среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МОН | 615 резултати

Студентскиот дом „Пелагонија“ пред колапс: Нема топла вода, лифтови, ниту директор

ноември 18, 2024

Низа проблеми го отежнуваат животот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Недостаток на топла вода, нефункционални лифтови, стаорци во тоалетите, протечени ѕидови и намален квалитет на храната, се само дел од предизвиците со кои се соочуваат станарите во овој јавно-приватен студентски дом. Објектот речиси еден месец функционира без директор, откако последниот си дал оставка во […]

[Интервју] Александар Николовски: Да престанат коруптивните практики кај одредени универзитетски професори

ноември 17, 2024

Задолжителното купување на оригинални книги како услов за полагање на предметот или добивање дополнителни поени е најчестата коруптивна практика која ја применуваат дел од универзитетските професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ако професорите не престанат со ваквото делување во претстојниот период, ќе ги објавиме со име и презиме, вели во интервју […]

Законските измени за основно и средно оставаат простор за дискриминација, предупредуваат експертите

ноември 15, 2024

Од Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), минатата недела преку писмена реакција изразија загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование, кои според нив, ќе значат назадување, наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес. Како што оттаму наведуваат, во предлог-законите за основно и средно образование, […]

Почна исплатата на продолжените ученички стипендии

ноември 9, 2024

Во четвртокот започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години, а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Од таму велат дека до крајот на следната недела, сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за […]

Во тек е нов повик за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

ноември 4, 2024

Во тек е нов повик за остварување на правото на субвенциониран оброк за оние студенти кои не успеале да го остварат ова право на претходните повици. Аплицирањето трае до утре, 5 ноември. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни […]

МОН го објави конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година

ноември 1, 2024

Oбјавен е конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Од Министерството за образование и наука информираат дека аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е до 15 ноември. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените […]

Јаневска: Медиумската писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите

октомври 30, 2024

Медиумската писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција. Ова го истакна министерката за образование и […]

Конкурсот за стипендии на редовни студенти Роми е отворен до петок

октомври 30, 2024

До петок трае конкурсот на Министерството за образование и наука (МОН) за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните факултети во земјава. Со конкурсот ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Студентите треба да ги исполнуваат условите: да се припадници на ромската етничка заедница, да се македонски […]

МОН: Сегрегацијата и дискриминацијата во училиштата се забранети и казниви

октомври 25, 2024

Сегрегирање, дискриминација или која било друга форма на отфрлање на младите од училишната заедница, е строго забрането и казниво. За ова веќе постојат одредби во Законот за основното образование, но планираме да ги зајакнеме во процесот на надградба на регулативата а и да ги отсликаме во законите за средно и за стручно образование и обука, […]

Неправедна распределба на стипендии – студентскиот правобранител бара дополнителни можности за студентите од општествените науки

октомври 22, 2024

Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и претседавачот на Националното студентско тело (НСТ) реагираат на намалувањето на бројот на стипендии за студентите од општествените науки во Конкурсот за стипендии за втор циклус. Во барањето упатено до Министерството за образование и наука (МОН), студентските претставници бараат институцијата да го преразгледа доделувањето на стипендии […]

(ГАЛЕРИЈА) Први фотографии од студентскиот „Кузман“ чија реконструкција е во тек

октомври 15, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денеска до медиумите ги сподели првите фотографии од внатрешноста на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, чија реконструкција е во тек. На фотографиите може да се забележат дел од собите, тоалетите и инвентарот. Во меѓувреме, министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека активностите за етапна реконструкција на […]

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

октомври 4, 2024

Сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, потребно е да аплицираат на повикот на Министерството за образование и наука (МОН). Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“. Корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан следен семестар, […]

Започна исплатата на субвенциониран оброк, студентите што не аплицирале можат да го сторат тоа до сабота

октомври 1, 2024

Од денеска, 1 октомври, започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за студентите кои го оствариле ова право на првиот повик кој беше објавен во август. Субвенционираниот студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари дневно наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои […]

Објавени се листите со примени бруцоши во студентските домови

септември 26, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) вечерва ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година. Вселувањето во домовите започнува веќе од утре, петок, 27 септември. Оние студенти што не се задоволни од резултатите […]

Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан

септември 20, 2024

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, изјави дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја […]

Отворени се апликациите за Чивнинг стипендиите на Владата на Обединетото Кралство

септември 19, 2024

Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се официјално отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година. Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации на chevening.org/apply, потсетуваат од Министерството за образование и наука. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и […]

Јаневска: Поради иселувањето има вишок наставници

септември 11, 2024

Владата во предизборната програма направи стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес, рече во одговор на новинарско прашање министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, со масовното иселување од државата се појавил т.н. вишок на наставници, за кои министерката смета дека треба да бидат […]

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

септември 6, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за учебната 2024/2025 година. Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е од 10 до […]

Децата со посебни образовни потреби ги бараат своите асистенти, министерката ја префрла вината на директорите

септември 6, 2024

Пет дена откако започна учебната година, децата со посебни образовни потреби сè уште не можат да посетуваат настава бидејќи немаат образовни асистенти. Родителите на овие ученици тврдат дека нивните деца си ги бараат своите асистенти и е многу важно тие да не се менуваат често. Од друга страна, министерката за образование Весна Јаневска посочува оти […]

Јаневска: Од 17.000 ученици во генерација, 12.000 се запишале во средно стручно училиште

септември 5, 2024

Бројот на ученици запишани во средните стручни училишта од година во година расте. Годинава, по трите уписни рока, во средните стручни училишта се запишале речиси 12 илјади ученици од генерацијата која број околу 17 илјади, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа денеска, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и Антони Пешев, […]

Страна 3 од 31