fbpx
Таг: МТСП

таг: МТСП

МТСП: Компаниите да им исплатат К-15 на работниците

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува компаниите да ги почитуваат оврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината. Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), како што соопшти МТСП, е право што е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот...

МТСП: На располагање 10,8 милиони евра, ги повикуваме општините да развиваат социјални услуги

Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика се ставени на располагање на општините за развој на социјални услуги на локално ниво за следните пет години, информираат од таму. Министерството ги повикува општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега,...

Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно со Законот за празниците, 4 јуни 2019 година (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Од таму додаваат дека со измените на Законот за детска заштита кои што се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. „Со истите измени за прв пат...

МТСП: Со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад-хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, велат од Министерство за труд и социјална политика. „Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при...

27 јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија. „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава“, се вели во соопштението на МТСП.

МТСП: Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли. „Засилениот инспекциски...

МТСП: До крајот на годината 60 отсто од децата извадени од институциите

Министерството за труд и социјална политика известува дека планот, ниту едно дете под 18 години во Македонија да не биде сместено во социјална установа до 2020 година, чекор по чекор станува реалност. На крајот на 2018 година во нашите социјални установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца одошто во август 2017 година. „Секое дете заслужува семејство и затоа го...

Светска банка со позитивна оцена за реформите на системите за социјална и детска заштита

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете, информираат од МТСП. Во рамките на извештајот се препорачува и поддржува трансформација на програмата...

МТСП: Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник. „Министерството за труд и социјална политика преку Владата изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување...

Четврток 2 август е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците 2 август 2018 година (четврток), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Центарот за социјални работи и Општина Велес ќе го организираат погребот на трите деца

Центарот за социјална работа во Велес и Општина Велес денеска се ангажираат за организирање на погребот на трите деца, две сестри и еден брат, на возраст од 1,2 и 4 години, кои вчера ги загубија животите во пожарот во нивниот дом под ридот Вршник во Велес, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од министерството појаснуваат дека семејството било...

Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост во секојдневните активности

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на денешната седница ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, информираат од МТСП. Оваа услуга се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од буџетот. „Со оваа програма ќе се обезбеди персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои...

Рускиот патријарх Кирил и бугарскиот Неофит ќе разговарат за статусот на МПЦ-ОА

Статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе биде тема на средбата на бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, кој денеска и утре е во посета на Софија по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство. Тоа го потврди бугарскиот митрополит Антониј во изјава за Бугарската национална телевизија, посочувајќи дека статусот на МПЦ-ОА е...

МТСП: Владата усвои законски измени за да се опфатат дополнителни 1.900 стечајци

На денешната 56. седница, Владата ги усвои најавените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика. Од МТСП информираат дека, со законот кој што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2.732 стечајни работници. Со овие...

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, 1 јануари 2018 година (понеделник), Нова година е неработен ден за сите граѓани на Македонија.  „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Нова година“, информираат од министерството.

Зголемувањето на пензиите ќе се усогласува со порастот на трошоците за живот, велат од МТСП

Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оттаму велат дека, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија...

Од 1 септември градинките ќе работат во две смени и секоја прва сабота во месецот

Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменското работење, согласно владината одлука, донесена на 10 јули оваа година, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Според одлуката, првата смена ќе биде од 7 до 14.30 часот, а втората од 14 до 21.30 часот, а ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од...

И Општина Гевгелија барала Владата да ја повлече стратегијата за бегалци

Мислење во врска со нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година до Министерството за труд и социјална политика и до Владата, преку Здружението на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС), доставила и Општина Гевгелија. Оттаму денеска испратија реакција до „Мета“, во која, повикувајќи се на текстот со наслов „Доза ксенофобија и најави за референдуми од општините за...

Доза ксенофобија и најави за референдуми од општините за стратегијата за бегалци

Вкупно шест општини во земјава доставиле мислења до Минитерството за труд и социјална политика и до Владата во врска со нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 и за предложениот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Од МТСП за „Мета“ оценуваат дека делови од образложенијата на повеќето од општините се „на линија на ксенофобија“. Според дописот што...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...