недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МПЦ | 56 резултати

Тимотеј: Работиме на надминување на недовербата

февруари 3, 2015

Во функција на надминување на 16-годишниот спор, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, по 20 години „австралиски пост“, деновиве повторно престојува на потконтинентот, во обид за надминување на недоразбирањата што владиката Петар ги има со некои македонски црковни општини. Во интервју за австралиското радио СБС, владиката Тимотеј вели дека таму е со одредена должност, да […]

Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје

јануари 19, 2015

Дваесет и двегодишниот Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопе, кој од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли поглаварот на Македонската православа црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан. – Нека е за многу години. Господ на сите да дава среќа, здравје, љубов и вера – рече Чимев, кој од Македонската православна црква доби Свето […]

Вранишковски ќе излезе, што за возврат ќе добие МПЦ?

јануари 13, 2015

Повикот на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до надлежните власти во државата за милост кон расчинетиот владика Јован Вранишковски, во име на „повисоки цели“, за краток период го најде своето откровение. По одлежани три години и два месеци или повеќе од половина од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски за една […]

Поглаварот на МПЦ-ОА во божикното обраќање повика да се зачува мирот

јануари 6, 2015

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска се обрати до верниците по повод празникот Рождество Христово – Божик, потсетувајќи дека денеска целокупното Божјо создание, чијашто круна е човекот, празнува и се радува. „Секогаш и насекаде, пред сè, треба да имаме и да покажуваме благодарност кон Бога за неговата неизмерна љубов кон […]

Сите се налепија на две недели стара изјава на Алфеев за спорот МПЦ-ОА – СПЦ

јануари 5, 2015

Изјавата во која митрополитот на руската православна црква Иларион Алфеев зборува за спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ и понудата за посредништво од страна на РПЦ, која денеска ја пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се Верската информативна агнеција (ВИА), а која беше преземена од повеќе македоски портали, е дел од интервју на волоколамскиот митрополит дадена за Бугарското […]

Руската црква нуди посредништво во спорот меѓу МПЦ и СПЦ

јануари 5, 2015

Вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев, изјавил дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје околу црковниот спор, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на Верската информативна агенција (ВИА). „Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ). Тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а […]

ВМРО-НП: За СПЦ македонските христијани се „крстени души во БЈРМ“

декември 27, 2014

Српската православна црква (СПЦ) најбрутално ги навреди Македонците со последното соопштение, во кое наместо македонски христијани го употребува терминот „крстени души во БЈРМ“, реагираше денеска ВМРО-Народна партија, пренесе „Нова тв“. – Крајно сме огорчени од негаторските и непријателски ставови кон сè што претставува идентитет на македонскиот народ, содржани во соопштението на СПЦ. Во него доминираат […]

СПЦ ја замени БЈРМ со Р. Македонија во новото соопштение

декември 26, 2014

Во новото, дополнето соопштение на Српската православна црква за посетата на рускиот митрополит Иларион на Скопје, БЈРМ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија сè уште се користат термините „самопрогласена“ и „неканонска“. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата на митропилитот Иларион, соопшти дека ја прифаќа иницијативата на Руската […]

ВМРО-НП: Иселениците во Австралија да ги спречат црковните поделби

декември 19, 2014

„ВМРО–Народна партија со голема загриженост ги следи настаните што со години прават раздор меѓу македонските православни верници во Австралија, а се однесуваат на канонската јурисдикција на Австралиско-новозеландската епархија“, стои во соопштението од оваа партија. „Македонската јавност трпеливо, долго време се надеваше дека еден ваков црковен спор, лесно ќе биде надминат на цивилизиран начин и според канонските […]

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

ноември 22, 2014

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на […]

ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во Србија

ноември 19, 2014

ВМРО – Народна партија изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми за посетата на московскиот и патријархот на цела Русија, г.г. Кирил на Србија, премолчувајќи ги кристално чистите и јасни негови пораки за статусот на МПЦ, се вели во реакцијата од партијата. „Имено, рускиот патријарх на средбата со српскиот патријарх, недвосмислено порача […]

МПЦ – Табу-тема

ноември 14, 2014

Во добар дел на забранети теми, и покрај сите обиди на власта да ја замолчи критичката мисла во медиумите, сепак тука-таму ќе најдете и некој сериозен критички текст против власта и нејзините потези, па и написи за најделикатните теми, како што се корупцијата, непотизмот, тендерските махинации… Најчесто во скромен обим и со „лајт“ критика. Само […]

Страна 3 од 3