fbpx
Таг: МРТ

таг: МРТ

Здружението на новинари ги додели годишните новинарски награди

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги избра добитниците на годишните новинарски награди за 2019 година. Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Новинарите од емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов „360...

Манчевски: Не прифативме политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ за МРТ и ААВМУ

Со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараме воопшто за спроведување на медиумските реформи, за застојот за избор на новите луѓе во Македонската радио телевизија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за намалување на нападите и тужбите против новинари како и за ефектите од субвенционирање на печатените медиуми. Дали сте задоволни од спроведените реформи во...

МРТ изборите ќе ги покрива по принципот 30 отсто за власта, 30 отсто за опозицијата и 10 отсто за помалите партии

Јавниот радиодифузен сервис ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори за првиот програмски сервис. МРТ во овој документ посочува дека МРТ 1 во своето известување ќе ги почитува стандардите и начелата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик и Етичкиот кодекс на новинарите. Така, детално покривање на активностите од изборната кампања ќе има во...

Поповски: Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање во МРТ

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, се обрати на тема „Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - влијанието на обезбедените услови за институционална и уредувачка независност на НРТ“, во рамките на вториот ден од јавната дебата посветена на „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис – НРТ“. Поповски се осврна на важноста на реформите во сферата на...

Од МРТ се жалат на малку вработени и малку пари, од МИОА велат дека има превработеност и долгови

Дебата за финансирање, управување и регулирање на јавниот сервис се одржа во хотелот „Арка“, а учествуваа генералниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини како и претставници на Европска радиодифузна унија и еснафските здруженија. Цветковски на дебатата рече дека на некои сектори во Македонската радио-телевизија им се заканува целосно изумирање поради...

Избран старо-новиот Надзорен одбор на МРТ со пет години мандат и по 400 евра плата

Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 6 февруари го избрал новиот Надзорен одбор на МРТ со мандат од пет години. Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страницата на МРТ, мандатот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ започнува на 5 март. Дел од избраните членови на Надзорниот одбор и досега членуваа во органот на јавниот...

Собранието „со умисла“ им го продолжило мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ

Конкурсот на Програмски совет на Македонската радио телевизија за избор на членови на Надзорен одбор на МРТ формално не може да се спори, бидејќи Собранието со последните измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, усвоени кон крајот на 2018 година, им го продолжило мандатот на членовите на Програмскиот совет до изборот на новите членови. Членот...

Смилка Јанеска Саркањац: Неизборот на нов Надзорен одбор ќе предизвикаше блокада на работата на МРТ

По објавувањето на текстот на „Мета.мк“ „Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор“, во јавноста се разви дилема дали навистина е тоа така. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара повлекување на одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на конкурсот за избор на членови на Надзорниот одбор, додека од...

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан'. „Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од буџетот повторно ќе ѝ бидат...

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

Раководството на Македонската - радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот финансиски план објавен на...

ААВМУ: Не сме надлежни да го поништиме конкурсот за членови на Надзорниот одбор на МРТ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вели дека нема надлежност да го поништи конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ, во време кога мандатите на членовите на Програмскиот совет се истечени, пишува Порталб.мк. - Немаме надлежност да го поништиме конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор, тоа е надлежност на Програмскиот совет....

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера објави дека на 17 јануари на веб - страница на МРТ е објавен јавен конкурс...

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио - телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално - финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет, којшто во моментов е со истечен мандат. Конкурсот за изборот на членови на Надзорниот одбор е...

Саморегулацијата на порталите тема на најновиот број на публикацијата „Новинарството како јавно добро“

Темата „Регулација наспроти саморегулација“ е обработена во декемвриското издание на публикацијата „Новинарството како јавно добро“, која што ја издава Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во анализата на авторката Антоанела Димитриевска се вкрстуваат мислењата на новинарската фела во врска со саморегулација на македонскиот интернет простор. Преку анализа на ставовите на медиумски експерти, новинари и уредници се укажува дека...

Приходите на МРТ во континуиран пад – лани помали за 26 отсто во споредба со 2015 (инфографик)

Македонската радиотелевизија (МРТ) бележи континуиран пад на вкупните приходи од работењето во изминативе четири години. Финансиската анализа за националниот радиодифузен сервис покажува дека вкупните приходи во 2018 година изнесувале 15,4 милиони евра, што е за 26 отсто помалку во споредба со 2015 година. Како што покажува анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ на Центарот за граѓански комуникации, кај...

За МРТ, МРД и АВМУ следната година 19,5 милиони евра

Од вкупниот буџет на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во износ од 1,52 милијарди денари, дури 1,2 милијарди денари (односно 19,5 милиони евра) се наменети за МРТ, МРД и АВМУ, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска, на прес конференцијата за буџетот на министерството за следната година. Тој најави дека фокусот следната година е дигиталната...

МРТ и во новиот буџет ќе изеде најголем дел од средствата за МИОА

За Министерството за информатичко општетсво и администрација во предлог-буџетот за 2020 година се предвидени расходи од 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра од кои најголем дел од 1,2 милијарди денари (19,5 милиони евра) се наменети за субвенции и трансфери до јавните претпријатија од радиодифузната дејност како Македонската радиотелевизија (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и Агенцијата за аудио и...

Кривична пријава за директорот на МРТ оти го заложил имотот на куќата

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) поднесе кривична пријава против директорот на Македонска радиотелевизија (МРТ), Марјан Цветковски, но поради дело од 2015 година, кога исто така беше директор на јавната радиодифузна куќа. Финансиска полиција го товари Цветковски дека во 2015 година без да побара и да добие согласност од Собранието, кое е основач и...

Владата со негативно мислење и за МРТ и за нејзиниот финансиски извештај

Владата на својата 134. седница дала негативно мислење за годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2018 година, откако такво мислење од неа побарало Собранието. Ваквиот потег уследил по негативното мислење на Министерството за информатичко општество и администрација, подготвено во соработка со Министерството за финансии. Главниот проблем за негативната оценка е утврдената загутба на ЈРП Македонската радио телевизија...

Раководството на МРТ, делумно и државата, придонеле да се одлеат милиони евра јавни пари

Шокантни се сознанијата од информациите што ги дава Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ – Скопје во смисла на индиции за сериозна неодговорност на раководниот тим на јавниот сервис во поглед на трошењето на парите на граѓаните и негрижата за имотот на јавното претпријатие, пишува „Вистиномер.мк“. Невпишување на...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...