе од 300 повредени е последниот биланс од бомбашките самоубиствени напади извршени во две џамии во главниот јеменски град Сана. Нападите беа извршени за време на попладневната молитва и следуваа еден ден по вчерашната престрелка во Адена, на југот на Јемен, меѓу силите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател. Во вчерашниот напад загинаа 13 лица.

Повеќе од 50 загинати во напад на џамии во Јемен

Најмалку 55 лица загинаа, а десеттици се ранети во трите напади на бомбаши-самоубијци во две џамии во Сана, извршени за време на пладневната молитва. Како што јавуваат светските медиуми, првата бомба експлодирала во џамијата „Бадр“, додека втората на влезот, во моментот кога луѓето почнале да бегаат. Третиот бомбаш-самоубиец се разнел во џамијата „Хашахуш“, во северниот дел на Сана.

Тунис: 22 лица убиени во напад во музеј

Дваесет и двајца загинати, од кои 20 се странски туристи, е последниот биланс од вчерашниот напад во народниот музеј „Бордо“ во Тунис, соопшти туниското МНР. Тунискиот претседател Каид Есеби вети немилосрдна „војна против тероризмот“. - Сакам луѓето во Тунис да сфатат дека сме во војната против тероризмот и оти дивјачкото малцинство не нè плаши. Ќе се бориме против нив, без милост,...

Амди Бајрам обвини дека го нападнало обезбедувањето на Заев, СДСМ негира

Пратеникот Амди Бајрам попладнево бил нападнат во Градски трговски центар, по што бил пренесен во болница. Бајрам на лекарите им се пожалил дека е удрен во градите и во грбот. Од МВР велат дека добиле пријава, но дека е рано да излезат со какви било квалификации. Амди Бајрам, пак, изјави дека напаѓачот бил член на обезбедувањето на Зоран Заев. - Тој самиот...

Кина: Девет лица избодени на железничка станица

Најмалку девет лица се повредени на железничка станица во кинескиот град Гуангжу, откако двајца напаѓачи ги нападнале со нож. Како што јавуваат кинеските медиуми, полицијата застрелала и убила еден од осомничените, додека другиот е уапсен. Засега не се знаат мотивите за нападот.

Скопјaнец ја претепал сопругата со метална цевка

Скопската полиција поднела кривична пријава против 50-годишниот скопјанец Д.Б., осомничен дека вчера со метална цевка ја претепал својата сопруга, Е.Б. (46), на улица во градот и потоа побегнал, информираат од полицијата. Случајот го пријавиле од Ургентниот центар, каде жената била хоспитализирана по нападот, кој се случил околу 7 часот наутро на улицата Московска. Според полицијата, осомничениот со метална цевка ја претепал...

Терористички напад во Одеса

Експлозија одекна во Одеса, во зградата во која се сместени канцелариите на ултрадесничарското движење „Десен сектор“. Нема загинати, ниту повредени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека е можно да се работи за терористички напад, пренесува „Танјуг“. - Инспекторите привремено ја квалификува експлозија како терористички напад - се вели во соопштението на министерството. Локалните власти соопштија дека станува збор за рачно изработена експлозивна направа...

Нападнат американскиот амбасадор во Јужна Кореја

Приврзаник на идејата за обединување на Јужна и на Северна Кореја, денеска го нападна американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, јавуваат јужнокорејски медиуми. Напаѓачот, кој, според медиумите, се викал Ким, во себе носел брич и извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“. Четириесет и двегодишниот Липерт, кој ужива голема популарност во Јужна Кореја, е полесно повреден. https://www.youtube.com/watch?v=mCw99k9wzAs

Жител на Желино го избол брата си со нож

Триесет и двегодишен жител на тетовското село Желино, вчераутро со нож го избодел својот три години повозрасен брат, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 8.30 часот во нивниот дом во селото, а по нападот осомничениот побегнал. Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била констатирана убодна рана во левиот лакт. Лекарите веднаш ја санирале повредата и го пуштиле...

Истанбул: Полицијата го совлада бомбашот-самоубиец пред конзулатот на САД

Турските специјални сили успеале да го неутрализираат лицето кое изутринава се закануваше дека ќе се разнесе во близина на генералниот конзулат на САД во Истанбул, пишува весникот „Хуријет“. Како што јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за психички растроен маж. Според првичните информации, во возилото на осомничениот бомбаш-самоубиец имало неколку експлозивни направи. https://www.youtube.com/watch?v=6AM0ST0pZX0

Разбојници со нож раниле 18-годишно момче

Ноќеска околу 1.30 часот по полноќ од скопската градска хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ во полиција било пријавено дека кај нив е донесено 18-годишно момче со повреда од нож во ногата и скршеницата на долната вилица, информираат од полицијата. Во разговор со полициските службеници, повредениот О.И. рекол дека бил физички нападнат од неколку непознати лица на булеварот Кочо Рацин, кои...

Бегајќи удриле во две полициски возила

Две момчиња на возраст од 19, односно 21 година, синоќа, бегајќи по напад на полициски службеник со возило, марка „фолксваген пасат“, се судриле со две полициски возила на влезот на Гевгелија, информираат од МВР. Според полициските информации, инцидентот се случил триесетина минути по полноќ, во струмичкото село Костурин, кога полицаец интревенирал по пријава на граѓанин за нарушен јавен ред и мир и...

Нигерија: 36 загинати во терористички напад

Најмалку 36 лица загинаа во тројниот самоубиствен напад во северозападното нигериско село Јамаркуми. Како што јавуваат локалните медиуми, тројца мажи ги активирале експлозивните направи на безбедносен пункт, при што загинале војниците и деца кои продавале на улицата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Авганистан: 20 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад

Најмалку 20 полицајци денеска загинаа, а осум се повредени при самоубиствениот напад на полициска станица во Пул-и-алам, главниот град на авганистанската провинција Лагор. Нападот на полициската станица во Пул-и-алам, 80 километри источно од Кабул, го извеле четворица бомбаши-самоубијци, така што првиот ја детонирал експлозивната направа на влезната капија во седиштето на полицијата, додека другиот се разнел во полицискиот комплекс. Двајца бомбаши-самоубици...

Напаѓачот од Копенхаген имал двајца помошници

Две лица се обвинети за помагање на напаѓачот што во саботата изврши напад во Копенхаген. Во нападот на собирот на карикатуристите е убиен еден маж, на возраст од 40 години, а тројца се повредени. Пукањето се случило за време на трибина за слобода на говор, на кој се расправало за богохулие и за ислам. На собирот беше присутен и францускиот амбасадор Франсоа...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...