fbpx
Таг: МЖСПП

таг: МЖСПП

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. При тоа, на средбата присуствувале и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион. На средбата присутните, изразиле...

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

Опожарениот смет на депонијата „Русино“ се санира, надлежните ја префрлуваат вината

Во тек е акција за гаснење на пожарот на депонијата Русино близу Гостивар каде гори запалено ѓубре, а облаци опасен чад се шират низ полошката котлина. „Во моментов се работи на санација на состојбата на гостиварската депонија, каде моментално се разнесува запалениот смет на периферниот дел за да може да се прекрие со земја и на тој начин да...

МЖСПП: Почна јавната расправа за заштитата на Осогово и Шара

Како дел од своите активности за заштита на природните предели со посебна вредност во државата, Министерството за животна средина ја изработи Нацрт Одлуката за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел и денес ја објави на својата веб страница. Нацрт одлуката е дел најавените активностите за прогласување на Осоговијата за зашитен предел како дел...

МЖСПП: До крајот на годинава 11,5 проценти од територијата на државата ќе имаат статус на заштитено подрачје

Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO), заедно со македонското Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенцијата на Обединетите нации УНЕП заедно со меѓународни експерти ќе работат на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-План за управување со идниот Национален парк...

Климатската акција треба да стане пракса во секојдневното однесување

По повод денот на планетата Земја, од Министерството за животна средина и просторно планирање повикуваат на #КлиматскаАкција. Тие велат дека за нив, уште поголема мотивација е што оваа година се одбележува и 50-годишнината од воспоставувањето на овој ден како меѓународен ден на кој, целата светска јавност ја манифестира подготвеноста да ја заштити планетата. „Огромните предизвици, но и огромните можности за...

Вонреден состанок на експерти од Македонија, Албанија и Грција за критичната состојба со Преспанското Езеро

Министерството за животна средина и просторно планирање, МЖСПП, информира дека ја следи состојбата со Преспанското Езеро и презема активности. Од таму велат дека МЖСПП се заложло „да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување на номинации од страна на земјите членки: Македонија, Албанија и Грција“. Тие додаваат дека, во...

По забраната за увоз, Цементарница ќе гори конвенционални горива

Неколку дена по донесувањето на измените на Законот за управување со отпад во Собранието, со кое беше забранет увозот на отпад како енергенс, сè уште нема прецизни анализи какви ќе бидат ефектите од оваа забрана. Најголем корисник на отпад како енергенс во државава е скопската Цементарница „Титан-Усје“, но и таа отпадот, односно РДФ горивото, досега го користеше во само...

Се гори странски отпад бидејќи домашниот не се селектира на „Дрисла“

Притисокот на јавноста која бара одговори каков отпад се увезува во државата и на каков начин тој се уништува деновиве ги разбуди надлежните кои почнаа со вонредни контроли на границите на камионите кои пренесуваат отпад за горење (РДФ) во скопската цементарница „Титан - Усје“, но и граѓанските здруженија за борба против загадувањето. За утре се најавени два настани: протест пред...

Винил хлоридот од ОХИС е опасен колку 100 тони експлозив, предупредија поранешни вработени

Високи количества на опасни хемикалии, меѓу кои винил хлорид и жива и ден денес небезбедно се депонирани на простор на некогашната фабрика ОХИС, а нашите предупредувања до надлежните државни органи, како и до Општина Кисела Вода, никој не ги слуша. Ова на присутните на средбата со граѓаните, советниците на Општината и градоначалникот Филип Темелковски, како и пред стечајниот управник...

Лабораторијата која го мери загадувањето се реконструира, акредитацијата најрано догодина (видео)

Просториите во кои е сместена Централната лабораторија на Министерство за животна средина и просторно планирање, со децении запоставена и неакредитирана за методите на работа со кои располага, до крајот на годинава требаат да бидат реконструирани и адаптирани. Неодамна беше објавен оглас за јавна набавка во вредност од 41 илјада евра за реконструкција и адаптација на просториите во кои е...

Со неакредитирана лабораторија загадувачите се невидливи за државата

Централната лабораторија на Министерството за животна средина, која постои уште од основањето на ова министерство во 1995 година, е замислена како важна алка во синџирот на заштита на животната средина која ќе утврдува постоење на загадувањето и на изворите на штетните емисии во воздухот, водата и почвата. Таа би требало да им помага на инспекциите во утврдувањето кој, колку...

Владата пренаменува два милиона евра за замена на нееколошките системи за греење

Владата ќе пренамени 121 милиони денари (околу 2 милиона евра) од буџетот за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. Дополнителните средства од буџетот се наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ...

Лабораторијата на МЖСПП е неопремена и неакредитирана ама зафатена со годишни одмори

Со намера да ја посети лабораторијата на Министерство за животна средина и просторно планирање за да пишува за тоа како функционира овој сегмент од витално значење за следењето на нивоата на загадување во државата и со кои проблеми се соочува, „Мета“ пред дваесетина дена се обрати до надлежните во Министерството, но барањето беше одбиено, односно – одложено, како што...

Владата ја стопира ХЕЦ Жировница 3, жителите велат дека нема да дозволат изградба ниту на другите две мали ХЕЦ

Владата ја поништи постапката за доделување на концесија за хидроцентралата Жировница 3 во Националниот парк Маврово. Ова е една од трите концесии, кои Владата вчера одлучи да не ги додели, додека на истата седница додели дури 18 концесии за изградба на други мали хидроцентрали во земјата. Овој потег на Владата следува откако во јануари годинава Министерството за животна средина објави...

Со децении имаме лабораторија за борба со аерозагадувањето, но не сме ја акредитирале

Иако постои повеќе уште од 1980 година, Централната лабораторија во составот на Министерството за животна средина нема статус на акредитирана национална лабораторија. Централната лабораторија за животна средина, која е постара од самото Министерство, наследена од некогашната Железарница е организационо поставена во Секторот за животна средина во Управата за животна средина како орган во состав на МЖСПП и, според својата поставеност...

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...