fbpx
Таг: Монструм

таг: Монструм

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година. Овој случај сега го води СЈО, откако во декември минатата година Врховниот суд ги поништи пресудите од првото...

Судењето за „Монструм“ продолжува со доказната постапка

Во Кривичниот суд денеска е закажано ново рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие одговараа на прашања од судечкиот совет, од СЈО и од адвокатите на одбраната. На првиот од...

Судењето за „Монструм“ ќе продолжи на 25 јуни со доказна постапка

Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи на 25 јуни, откако на денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро каде што се случи петкратното убиство. Претседателот на Судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека следното рочиште ќе продолжи со доказна постапка. Сведоците одговараа на прашања од судечкиот совет, од...

Нови рочишта за „Монструм“ и „Тарифа“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Монструм“ и „Тарифа“. Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, треба да продолжи со репродуцирање на снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири дадена пред јавен обвинител. Во пишаниот записник, Азири, кој...

Хаки Азири рече дека притисок му вршел Љупчо Тодоровски – Радникот

Обвинетиот Хаки Азири во продолжението на судењето за „Монструм“, откако специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на својот телефон му покажа фотографија од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски - Радникот, рече дека тоа е инспекторот што му вршел притисок и му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па мора да застане зад изјавата што му...

Азири, обвинетиот во „Монструм“ тврди дека бил тепан за да го признае делото

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири, кој првично бил загрозен сведок, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 раскажа како на први мај 2012 година бил брутално апсен, тепан, плашен, носен по полициски станици низ Македонија, но и во МВР, присилуван да признае дека помогнал тероризам, поради што и на крајот пред истражен судија дал изјава под притисок на...

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кои се изјаснија дека не...

По три часа исказ на Фејзи Азири прекинато рочиштето за „Монструм“

По тричасовниот исказ на обвинетиот Фејзи Азири судот го прекина денешното прво рочиште од повторениот судски процес за случајот „Монструм". Пред Азири, исказ даде Агим Исмаиловиќ, кој рече дека неговиот брат Африм Исмаиловиќ е во Косово. - Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку Вибер - рече тој. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде...

Фетаи го прочита старото обвинение за „Монструм“ и ги расплака роднините на убиените

Со читање на старото обвинение за „Монструм“ почна повторениот судски процес за петкратното убиство кај Смилковскo Езеро. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека за овој случај ќе бидат приложени нови докази. Деталите од обвинението, меѓу кои е и начинот на кој биле убиени четирите момчиња и рибарот, ги расплакаа роднините на убиените, кои седат во последниот ред во големата судница во Кривичниот...

Денеска рочишта за „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“ ќе се одржат денеска во Основен суд Скопје 1. На обновеното судење за „Монструм“ денеска ќе седнат сите освен двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Првичните пресуди против обвинетите беа укинати во декември минатата година од Врховниот суд,...

Протест за случајот „Монструм“ пред Кривичен суд

Стотина граѓани побараа правда за случајот „Монструм”, односно затворање на убијците на момчињата кај Смилковското Езеро, на денешниот протест пред Кривичниот суд во Скопје. Со транспаренти „Колку субвенции земаа монструмите” и „Спиеш ли мирно, Заев?” демонстрантите побараа конечно да се разреши случајот „Монструм” и убијците на момчињата кај Смилковското Езеро да завршат в затвор. Претходно родителите на убиените момчиња рекоа дека...

Заев за „Монструм“: Немав право да објавам податоци, но ги покажав на родител кој изгубил дете

Во прислушуваните материјали имаше сериозни индиции за случајот „Монструм“ и јас сите материјали ги предадов во СЈО, рече премиерот Зоран Заев во Собранието како одговор на прашање од пратеникот Зоран Илиевски кој го праша дали чувствува морална одговорност што ги манипулирал родителите на загинатите деца. - Правото и правната држава се подобрени во државата. Во овие 10 месеци немало договарање пресуди,...

Владата потврди дека Димитров и Коѕиас ќе се сретнат до крајот на месецов

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски потврди дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, но дека точниот датум се уште не е утврден. – До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден меѓу министрите за надворешни работи....

Само што почна, рочиштето за „Монструм“ се одложи за 15 мај

Рочиштето за случајот „Монструм“ е одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија. Денешното рочиште, кое беше прво откако СЈО го презеде предметот, беше прекинато на самиот почеток, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи. Таа истакна дека несериозно е, отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница,...

Денеска почна рочиштето за „Монструм“, прво откако предметот е под СЈО

Денеска во Кривичен суд почна рочиштето за случајот „Монструм“, прво откако овој предмет го презеде Специјалното јавно обвинителство. Во судницата се присутни обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен Фејзи Азири кој е хоспитализиран на пулмологија и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на петмината убиени кај...

СЈО го презеде случајот „Монструм“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во одговорите на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа објавени три нови случаи, рече дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година. - Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се...

СЈО истражува дали парите се одлеале во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги рече дека СЈО криминал во повеќе европски земји. - Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија - рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија Во изјава за медиумите, Јанева рече дека СЈО...

Судењето за „Монструм“ одложено за 14 март, останува обвинението за „тероризам“

Обвинителот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Наум Пановски, на почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, истакна оти останува на првичниот обвинителен акт од пред пет години, односно дека шестмината обвинети сториле кривично дело тероризам. Сепак, денешното рочиште за случајот „Монструм“ се одложи за 14 март, бидејќи Пановски во судницата прочита...

Судењето за „Монструм“ почнува од почеток

Во Основен суд Скопје 1 денеска почнува повторното судење за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај...

Новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро почнува на 12 февруари

На 12 февруари во Кривичниот суд е закажан почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро, за кое се обвинети шест лица. Судењето за случајот „Монструм“ ќе го води судијата Огнен Ставрев, а процесот стартува од почеток откако Врховниот суд на барање на Вишото јавно обвинителство ги укина пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд со кои...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според првичните извештаи, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа...