fbpx
Таг: МЗШВ

таг: МЗШВ

МЗШВ: Земјоделците можат да поднесат барања за легализација на фармите до крајот на 2018

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираше дека до крајот на годинава, земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште. „Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење. Продолжувањето на рокот е со цел да им се излезе во пресрет на големиот број на граѓани, вклучително и на земјоделците, кои...

МЗШВ работи на интервентна мерка за откуп на јаболката

Поради временските непогоди, оваа година забележана е поголема количина на индустриско јаболко, кое не може целосно да биде преработено во преработувачките капацитети, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Затоа, како што велат од МЗШВ, за регулирање на оваа состојба и постигнување рамнотежа на пазарот, била подготвена интервентна мерка која ќе биде дискутирана на следната владина седница и финализирана до...

МЗШВ: Нова субвенција од два денари за килограм откупени сливи

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова мерка за стабилизирање и решавање на проблемот со откупот на сливи, информираше на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи...

МЗШВ: Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари, а просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму додаваат дека лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица. До 15 август е и рокот за доставување на...

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни...

Преговорите течат, Владата се уште не воведува реципрочни мерки кон Косово

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е во постојана комуникација со ресорните министри од Косово и од регионот, информираат од МЗШВ. Од таму додаваат дека Владата прави се, за да не дојде во ситуација да воведува контрамерки како одговор на постапката на Косово и...

МЗШВ прави анализа на штетите од царината на земјоделските производи за извоз на Косово

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерство за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји, информираат од МЗШВ. „Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина од 30 отсто за одредени...

МЗШВ: Започнати се постапки за доделување на концесии за повеќе риболовни води

Владата на вчерашната седница донесе одлуки за започнување на постапки за доделување на рибите по пат на концесија за повеќе риболовни води, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Започнатите постапки за доделување концесии на рибите за органзирање рекреативен риболов се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското езеро, риболовните ревири Црна Река 1 - Демир Хисарски,...

МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

Според првичните проценки на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти штетите од невремето во ресенскиот регион се 80 проценти, информираат од МЗШВ. „Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот...

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, земјоделците се манипулираат

Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на информациите дека земјоделците протестираат и дека лубениците чекаат да бидат откупени. „Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони. Откупната цена е задоволителна...

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што бил случајот со доматите. Тој потсети дека лани, МЗШВ воведе дополнителна субвенција од два денари за килограм за лубениците и шест денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како...

МЗШВ ќе го откупува вишокот на домати, отежнат пласманот на странски пазари

Откупот на македонските домати е отежнат и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство договара вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, информираат од таму. „Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Точно е дека во моментов е отежнат откупот, заради тоа што расте понудата...

МЗШВ: Невремето предизвика штета на 5.000 хектари земјоделска површина во Овчеполието

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви, по вчерашното невреме во овчеполскиот регион. Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе,  од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари. „Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини. Бидејќи освен...

Субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе се исплаќаат од следната недела

Денеска во Службен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, со што, се создадоа законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Дел од измените на овој закон предвидуваат одложување на важноста на условите за...

Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се...

МЗШВ издаде забрана за вршење на риболов, поради природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година, информираат од таму. „Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест, е...

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро. „Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме...

Производителите на зелка бараат откупната цена да остане 30 денари за килограм

Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска се сретнаа со производителите на зелка, кои вчера излегоа на предупредувачки протест со кои посочија дека откупната цена на пролетната зелка сега е на задоволително ниво, но стравуваат дека може во следните денови да се намали. Во моментов откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм, a земјоделците...

Барања за земјоделски субвенции може да се поднесуваат до 15 мај

Земјоделските стопанства ќе можат да поднесуваат барања за субвенции за 2018 година до 15 мај, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во програмата се предвидени 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Барањата се поднесуваат по електронски пат, а доколку барателите имаат потреба од помош или не се во можност самите да...

МЗШВ плати 137.000 евра заостанати долгови за членарини во меѓународни организации

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) плати 137.000 евра по основ на заостанати долгови, за претходни години, за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство, информираат од таму. Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ) и Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО). „Членството во ФАО...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...