fbpx
Таг: муниција

таг: муниција

Ловечки пушки и 1.000 парчиња муниција украдени од куќа во скопско Долно Коњари

Непознат сторител од куќа во скопското село Долно Коњари, сопственост на Љ.Х. (52), украл неколку ловечки пушки и околу 1.000 парчиња муниција за нив, информираат од МВР. Кражбата се случила меѓу 15 и 19 јануари, а сторителот, според полицијата, одзел ловечки карабин со оптички нишан, малокалибарска пушка со калибар 22 милиметри, ловечка пушка со калибар 20 милиметри и околу 1.000 парчиња миниција...

Кривични пријави против две лица, поради нелегално поседување оружје и муниција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, во два одделни случаи, поднела кривични пријави против 35-годишен штипјанец и против 57-годишен жител на Карбинци, кои се товарат за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје и со распрскувачки материи, информира полицијата. Во едниот случај, полицијата, кон крајот на април годинава, извршила претрес на две локации во Радовиш, сопственост на штипјанецот...

Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Вработен на фирмата „Вибе“, во средата оваа недела, во кумановската полиција пријавил дека пронашол минофрлачки мини, зрна од топовска граната, запалки за гранати и куршуми, со потеко од Втората светска војна, информира полицијата. Муницијата била пронајдена при ископ за пруга на потегот од Куманово кон индустриската зона „Бедиње“. Како што информираат од полицијата, станува збор за 18 минофрлачки гранати, четири зрна...

Пронајдена муниција при претрес на стан во Тетово

Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера извршила претрес во стан на 49-годишниот П.М. каде пронашла и запленила повеќе парчиња муниција, со различен калибар, информира полицијата. При претресот, кој бил извршен по судска наредба, под креветот во кујната, полицијата пронашла „три рамки со вкупно 89 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри, 32 куршуми од истиот калибар, завиткани во...

Пронајдени експлозивни направи и муниција на депонија во Тетово

Тетовецот Р.К, вчера на депонијата за претовар на смет на улицата Маршал Тито во Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол две експлозивни направи и рамка со 30 куршуми, калибар 7,62 милиметри. Како што соопшти полицијата, истиот ден, околу 18.30 часот, на истото место, лицето И.Ш. од Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол една експлозивна направа. Полициските служби извршиле увид на...

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

Два часа го држел своето дете на нишан за да спречи полициски претрес

Жител на скопски Раштак два часа го држел сопственото дете на нишан, заканувајќи им се на полицајците дека ќе стрела со пушката во него, а потоа и во нив, доколку влезат во неговата куќа за да извршат претрес. По двочасовни преговори, Д.Ѓ. (43) му дозволил на еден од полицајците да влезе во куќата, по што бил совладан и приведен. Против него,...

Жител на Корошишта дома чувал 400 куршуми за „калашников“

Струшката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Корошишта, откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени речиси 400 парчиња муниција за автоматска пушка. Против Д.У. (26) е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и за тргување со оружје или распрскувачки материи. Според полицијата, кон средината на јули оваа година, при извршен претрес во домот на осомничениот, биле пронајдени...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...