fbpx
Таг: Мосул

таг: Мосул

ИД се обидела да донесе цивили во Мосул и да ги користи како жив штит

Исламска држава се обидела да префрли околу 25.000 цивили во Мосул, а се претпоставува дека планот на групацијата бил да ги користат тие луѓе како човечки штит во одбрана на своите позиции. Цивили од Хамам ал Али, град кој се наоѓа јужно од Мосул, се качени во камиони и во минибуси во раните утрински часови, но повеќето се врателе поради...

Ирачката војска влезе во предградие на Мосул

Ирачката војска денеска влезе во округот Карама, кој се наоѓа на истокот на Мосул, упориштето на Исламска држава. Ова е првпат ирачките војници да успеат да влезат во градот по двонеделните борби во околните подрачја, соопшти воен претставник. - Влеговме во Мосул. Сега се бориме во округот Карама – рече генерал Висам Араји од противтерористичката служба ЦТС, која беше обучувана од...

Во офанзивата во Мосул се убиени 900 припадници на ИД

Американски генерал соопшти дека меѓу 800 и 900 припадници на Исламска држава се убиени по 17 октомври, од почетокот на копнената офанзива на ирачките сили за преземање на џихадистичкото упориште Мосул. - Проценуваме дека ирачките сили усмртиле околу 800 до 900 борци на ИД за време на операциите во изминатата недела и пол – рече генерал Џозеф Вотел. Генералот, кој е...

Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава. Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства. Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица. Повеќе од 25.000 припадници на ирачката војска, курдски...

УНИЦЕФ: Цивилите го напуштаат Мосул

Повеќе од 4.000 луѓе побегнале од подрачјето на Мосул откако почна масовната воена операција за заземање на ирачкиот град, соопшти УНИЦЕФ. Претставникот на таа организација за Ирак, Питер Хокинс, не можеше да го наведе точниот број на избегани, но наведе дека во најмалку еден бегалски камп условите за престој на децата се „многу, многу лоши“. Тој истакна дека тимовите на УНИЦЕФ...

Ирачките Курди почнаа нова офанзива кон Мосул

Силите на ирачките Курди денеска почнаа нова офанзива во рамките на големата операција која ирачката војска заедно со нив ја спроведува за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските агенции. Курдските сили, познати како „пешмерга“, соопштиле дека денеска почнале офанзива на два фронта во правец на североисточниот дел на Мосул и во близина на малиот град...

Секретарот за одбрана на САД во ненадејна посета на Ирак

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Ештон Картер, денеска пристигнал во ненајавена посета на Ирак за да изврши увид во напредокот на офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во градот Мосул, јавуваат светските медиуми. Картер, како што пренесува „Би-би-си“, ненадејно пристигнал во Ирак, веднаш по неговите средби со лидерите на Турција во Анкара, на кои било разговарано за вклучувањето...

Од Мосул побегнале 900 цивили, соопштија ОН

Најмалку 900 лица побегнале од ирачкиот град Мосул и преминале во Сирија, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР). Ова е прва поголема група цивили за кои е потврдено дека побегнале од Мосул од почетокот на офанзивата за ослободување северниот ирачки град, наведува „Би-би-си“. Како што се проценува, во Мосул има 1,5 милиони лица и околу 5.000 милитанти. Портпаролката на канцеларијата на...

Обама: Ослободувањето на Мосул ќе биде тешка борба

Претседателот на САД, Барак Обама, оцени дека операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, ќе биде „тешка борба“. Обама проценува дека борбата ќе биде обележана и со напредување и со назадување, но истакна дека истиснувањето на Исламска држава од Мосул ќе биде уште еден чекор кон неjзиното конечно уништување. Американскиот претседател, на прес-конференцијата со италијанскиот...

Меѓународниот Црвен крст бара да се поштедат цивилите во Мосул

Меѓународниот Црвен крст денеска ги повика сите страни во борбата за ирачкиот град Мосул да ги поштедат цивилите и да дозволат ранетите да бидат евакуирани. Регионалниот директор на меѓународниот Црвен крст за Блискиот Исток, Роберт Мардини, на прес-конференција во Женева соопшти дека организацијата ги зајакнала медицинските центри, вклучувајќи и лечење на евентуални жртви на хемиско оружје. Хуманитарната агенција се надева дека...

ЕУ треба да се подготви за џихадистите од Мосул, вели еврокомесарот за безбедност

Европската Унија треба да биде подготвена за џихадистите повратници доколку Исламска држава биде истерана од своето упориште - градот Мосул во Ирак, предупредува еврокомесарот за безбедност на ЕУ, Џулијан Кинг, во интервју за германскиот весник „Велт“, пренесува „Би-би-си“. Според Кинг, дури и мал број милитанти повратници би претставувал сериозна закана, поради што Унијата мора да биде подготвена. Ирачките сили вчера почнаа...

Кај Мосул загинаа 70 ирачки војници

Во самоубиствен напад источно од Мосул загинаа најмалку 70 ирачки војници. Нападот се случил во близина на селото Билавет, во акција на ирачката војска за ослободување на Мосул, кој е под контрола на Исламска држава. Бомбашот самоубиец најверојатно е член на терористичката организација. Ирачкиот премиер Хајдер Абади во саботата соопшти дека почна операцијата за ослободување на Мосул, а во акцијата учествуваат 30.000...

Почна операција за ослободување на ирачкиот град Мосул

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади објави дека ноќеска почнала операција за ослободување на Мосул. - Дојде време за победа, а операцијата за ослободување на Мосул почна. Денеска го прогласувам почетокот на операцијата што ќе ве ослободи од насилствата и од тероризмот на Исламска држава – порача Абади во обраќањето на државната телевизиска станица „Иракија“. Мосул е последното големо упориште на ИД во...

Ирачките и курдските сили тргнаа во офанзива на Мосул

Курдските сили во Ирак вчера освоиле неколку села кај Мосул, кој се уште е под контрола на ОД и подготвуваат офанзива на ова најголемо упориште на исламските милитанти во Ирак. Офанзивата почнала во недела, со воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД. Силите на курдските борци и ирачките власти го опколиле Мосул, пред почетокот на офанзивата на овој втор по големина...

Бројот на раселени во Ирак можно е да се зголеми за уште еден милион луѓе

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска соопшти дека речиси уште еден милион луѓе во Ирак можно е да ги напуштат своите домови поради борбите со милитантите на Исламска држава (ИД), особено во градот Мосул, јавуваат светските агенции. Во Ирак веќе има околу три милиони раселени лица од почетокот на војната против ИД, која пред две години зазеде големи делови од...

ИД во Мосул ликвидирала 13 новинари

Џихадистичката организација Исламска држава погубила најмалку 13 од 48 новинари, кои ги киднапирала во Мосул, откога нејзините борци во 2014 година го зазедоа вториот најголем град во Ирак, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“. Мосул стана „гробишта на информативната слобода“, стои во документот на „Репортери без граници“ и на нејзината партнерска организација во Ирак, Опсерваторија за новинарски слободи. -...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...