fbpx
Таг: накит

таг: накит

Од стан во Козле украдени 16.000 евра и злато

Вчера во 19 часот Р.Р. пријавила дека на улица Јуриј Гагарин од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба. Крадецот преку балконската врата влегол во станот и одзел мал сеф во кој имало 16.000 евра и златен накит, информираат од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Гостиварец олеснат за 29.000 евра

Непознато лице вчера ограбило куќа во гостиварската населба Осма Зона, соопшти МВР. Крадецот упаднал во домот на 32-годишниот А.З., при што од метален сеф одзел сума на пари од околу 13,500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од околу 15.400 евра. Како што соопшти полицијата, крадецот влегол во куќата низ незаклучената врата, а по извршеното пребарување и пронаоѓање...

Во Гостивар украден накит вреден 25.000 евра

Непознато лице вчера околу 12 часот ја ограбил куќата на 41–годишниот Е.Р. на улицата Илинденска во Гостивар. Крадецот од сеф во куќата одзел златен накит во вредност од 25.000 евра. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица од Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ограбен стан во Аеродром

Непознато лице вчера ограбило стан во скопската населба Аеродром, сопственост на 32-годишниот Д.Ц. Како што соопшти полицијата, крадецот украл златен накит, мобилен телефон и машки рачен часовник во вредност од 70.000 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Од куќа во Куманово, украдени накит и пари во вредност од 25.000 евра

Непозната сторител синоќа провалил во куќа во Куманово и украл куфер во кој имало разновиден накит и девизи. Вкупната вредност на пленот, според полицијата, била проценета на околу 25.000 евра. Кражбата, како што информираат од МВР, се случила во периодот меѓу 20.30 и 22.18 часот, во куќата на А.А. на улицата Поток Серава, во Куманово. Крадецот се прекачил на терасата од...

Четворица осомничени за тешка кражба во Битола, меѓу нив и еден малолетник

Битолската полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот С.Б. од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Д.Р. (24) од Битола и уште едно, засега непознато лице, кои се товарат за тешка кражба. Како што информираат од полицијата, осомничените, ноќта меѓу 9 и 10 август оваа година, провалиле во куќа на улицата Сремска Митровица во Битола и украле пари, златен и сребрен накит, во вкупна...

Од куќа украдени 5.500 евра и женски часовници

Во саботата на улицата 8 во населбата Илинден, непознат сторител, со употреба на погоден предмет, насилно ја отворил балконската врата од куќата сопственост на Д.С. (41) и извршил тешка кражба, при што одзел златен накит, 5.500 евра и два женски рачни часовници, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 550.000 денари. Се преземаат мерки...

На скопјанец му украле 12.000 долари, 5.000 евра и накит

Викендов во Скопје, во семејна куќа на улицата Рудо, засега непознат сторител со насилно влегување од задната страна, извршил тешка кражба при што одзел 12.000 долари, 5.000 евра и разновиден златен накит. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Скопјанец пљачкосувал стан во Карпош, откако се спријателил со ќерката на сопственикот

Дваесет и осумгодишен скопјанец е осомничен дека украл уникатен златен накит и предмети од злато со антиквитетска вредност од стан во населбата Карпош, откако претходно се запознал со ќерката на сопственикот и подолго време останувал во станот, собирајќи го пленот, чија вкупна вредност била проценета на околу шест милиони денари. Според полицијата, осомничениот Б.А. кражбата ја извршил во периодот од 31...

Скопјанец пријавил кражба на накит вреден 5,5 милиони денари

Скопојанец вчера пријавил дека непознат сторител провалил во неговиот стан на улицата Јуриј Гагарин, во населбата Козле, и украл разновиден златен накит, информираат од полицијата. Според пријавата на скопјанецот В.В. (65), вкупната вредност на накитот што го однел крадецот била околу 5,5 милиони денари. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопјанец олеснет за 100.000 денари

Непознато лице синоќа извршило тешка кражба со насилно отворање на влезната врата од стан на булеварот 8 Септември, сопственост на Г.В. (61). Крадецот одзел пари и златен накит и го напуштил местото, стекнувајќи противправна имотна корист од 100.000 денари.

Франција: Украден накит вреден девет милиони евра

Група непознати напаѓачи во текот на ноќта ограбиле два камиона со силно обезбедување, кои превезувале накит на автопатот А6 меѓу Париз и Лион, и побегнале со плен во вредност од девет милиони евра, јавуваат француските медиуми. Група од 15 вооружени маскирани лица нападнале два камиона на наплатна рампа кај Авалон, околу 200 километри од Париз. При нападот не е отворен оган...

Од стан на скопјанец, украден накит вреден 3,7 милиони денари

Разновиден златен накит и девизи, во саботата викендов, биле украдени од стан на скопјанец, соопшти полицијата. Кражбата се случила во станот на Ј.С. (46), на улицата Методија Митевски, во кој крадецот провалил во помош на погоден алат и зел разновиден златен и сребрен накит и 750 евра. Според полицијата, вкупната материјална штета била проценета на околу 3,7 милиони денари.

Скопје: Украдени пиштол и накит во вредност од 260.000 денари

Непознат сторител вчера упаднал во куќата на М.М. (36), на улица Исаија Мажовски во Скопје,  при што украл пиштол „чешка зброевка“ и разновиден златен накит, со што на сопственикот му причинил материјална штета од околу 260.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Разбојништво во куќа во населбата Ченто

Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово влегле во куќа во Скопје и од сопственикот и од постанарката одзеле пари, лаптоп и накит, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило во куќа на улицата Палмиро Тољати, во населбата Ченто. Маскираните разбојници со пиштол им се заканиле на сопственикот М.М.В. (44) и на Ч.С.К. (66) и од нив одзеле 100 евра, лаптоп, разновиден...

Арамија влегол во стан и украл лаптоп, таблет, фотоапарат и златен накит

Во саботата, на улица Петар Поп-Арсов во Скопје, непознат сторител со прекачување преку балкон, влегол во станот на В.Г. (49), при што извршил тешка кражба, одземјаќи лаптоп, таблет, фотоапарат и разновиден златен накит во вредност од 350.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Во Тетовско, украден накит вреден 15.000 евра

Златен накит во вредност од околу 15.000 евра е украден од куќа во тетовското село Боговиње. Кражбата, како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, е извршена вчеравечер во периодот од 19.30 часот и 21 часот. СВР Тетово поденесе пријава за засега непознати сторители, кои го искористиле моментот кога немало никого дома, по што со погоден клуч-калауз ја отвориле влезната...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...